Градинката нека си тера, треба да имаат и активности кои не им се по "мерка", што порано го сварат овс полесно ќе им биде. Син ми сево ова, пкус знае да чита ко возрасен, свири и пее точно од три години, си одеше во градинка пред запишување во училиште. Со плачки, посебно во период од 4,5-5 до 6 ама тоа е некој развоен период кога сакаат да влијаат на двоето секојдневие и изборот на активности. Ако попуштевме да идеме само по неговите желби и потреби мислам дека немаше да научи вештини како прилагодливост, резилиентност, благодарност и др.. и ќе очекува секогаш сѐ да биде прилагодено според него. Многу ќе се разочара кога нема да биде како што сака во моментот
Здраво Мајки. Дали имате искуство со Kidzz едукативенот центар за деца, од аспект на дневен престој пред и по училиште? Син ми ке биде прваче од Септември, па ги разгледуваме опциите - целодневен престој во училиште или класична настава во комбинација со едукативен центар.
Здраво. Гледам темава не е активна од лани се надевам ќе добијам некој одговор/совет. Во Охрид стартува едукативна школа од 4г до 14г Samrty Kids. Синко е 5г па сакам да го пуштам малку пред да тргне на школо, дали имате искуство?
Колку време траат програмите? На тел ми рекоа инидивидуално е, ама часовите се групни, па претпоставувам има определено очекување во колкаво времетраење се совладува нивото: месец-два/ полугодие?
Ако добро се сеќвам од септември, завршуваа мај или како школска година. Бар мојот толку одеше, после тоа лето, па почна прваче и прекина зошто многу ќе му дојдеше. Часовите како што пишав по 2-2,5 часа еднаш неделно (таква беше групата на моево). Тоа што ми се дошаѓаше е ако пропуштеше час, обавезно даваа термин за обработка на пропуштеното. Е сега ова беше пред 2 години, незнам дали нешто смениле во меѓувреме.
Дали некоја праќа дете во IQUP? Програмата за 3 до 5 или како и да е? Цена да знаете, и дали за вреди дете од 3 години?
И што прават 3 год деца на ај кју ап? Гледам и кај нас ги запишуваат на 3 ипол год возраст. Јас искрено поима немам што е тоа . @JoyJoy мислам ти можеш подетално да објасниш. Ако имаш време те молам дади мислење дали "треба" да го запишам детето таму. 3 ипол години е моето
Неодамна бев на предавање на еден реномиран едукатор во поле на воспитување на децата. Го опфати и овој дел со едукативни центри за мали деца. Сакаме да ги направиме напредни и идни научници и генијалци но овие деца моториката ја немаат совладано. Растеме деца без гребаници на колената. Што тоа значи,? Не ги пуштаме да трчаат. На 3 год. Нека игра надвор, нека трча , нека фаќа топка, нека прави колачи од кал. Не му требаат научни активности, не си ги трошите парите на нешто што е достапно и ефтино, а тоа е играта.
@Bubce38 јас како психолог сум учела дека дете на 3 години треба да биде што е можно повеќе ангажирано во слободна или структурирана игра. Слободна игра е да си игра со што сака, а структурирана е на пример играње на улоги, работење со пластелин и слично. За таавозраст е најбитно истраѓување на светот и развој на фина и груба моторика. Најдобри активности се кашување по дрвја, совладување препреки, игри со топки, пластелини, песок и слично. Со оглед на тоа дека детето ти оди во градинка и таму има структура се после градинка треба да е солободна игра, односно трчање низ двор, заработување гребаници на колена, паѓање и станување, играње фудбал со деца во маало или двор и слични ми ти работи со кои ние растевме. Поголема структура им ја гуши креативноста, љубопитноста и истражувачкиот дух. На таа визраст не знам што прават зашто вниманието не треба да им е подолго од 10 минути на активност. Моето дете освен во градинка додека не појде на школо на ништо друго не одеше (нити на спорт што е најмодерното нешто во земјава во денешно време). Само градинка и парк се до школо.
Готово се предомислив. Ова дека зимо иде, и мислев некоја занимација да и најдам. Ама ете на танцување се пишавме.
Фала ти. Господ да те поживее вика маж ми Слушам од на синко групата у градинка има интерес да ги запишат децата. Маж исто рече дур е во градинка ќе оди само у градинка и толку. Е освен што ОН планира со полни 4 да проба да го запише на атлетика. Пошто како што го гледаме опседнат е со трчање, строго спринт Ама живи здрави до на пролет Фала ти
Реално, ништо посебно. Малиот ќе оди трета год по ред. Сам сака. По мене не е ништо вау, само голема реклама. Имаат учебници со Биби и Боби. Главно експерименти и истражувања некои кои треба да ги прават. На крај на часот секогаш имаат мало ,.програмирање,, на некоја игра. Он учителката многу ја сака, па мислам и ради неа оди. За деца од 3 год никако не е според мене. Он почна од 5ипол.
2500 месечно плаќавме до јуни. Се надевам и сега ќе биде исто. Плус книгите секој септември 2500 или 3000ки. Не сум 100% сигурна.