Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Едуцирање на децата за сексуална злоупотреба

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 5 мај 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Не сум почнала со сексуална едукација (ако може така да се нарече), и знам дека треба да се почне на најсуптилен можен начин, но незнам како:x, поточно мислам дека е сеушта малечка.

    Во последно време почна да разбира но гледам дека сеуште погрешно ги сфаќа некои работи, па се плашам дека било каков муабет за интимните делови ќе побуди интерес, ама погрешен.

    Ја следам дека дури сега (4+ години) почна да се идентификува како девојче по основните обележја: долга коса, фустанче, венче за коса....(тие биле женски, машките не носеле такви работи).
    Мислам дека сеуште нема укапирано дека има разлика во полови а со тоа и полови органи.

    Но, мислам дека после 5,5 години веќе е време за таков муабет.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти бе?
    Не е рано.
    Ќерка ми на 2 години знаеше дека мажите и жените имаат различни полови органи.
    Не памтам како и' кажав прв пат, ама памтам дека од почеток и беше интересно да вели 'пи*е' и 'ку*е' оти луѓето и' викаа: Неее! Срамота е!
     
    На cavalli и gjoker4e им се допаѓа ова.