Да да секоја општина си има посебна политика, на пример К. Вода дава 5.000, Аеродром 8.000 мислам итн.. а има некои што не даваат нажалост
Поднесов документи во социјално, на мм му дале ливче едно. Што сега? Да ги чекам парите на сметка или има уште процедури?
Да не ширам дезинформации зошто не сум сигурна ама мислам дека некаде прочитав 60.000 денари И на мајка ми и дале некое ливче ама и рекле дека не треба ништо туку дека за месец (ипол) да чекам пари на сметка
Доколку имаше однесено копија од трансакциска ќе ги чекаш на сметка само, мене после месец и 1недела ми ги префрлија.
Здраво , Доколку може некој да ми ја објасни процедурата за вадење парична помош за новороденче како и што документи и пошто сум од Чаир каде треба да се упатам . И дали некој знае дали општина Чаир дава парична помош за новороденче ? Благодарам однапред
Исплаќа само ако не надминуваат платите вкупно на двајцата родители повеќе од 30 000 ако надминува ништо не добиваш
Дали некој вадел сега скоро потврда за жителство? Каде се вади и кои документи се потребни? Дали се чека за издавање или одма се подига?
Каде се вади потврда за жителство? Читав негде на форумов дека кај што се вадат изводи стара комерцијална ама нели не работат моментално?
Ауу а мене тек вчера ми стигнаа од социјално а од општина уште чекам.. јас по тебе се водам една или две недели после тебе поднесов па така и ми исплатија Баш ќе видам од општина колку ќе пуштат
Ајде уште малку и тие ќе ти ги пуштат. Јас само проверував, прво од општина ги очекував, ме изненадија од социјално.