Devojki a kade podnesuvate za od opstina a kade za od grad skopje sto davaat pari?? Nie prasavme vo opstina i ni rekoa deka toa od opstina i od grad skopje bilo edno isto, deka dva pati pari ne davale, a eve tuka sto citam pisuvate deka od dve mesta vi isplakjaat paricni sredstva.
Ајде да ве прашам каде се вади потврда за жителство и дали можам сега да го спобркам тоа да не биде коа ќе се породам? И дали за извод за бебе треба двајцата родители или може и мажот само
Тоа нели е многу, има врска во која општина си или не, дека на ниво на држава дали од едно место идат исплатите?
Како се друго во државава, да се нема некој ред. Тука во темава имаа пишано број од социјалното, да земете да им звоните да си прашате баш за да не се малтретирате да одите до таму пак
Дали некоја од вас има поднесено во социјално за второ детили третое во скоро време? Бидејќи имам информација дека не ги даваат тие 20 000 односно 60 000 денари.
Ние поднесовме почеток на јули. Се јавував неколку пати, со таа што контактирав кај нејзе нашите документи ги немаше, ми кажа кај колешката нејзина се, а таа одеше еднаш неделно на работа ослободена била со мерките. Пари сеуште немаме земено. Така да мислам затоа некој има земено за месец дена, некој ни после 3 месеци сеуште нема земено.