И покрај името на диетата, вие можете да ја применувате во секое време во годината. Прво одберете датум по три месеци кога ќе биде крајот на вашата диета и прифатете го овој датум како убав ден кон кој се стремите. Прва недела Тоа е всушност вовед. Задолжителен е појадок од 250 гр јогурт со една шена мусли и лажица мед. Во текот на денот може да јадете салати и овошје, но избегнувајте ги бабаните и компирите. Можете да пиете кафе со шеќер, но препорачливо е да го пиете со мед или засладувачки таблети. Пијте вода во колку што е можно поголеми количини, но не избегнувајте физички активности. Втора недела Организмот веќе треба да е привикнат на состојбата на диета но ако сеуште ви е тешко и сакате да симнете повеќе килограми повторете го истото но само уште една недела. За останатите - појадокот останува ист, мусли јогурт и мед. Покрај салата и овошје, сега веќе можете да си дозволите и месо ( по можност стек или печено во рерна ), но не претерувајте. Од третата недела до крајот на третиор месец Без разлика дали чувствувате глад или не, појадокот е задолжителен - муслу со јогурт и мед. Во зависност од вашите портреби, организмот ќе побара и различни производи, задоволете го, но не претерувајте со ништо. Можете да јадете наизменично - една недела на месо, друга недела на ориз, па на млечни производи. Исклучете го белиот леб, тестенините, компирите, бананите, пржената храна и слатките прозиводи. Ако не можете без благо - земете една лажица мед или црно чоколадо, но не повеќе од еднаш во неделата. Исхраната е здрава и ако се навикнете може едноставно да ви остане како нормален начин на искрана. Слабеењето е релативно бавно, но трајно и без создавање на стрии и други непријатни последици. Во првата недела се губат до 4 килограми.Заедно првата и втората недела околу 7 килограми (14 дена 7 килограми).Заедно трите недели околу 10 килограми (21 ден 1о килограми)
Ако се губат толку килограми колку што викаш слабеењево не е бавно. Малку строго ми изгледа, ама кој да знае ... Ти ја имаш држено или ја најде негде и ја пиша???
Бавно во споредба што има диети за 7 дена 7 килограми затоа бавно.Ја имам држено не е строга ама само една недела и ослабев 3 килограми толку ми требаше тогаш а едно чупе ја држеше цела и ослабе 10 килограми сега зависи некој ослабуваат и до 15 килограми битно од 10 до 15 подолу оид 10 не.Не е строга првио ден можи така строга да ти биди тешко ама после се навикнуваш и се е лесно дури и напишаното нема да ти се јади
I jas od utre ja pocnuvam,se nadevam nema daa se pokaam ... po volku objasnuvanje i kako sto zabelezuvam dietata ne e mnogu stroga i se nemaa dadeno sto tocno treba da jades..nautro ke trcam na stadion a potoa ke dojdam doma i ke pojaduvam musli itn itn,wish me luck too
Јас ако што гледам диетава не е нешто специфична, не е онаква диета две јајца, парче двопек и шоља чај. Реално и со внимавање на обичната храна а не јадење на овие наведени намирници ќе си ослабите, ама нема да имате грижа на совест ако каснете нешто што не ви е во диетата. Мислам дека не е некој режим, а тоа се доста малку килограми за толку денови, споредете ја со УН диетатата, таму се губат повеќе килограми за истиот период, јас познавам девојка со - 35. И уште нешто, како што прочитав во првата недела не е препорачан ручек, мислам дека не е во ред тоа, треба сите оброци да ги има, но во граници на нормала. Диетата не е гладување на се разбереме, диетата е начин на исхрана, режим. Мислам дека диетава не нешто посебно, со среќа на тие што сте ја почнале, и алал да ви е на тие што сте ја завршиле, но 10 кила за три месеци се премногу малку.