Поетче. Ретко среќавам мили машки души. Обично сите сакаат да се покажат во мачо светло, додека Ед нежно доловува големина. Големина на поет, човек, фантазер.. Приспивни песнички, мелемни за душа, навистина. Посебно момче, несомнено.
Душа А и спотчево е прекрасно, и текстов, и се‘. Спојлер: Зад завесите. Еве како се снимал. Леле бре текстовиве Кога го слушам се чувствувам како составена од ѕвездена прашина, ми ја дрма душата, во еден момент толку се збунив што почнав мислењево на дијалект да го пишувам
Во песнава се заљубив искрено, на repeat ми е по цели денови. А и тој спотот, каква слатка душичка бил Ед како мал.
Не го слушам многу, всушност скоро и дознав за него. Омилена ми е Tinking out loud, убава балада со позитивен текст а и спотот е добар.
Што друго да кажам освен дека го обожавам? Милина му е гласот, песните, текстовите, милина за душа... во какво било расположение да го слушаш, секоја негова песна успева да разнежни. Оваа ми е омилена дефинитивно, абе се распекмезувам буквално ко ја слушам А видеово... мислам дека по adorable спот не постои од овој!
Најдобар вокал на денешницата. Сите песни му се прекрасни. Гласот преубав,тој е пресладок, скромен , down to earth.
Дoлгo време јa среќaвaв негoвaтa "Thinking Out Loud" и не ми текнувaше дa јa слушнaм. Прв пaт слушнaв песнa oд негo кoгa испaднa "Shape Of You", иaкo музикaтa ептен ме пoтсеќa нa "Cheap Thrills" бaрем нa пoчетoкoт. Инaку, сегa oмиленa ми е "Perfect". Преубaвa песнa е и убaвo пее. Текстoвите не му се лoши. Плaнирaм дa ги ислушaм сите песни oд нoвиoв aлбум.
Мене човеков ми е срце! Го обожавам, мислам дека нема помила личност од него. Како појава е таков, да земеш и да го гушкаш! Текстовите му се неверојатни! Се гледа дека вложува ептен душа во нив, толку ми се емотивни и допираат до мене. Колку пати имам плачено ко дете на негови песни, со тоа се докажува квалитетот, штом почувствуваш длабоки емоции од музиката Mу се лутам што му ја даде Love yourself на Justin Инаку јас прв пат го слушнав со А team на мои 16 години, песната ми остави огромен впечаток, посебно сторијата што го инспирирала, ги ислушав сите издадени песни тогаш и еве 5 години ми е љубов. Новиов албум мал милион пати го преслушав, опседната е мал збор за да се опишам. Препрепредобар! Фаворити ми се Save myself & Supermarket flowers, али реално гледано сите песни ги сакам и ги знам на памет
Јас многу повеќе го почитувам отколку што го сакам како пејач бидејќи не ми се допаѓаат многу неговите песни но ми се допаѓа тоа што славата не му има удрено во глава. Талентиран е и скромен, секоја чест.
Мислам дека нема песна негова која не ја знам Секоја наредна ми е поубава од претходната иако кога ќе има нова песна викам е оваа ќе биде хит,моја омилена и оп ќе изненади со нешто поубаво. Толку мила,романтична,мека душа што би го омекнал и најтврдиот човек. Не знам некој што не знае барем две-три од неговите песни.
Многу талентиран пејач и секоја песна изобилува со некоја емоција. Перфект ми е совршена песна, најубавата балада. Му стојат балади и некои песни, но исто така и рок песни. Кога би имал концерт некаде поблиску не би го пропуштила.