Да знаете дека може и мажот да поднесе ако се води ба различна адреса од жената, еве ние во аеродром поднесовме и не исплатија 8000
Здраво ме интересира што документи требаат за во општина(конкретно Аеродром ако знае некој) за прво дете? и од град Скопје кај се поднесува? Кај виолина или ?? и што документи се потребни за тамо?
Дали може да направат проблем ако сите се водиме на различна адреса? Јас сум на една, таткото на друга здравје бебето на трета ќе треба да го пишеме. Јас и бебето во иста општина ќе се водиме, дали таму треба да поднесеме или може во градот каде што се води таткото по лк? И каде може да се провери во која општина колку се исплаќа за првородено дете?
Ова мислам дека не важи за сите општини, во некои бараат двајцата родители да се од иста општина. А во некои општини воопшто не даваат.
У некои општини бараат и мајката и таткото да се на иста адреса. Обично се води бебето по адреса на мајката. Најдобро да си прашате во општина
Немам поима, само споделив што пишале. Јас не сум ни поднела, уште немаме извод за синко Мм као завршил работа да не оди за Ск лично и да му го пратат овде изводот, но нешто се загубило И сега сеуште бебево нема извод. А на 04.03 ќе го вакцинираме. Остана синко мој без извод и ембг, така ми стои работата
Да, и ние следната недела на вакцина. Ама маж ми беше лично за извод. Не знам, јави им се пак да пратат.
Копија од лична карта и трансакциска, барање од општината и копија од извод на бебето. Потврдата за степен на бременост мене ми ја вратија не требало.
Во кое социјално поднесовте? Во К. Вода им давале/барале некој документ за во банка. Ако сте таму прашајте пак во бараките или на тел ако ви се јават.
Ај баш пиши ми што ќе ти кажат, јас сум Кисела Вода а контакт телефон никаде не можам да најдам, а ако случајно знаеш контакт телефон за Кисела Вода пиши ми
Здраво да ве прашам дали добивте пари за второ дете од социјално? Мене ми рекоа 20 000 денари и ќе исплатат во февруари. На 21 јануари поднесов документи. Сега ве читам и извод од првото дете. Носев јас ама ми рекоа дека не треба