Јас имав околу 83 килограми.Па си направив список на јадења кој ќе ви го прикажам.И неверојатно!За 1 недела ослабев 8 и неколку килограми. (оваа диета е без леб и други пецива) 1ден. Појадок - Зелен чај или кафе,салата од ротквици,марула,домати и рузмарин со јаболков оцет. Ручек - Свеж сок од јаболка,морков и лимон,риба на жар. Вечера - Чај од нане,говетска супа. 2ден. Појадок - Зелен чај или кафе,овошје (по ваш избор) Ручек - Свеж сок (од ваш избор на овошје и зеленчук),2 варени јајца,салата од спанаќ и варени компири. Вечера - Млеко,варен зеленчук (по ваш избор) 3ден. Појадок - Кафе,макарони (варени или печени) со јогурт. Ручек - Сок од портокали,лимон,цитрон и малку јаболка,варено месо (по ваш избор) со салата од зелка и млад кромид. Вечера - Мешан чај,пире со пржено јајце. 4ден. Појадок - Кафе или зелен чај,салата од домати,лути пиперчиња,краставички и зелка. Ручек - Чај или сок од зеленчук,печено месо (по ваш избор). Вечера - Млеко со бисквити и какао. 5ден. Појадок - Зелен чај или кафе,салата од ротквици,марула,домати и рузмарин со јаболков оцет. Ручек - Свеж сок од јаболка,морков и лимон,риба на жар. Вечера - Чај од нане,говетска супа. 6ден. Појадок - Зелен чај или кафе,овошје (по ваш избор) Ручек - Свеж сок (од ваш избор на овошје и зеленчук),2 варени јајца,салата од спанаќ и варени компири. Вечера - Млеко,варен зеленчук (по ваш избор) 7ден. Појадок - Кафе,макарони (варени или печени) со јогурт. Ручек - Сок од портокали,лимон,цитрон и малку јаболка,варено месо (по ваш избор) со салата од зелка и млад кромид. Вечера - Мешан чај,пире со пржено јајце. па девојки мене ми успеа .. обидете се и вие!
Не знам колку е здраво за една недела да се изгубат 8 килограми... Секаде каде што имам читано е препорачливо по 1килограм неделно.. :geek:
Јас сакам малку да се детоксифицирам, па ќе удрам на едно неделно пасење трева (јадење салати де). До сега помина пола ден и добро ми е. Е лошото е што четири дена од вкупно седумте што ги планирам сум по семинари, па нема да имам можност да грицкам моркови и краставици и да пасам марула како денес, туку ќе имам сервиран оброк пред мене, и ќе треба да му кажам не.
па добро ќе е да му кажеш не ! ако е некоја салатичка или некое варено мевце .. не му стој ... кркни го
Абе точно е,еден кг една недела,ама овие инстант диетите се супер за оние кои брзо губат воља,а диетите на долги стази им се незамисливи...ама главен услов е да внимаваат како се хранат после диетата затоа што дупло ќе си вратат.
Супер диета, се спремам да ја пробам, само имам едно прашање... Што потоа можам да јадам, мислам како да комбинирам здрава храна, затоа што знам дека ако не внимавам лесно можам да ги вратам килограмите назад, ве молам упатете ме
прво ти ослаби си кажи ни ги резултатите и ќе ти кажеме што да правиш .. инаку јас ослабев и право на благо обрнав
Па да точно е дека после тоа можеш многу лесно да ги вратеш,и јас така еднаш ослабнав 6-7 кг па бидејки не внимавав пак си ги вратив.После диетата ке мораш да внимаваш,ке јадеш повеке здрава храна,значи салата леб и благо ке избегнуваш,тоа сите го знаеме нели И пржена храна исто така ке гледаш ретко да јадеш или воопшто не јади барем некој период. Инаку бидејки сама членката си ја направила диетата не мора строго да се придржуваш до неа,може да ти биде отприлика само како план,а можеш да си заменеш некои работи,ако не ти се допагаат не мора да ги јадеш Всушност треба да се смени начинот на исхрана на долги стази а џабе е само ако држеш диета,па после не внимаваш воопшто.Како јас порано се си велев да ја издржам диетата па одма си купувам 200 грамска милка И јас сум моментално на диета,не на некоја конкретно туку јадам малку и само здрава храна. Засега има резултат некое килце па се надевам дека ке бидам истрајна овој пат,и ке го решам тој проблем
аман .. што бидна со вас ? ослабнавте ли со мојава диета или не? ајде кажувајте резултати ... (очекувам позитивни )
Aj kazi nekoja dieta za tie sto se na rabota po 8h i imaat samo mala pauza za dorucek ??? I nemoj samo "spremi si nautro pa si ponesi za na rabota" )). Kogo prvo da spremam, deteto za vo gradinka, da si go ispijam kafeto, jas da se spremam... Ustavri ludje sto jadete na rabota za dorucek??? zdrava hrana????? sto???
јас сум студент и баш и немам многу време за појадок .. па некогаш јадам некогаш не .. појадокот ми е обично некоја кифла .. или со мармелад,или со сирење или месо,или со еурокрем .. ако е со сирење или месо обавезно си купувам јогурт тоа ми е мене појадокот па и немора појадок ... по работата ручек и вечера и некоја ужинка и толку ..
И мене ме мачи јадењето на работа. Некогаш јадам житарки со млеко, некогаш се трудам да јадам сендвичи со салата некоја, ама често ми се случува да купам некој бурек, лиснато тесто и слично. Повремено купувам салата, и после 2 саати пак ми се јаде . Сакам да си носам од дома, ама ретко ми успева да спремам нешто пред работа.
Да, во право си за оние кои работат по минимум 8 часа-треба челична волја и мнооогу работа за да не ти текне на јадење)) Инаку, јас лично се хранам доста здраво, единствено грешам со слатките-не можам без нив. Значи тотално избегнувам леб и пецива (јадам само полнозрнест леб и секогаш во фрижидер го имам оној најцрниот влажникав германски леб), јадам салати кога треба да се јаде надвор, многу често на работа си носам јогуртчиња (сенсиа, активиа и сл.) кои ги комбинирам со мелено ленено семе (ОДЛИЧНА комбинација за мрзливи црева), исто и овошни јогуртчиња, а најчесто појадувам житарици со соино млеко. Избегнувам кафе (пијам само со друштво во кафич), пијам секој ден на работа зелен чај со мед (со него понекогаш го залажувам стомакот) и исто така јадам многу често риба (лосос и туна) - имало периоди кога секој ден јадам риба (ако се земе во предвид дека порано не можев со очи да видам риба, за сите вас кои не ја преферирате, има надеж)))
Тие што работите во централно градско подрачје,Дивино е спасот за вас во врска со диетите...што ви душа сака за евтини пари,ем здраво,ем квалитетно,ем (не баш,ама така нешто)домашно...
e ne se site od Sk. i ne rabotat vo centar... kako i da e, sekoe utro mi e " sto ke se jade denes" ? Sakam da e zdravo i niskokaloricno
Јогурт и житарици. Јас сабајле пред да излезам од дома пијам овошен сок свежо изцеден од портокал,морков,цвекло,лимон и јаболки. Потоа до кај 2 сум на факултет и таму само јогурт пијам. Кога ќе си дојдам дома ќе јадам прво салата па после јадењето. Порано на факс нон стоп јадев сендвичи или лиснато тесто, ама сега само јогурт. И стварно заситува. Така и ти можеш на работа да пиеш јогурт и чаеви.
Затоа и потенцирав де,знам дека не се... Него... Како да слабеете и потоа да ја зачувате посакуваната тежина? Сакате да ослабете и да останете на таа тежина? Најдобар начин за тоа е килограмите да ги симнете брзо, не бавно, објавуваат научниците по едно нови истражување. Научниците од Универзитетот од Флорида, кои ја проучувале врската меѓу стапката на почетниот успех на губење на килограми и севкупните долгорочни резултати, открија дека брзото симнување на килограмите е најдобар начин да се постигне траен резултат. - Жените кои брзо слабеат, повеќе од 0,68 килограми неделно, многу подолго ја задржуваат посакуваната тежина, отколку жените кои побавно слабеат, помалку од 0,23 килограми неделно, изјави истражувачот Лиса Накерс, чија студија беше онлајн објавена од страна на International Journal of Behavioural Medicine. Жените кои слабеат брзо исто така во иднина јадат многу поздрава храна, отколку оние кои слабеат бавно. Околу две – третини од возрасните американци и секое трето дете има зголемена телесна тежина. Резултатите од истражувањето според научниците треба да помогнат да се пронајде најдобриот метод за зачувување на здравјето. - Резултатите покажаа дека брзото симнување на килограмите е долгорочно решение, бидејќи така луѓето ја задржуваат посакуваната тежина на подолг период. преземено од идивиди Ееееее за ова зборував претходно...их што сум бе...ко пророчица Клеопатра сум хахахаха.....