Незнам каква е серијава и незнам дали ќе ја гледам, но многу ми се допаѓа најавната шпица кога Езел така земислено интригантно вели: ''Ах, каква е оваа магија'' Романтики бе, аххх Шала на страна многу романтично беше кажано,башка Ѓорчев ептен се унесе во улогите, се вакви чуствителни му се паѓаат
Серијава ја имам гледано дури два пати и тоа едно по друго дали ви се верува најмногу во сеќавање ми останаа мислите и зборовите на РАМИЗ КАРАЕСКИ стариот лик во серијата. Дефинитивно серијава остана најголем хит во Турција после 1001 Ноќ....И во неа има се што е потребно да се задржи вниманието на еден гледач интриги пресврти а да не кажам постојано заплети.....Секакоо како што видов од некои од претходните коментари серијава има трагичен крај како и Горка Љубов (со истиот актер)....Во секој случај од се срце ви ја препорачувам нема да зажалите доколку седнете и ја гледате бидејќи јас на почетокот се "заразив" ако смеам така да се изразам нон стоп висев на you tube и верувале или не гледав дури по 5 или 6 епизоди на ден бидејќи неизвесноста ме убиваше... П.С. Препорачувам да ја гледате на youtube со превод отколку нашава синхронизација бидејќи преводот е навистина добар поготово хрватскиот а и поубаво е чувството со нивните гласови....
А бе не тоа сабајле, него она вистинсконо Во 9 ипол Инаку мене не ми е јасно нешто, нели цело време зборат пред 12 години ова она. Нели тогаш се вериле Езел и девојкана, што се десило тогаш за сега да дојде да се одмазди? Инаку ми е многу интересен Али Клештата
Тие двајцата другари го наместиле за кражба. И гледаш сега онаа Ејшан е со другар му (Џемил што беше во плачот на виолината, овде не го запамтив )
Спојлер Го наместија на кражба, овој Џенгиз дојде со пиштол и нишанеше на него, смеејќи се. Омер (Езел) го фати пиштолот и му го спушти. А, Џенгиз ја носеше неговата јакна. Па поради отпечатоците и јакната Омер (Езел) го обвинија за кражба во казиното (каде што работи Ејшан) и убиство на еден чувар. Татко и’ на Ејшан ја убеди да сведочи против Омер (Езел) и оваа отиде на суд и рече дека он таа вечер ја запросил, ама она го одбила. И рече дека он секогаш ја распрашувал за казиното и хотелот... На крај кога си отиде, плачеше надвор. Инаку, после Езел ќе се заљуби во нејзината сестра (Бахар), ама ќе ја убијат. А детето на Ејшан не е од Џенгиз, туку од Езел. Инаку, таткото на Ејшан ја учел уште од мала да лаже, секогаш и’ велел дека семејството е лага... Затоа таа е себична, не верува никому... Егоист. Езел - Што мислиш, која е човековата слабост? Асистентката-Која? Езел-Она кое најмногу го сакаш. Асистентката-А што сака Џенгиз? Езел-Да победува. Најмноу на светот сака да победува. Асистентката-А што е со Ејшан? Молк. Еве нешто кога Омер стигнува во затворот: Тој ден Омер отиде во затвор од кој не излезе. Омеровите убијци живееја беспрекорни (сјајни) животи. Ама на една работа не мислеа: Одмаздата е појака од смртта. Филмот е -
Си ветив дека после лисјата,освен султанот и каде е керка ми нема да гледам друга серија,ама изгледа ќе си го прекршам ветувањето Уште кога даваа најава за филмот,кога го видов глумецот знаев дека мора да го гледам Многу ми се свиѓа глумецот што го глуми Езел,каков поглед има, кога се смее мислам дека и очите му се смеат А и филмот ми изгледа интересен,па ќе видиме,само да не го отупат како Љубов и казна.
Тој глумецот што го глуми главниов ама кога бил млад, ама е убаффф . Ич неќев да ја гледам ама се предомислив
Оди на www.natabanu.com ја има цела со српски превод. Јас се откажувам од турски серии само Величенствебиот да го догледам и толку од мене. Не можам повеќе. Претераа.Само турски серии па турски серии. Аман!!!
И ја исто не знаев како се вика ама тој да ти се викал Џенгис. А Џемил, а Џенгис тука се негде имињава. Инаку за серијава и јас ги гледав првите 2 епизоди и ми се допаѓа па ќе видиме можеби ќе продолжам да ја гледам... само ми има примеси од идеи од други серии. Ова со кам-бекот да се одмазди е како Џанан, со операцијата како Полат (Али) во Долина на волците...
Убаво бре . Ги гледав првите две епизоди и ми остави одличен впечаток. Не велам дека понатаму нема да премине во патетика како и поголемиот број на серии од ваков тип, ама мене ми се допаѓа. Како и да е, најинтересни се на почетокот и крајот. Ќе го гледам секогаш кога ќе имам време, ама верувам дека ќе имам . Музиката толку многу ми се допадна што веднаш си ја ставив во мобилен .
Приказната била според филмот The Count of Monte Cristo или Грофот од Монте Кристо. Го загледав и јас, ама според ова што се случува многу ме потсетува на горенаведениот филм. Идеите се горе-доле исти. Па и би претпоставила како ќе заврши. Сега засега незнам како успеал да избеа Езел кога му досудија доживотна казна, и од каде толку многу пари. Спојлер Во играниот филм главниот лик успева да избега од затворот, прави неколку операции за да не го познаат, а парите ги наоѓа како скриено богатство. Останува да видиме како ќе се одвива овде приказната.
Да, битен момент е да се спореди со која серија била слична!! Инаку, мене ме интересира дали сестра и на Ејшан е навистина болна или крпчето беше намерно извалкано со крв за да ја залажат?? П.С. само Езел да глуми во серијата е доволно. Би го гледала ден и ноќ...
Кога има реприза на првите епизоди на сител, зачитав на ТВ па не дочитав. А тој Езел кога е помлад многу ми е убав.