1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Езел (Ezel) [2009]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mrs.Hartnett, 10 март 2011.

  1. Mrs.Hartnett

    Mrs.Hartnett Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Според мене најубавата серија. Со глумецот од Горка љубов, го обожавамммм. Еве ви исечок на англиски http://www.youtube.com/watch?v=uIw2UujwguA

    Езел (турски Ezel) е турска серија. Серијата е снимана во Кипар и во Турција. Во главните улоги се Кенан Имирзалиоглу, Чансу Дере, Јигит Озшенер и Бариш Фалај.
    Содржина

    Омер Унчар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство ,но и на тројца пријатели кои ги познава уште од детството. Но и на Ченгиз се најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот , а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот .
    По долгото останување во армијата , Омер се враќа дома воИстанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство . Меѓутоа, судбината му го смени патот – за време на неговото одсуство, неговите пријатели измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино, убивајќи еден чувар и оставајќи доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе работните и приватните кариери, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислуваше за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва,Омер е физички злоставуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз,неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо требаше итно да се оперира, а заедно со промената на лицето дојде и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен бизнисмен, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето, и еден успешен коцкар.
    По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се освети.

    Јас ја гледам на you tube има на англиски мислам до 30 епизода превод, а после ја гледам со бугарски, сега сум до 55 и стварно феноменална серија.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.230
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека е прекрасна серијата. За жал кај нас ќе ја даваат со синхронизација и ќе ја уништат нормално!!! Фала богу за интернет. Јас ја гледам на нет со српски превод.
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Мислам дека серијава се дава/ше на Алсат со албански превод.
    Инаку имам доста позитивни критики за серијава чуено.

    Оф топик
    Не ве потсерува приказнава малку на серијата Manana es para siempre (Љубовта е вечна) што се емитува на Сител3 ?
    Слично се случува во двете серии и во Езел и во Љубовта е вечна, главниот глумец после долги години се враќа со променет идентитет и со желба за одмазда.
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Не. Серијата е базирана на книгата за Монтекристо, а кај нас се даваа две серии со таа содржина - Монтекристо и Љубов и одмазда на Скај Нет телевизија и двете серии.
    Моментално уште се дава Монтекристо на Скај Нет.
    А што е убавото во оваа серија, мене ме потсеќа на Долина на волците
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Брат ми слегна неколку епизоди од интернет, ама јас не успеав да го гледам.
    Ама, моите нешто многу го фалат.
    Дури кога кажаа дека ќе го дават на сител почнаа да се радуват. :D

    Не можам да коментирам се додека не го гледам, затоа ќе се воздржам од секаков коментар.
     
  6. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    серијава е сон и е многу убава
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Oваа дечко ми на нет цела ја изгледа, а тој ич не е по серии, а камо ли турски :D Tака да, ќе ја гледам, имам слушнато дека е ептен убава, а и овој актеров е :wasntme: убав :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    484
    оваа серија ке ја даватат на сител
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Зашто не ги гледав почетните (првите) епизоди, малце потешко се уклопив.
    Моите секој ден се седнати пред тв и гледаат езел.
    Ејшан (Eyşan - мислам дека така се читаше) ми е преубава. :wasntme: А и Езел.
    Филмот е стварно добар. И на сител ќе го следам, ама не ми се допаѓа тоа што ќе има синхронизација. Ќе уништат филмот.
    [​IMG] :)
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    484
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Вечерва веднаш по „Љубов и казна“ започнува првата епизода од Езел.
    Имам слушнато дека серијава била прекрасна, баш ќе ја погледнам вечерва првата епизода :)

    BTW многу е убаво песничето

    http://www.youtube.com/watch?v=m3KwWZko ... re=related
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    484
    нема да ја гледам
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не планирав да ја гледам уште оваа ми фали, ама мајка ми ја загледа изгледа и јас ќе бидам принудена да ја гледам :lol:
     
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Е ова не се пропушта, има одлична приказна, продолжувам со гледање :)
     
  15. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ај ако сака некој да ми каже што се случи во првата епизода? Бидејќи сакам да ја гледам а сношти неможев да ја гледам.

    Што се случува во оваа серија??
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Од другарите на татко ми, кои веќе ја изгледале на друг канал, слушав такви позитивни критики што просто си создадов слика дека е невидено добра серија. Вчерашната епизода ми се допадна, добар вовед во приказната. Ќе продолжам да ја гледам...
     
  17. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Сношти ја гледав,и за почеток ми се бендиса,ама ако стани како овие другите досадна одма престанвам да ја гледам и го гаснам телевизорот
     
  18. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    принудена сум да ја гледам....што друго да се прави на олкав студ.....за почеток не е лоша... :)
     
  19. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Ayy луѓе обавезно гледајте ја оваа серија..Верувајте дека и покрај многуте солзи,ќе ви се допадне премногу..Јас ја следев во Алсат,но секако сепак нема да испуштам ни епизода во Сител..Иако,синхронизацијата е голема грешка од страна на Сител Тв,содржината е таа што ќе ве поврза..поздрав
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ја изгледав репризата денес. Ветува серијава. Ќе ја гледам. Таман од среда почнува Имотот на дамата од 20.00 часот, веднаш по Султанот. Љубов и казна ќе ја скокам, нема да ја гледам. Па така ќе ми се поредат :lol: Султанот - Имотот на дамата - Езел - Долина на волците :wasntme:

    Сум станала бетер од баба ми :wasntme:
     
    На musicgirl55 му/ѝ се допаѓа ова.