Dali znaete osven dokumentive sto se podneseni za ednokratna paricna pomos za vtoro dete treba da se podnesuva nesto vo banka ili ne, i dali davaa opstina cair nesto ili samo 20.000 preku socijalno
Од прилика после колку време откако ќе се поднесат документите исплаќат еднократна помош за новороденче?
Јас уште чекам од социјално, 2 месеци поминаа, после празниците планирам да пратам маж да провери на шалтер...
Од општина или социјално? Од општина добив после еден месец, од социјално поднесов средина на февруари ама сами ми кажаа дека исплата нема да имам во февруари,евентуално март, ама пари добив почеток на април после месец и пол
@Bicka77 Јас подадов документи некаде средината на Март, ми стигна после 2 недели писмо со решение од социјалното, но исплата сеуште нема....нема ни породилно, после празниците ќе чекаме @doubleinfinity од социјалното, од општина и кај мене стигнаа за неколку дена.
Епа јас подадов некаде околу 20ти февруари а исплата имав околу 5ти април...незнам дали има врска Скопје и другите градови
Најверојатно како што кажуват членките погоре тие што сме подале документи Март и Април ќе ни исплатат во Мај, не ми се верува да игра улога по градови, ама како ги чекам да знаеш, барем породилно да ми исплатеа....
За социјално 3 месеци, а во општина кај нас беше 30дена, незнам дали за сите општини е ист рокот, ако има некоја членка од Кисела Вода да каже конкретно за таму.
За Скопје кај се поднесуваат документите за еднократна парична помош од социјално, во општина? И ве читам дека даваат нешто и од општините, да не знаете за Гази Баба нешто да не даваат?
Социјалното е во склоп на општина Гази Баба. Ние пред месец некаде поднесовме. На мм му рекле дека општината не дава ништо. Значи само тие пари од социјалното се. Ако некој добил и од општината значи погрешно го информирале.
Јас поднесов денес и таму ми кажаа исплата да очекувам за 2 месеци, околу 5ти/6ти во месецот биле исплатите. Значи јас јули да чекам, ај баш ќе видиме.