Во моментов можам да се сетам само на две такви (патем мене и најубави ). Се надевам дека некако ти помогнав. http://www.youtube.com/watch?v=8Qmy03RHv38 http://www.youtube.com/watch?v=m3KwWZko ... re=related
Од серијава ја гледав првата епизода онака згора-напреку, и ми остави добар впечаток. Инаку не ја гледам редовно бидејки во тој термин одат и други серии на другите програми. Всушност знам по малку за што се работи во серијава, ама не сум ја запазила многу. Ги гледав последните неколку епизоди и стварно ме бендиса, дури сега ја прочитав содржината овде и многу многу ме бендиса. Сакам вакви „одмазднички“ филмови со криминал, сплетки и тајни, и по се изгледа ке продолжам да ја гледам бидејки ми звучи стварно одлична. Инаку едно не ми е јасно.. оваа Ејшен е мажена со Џенкис и имаат син така??... инаку овој глумецот што го игра Езел е .. мх,мх..
Спојлер А навистина Сашко Коцев ќе глуми во Езел како руски платен убиец и ќе ја убие ќерката на Рамиз?
И јас почнав да ја следам серијава и навистина ми се допаѓа.Мене за разлика од другите многу ми се допаѓа синхронизацијата, поточно гласовите на нашите актери кој се подобро се усовршуваат и звучат дури и подобро од оригиналните гласови.Да не го заборавиме и фактот дека не се некој глумци аматери, туку веќе познати и искусни актери како што се Бранко Ѓорчев, Марија Жугич, Дејан Лилич...
Многу ми се свиѓа песнава,натаму ќе ја има,уште не е стигнато до таа епизода на телевизија Спојлер овој што излегува од возот е Рамиз Караески на млади години со најдобриот пријател,а сега најголем непријател,и жената што е за тоа крива Какви се работи се прават за жени и за љубов Иначе,оваа Ејшан не да е глупа,лелееее како ќе ја изманипулираат а Али е срцка http://www.youtube.com/watch?v=ytEPTL1irkE
значи серијава ми е супер,ептен почнав да ја следам,на you tube,точно дека содржината е слична со содржината од филмот The Count of Monte Cristo(кој не го гледал филмов,нека го гледа пре убав е) за глумците немам зборови за глуменјето супер глумат,Езел т.с Кенан Имирзалиоглу ми е пре пре нај убав,пре секси(не за џабе има победено топ модел на светот во 1997) старион Рамиз ми е фаца чоек,посебно ко че ги стави то наочарчињата ко Марко Цепенков ми е Али фаца е и тој, Џенгиз права тралалајка трчи лаж.Е сега шо не ми е по кеф е Ејшан,значи од толку пре убај турчинки ја најдоја нејзе ама ич не ми се свиѓа,во фацата ко пикенејзер ми е и пре слаба е дури ко анорексична е ама ЈБГ шта је ту је.поарно ќе беше Шебнам да беше Ејшан,Шебнам ми е многу убавка, во глобала цела серија е 10-ка
гласот на Mерт, начисто ме ежииии Oдвратен е, кај го најдоа, и оној вчера што го глумеше синот на тој од казиното што беше убиен Oдратен глас, чиниш цел затнат со мрсули у тоа носот ко да беше
Мене па баш ми е многу убав гласот на Мерт. Леле овој полицаецов се' издаде. А од кај знае тој дека тоа се случи и дека Омер всушност е жив? Нели оној стариот никому не кажа. Спојлер Како ќе дознаат овие дека Омер е жив?
Спојлер Не знае дека е жив,само им кажа дека Омер го штител Рамиз Караески,а тоа не смееше да се дознае. А Езел сам ќе им каже дека тој е Омер,на крајот на првата сезона.
гледам има многу нестрпливи исти како мене еве кој сака нека прочита како ке дознат дека езел е Омер Спојлер вукот на вујкото ке го избоде со нож и додека во болницата вујко се бори за живот Езел ке зборува со него и ке му каже дека неможе да се освети бес негова помош,дека он е најголемата подршка на Омер и да не го изневери,но зад него ке стојат Али и Џенгиз а он не ни знае и ке бидат како дух да виделе,истата таа вечер Али ке му се заколне на Омер дека од сега понатаму додека е он жив Омер нема да има темнина во животот и он ке биде засекогаш до него (и заедно ке живеат во работилницата) и баш така ке биде накрај Али и Онур и ке го убијат Џенгиз
Гласот на Мерт го глуми Илија од мое одделение, а гласот на Џан, брат му. Спојлер Само да си кажам јас.
Не ги сакам ич турските серии ама Езел ми влезе во срцето бе Стариот колку јак човек е еј,какви мудрости кажува,просто му се восхитувам.
Филмот е РЕМЕК ДЕЛО. Го изгледав целиот синоќа и уште сум под импресии,посебно од крајот. Сценариото е закон,како е одработено,внимавале на секоја ситница,се е поврзано,а комплексноста на ликовите Запознавајќи ги во тек на серијата,секого на некој начин можеш да го разбереш и да му ги оправдаш постапките,сите се на некој начин жртви. Не се класични ликови како во сапуниците добар-лош... не знам,немам зборови. Спојлер Од сите најдобар впечаток ми остави Али,и баш се израдував дека тој остана жив на крајот.Иако го предаде Омер тој ден,откако дозна дека е жив,цело време се трудеше и си го ризикуваше животот за него,за да му прости,а на некој начин и самиот тој да си прости. Најголем кеиф ми направи смртта на Џенгиз,и начинот на кој го убија. Леле кое болно к....е излезе,извинете ми на речников,ама цело време очекував дека ќе видам нешто човечко во него,ама тоа не се случи. Животно,многу се нервирав од него. Многу,многу тежок филм, многу симболика,многу емоции,се соживеав со улогите,смртта на Рамиз колку ме погоди,па сцената по сртта на Кенан кога ги дадоа двајцата млади,Рамиз му се зблагодари на Езел што повторно го споил со најдобриот пријател. На крајот не остана ни О од Омер ни Е од Езел,на крајот се претвори во сосема трета личност,скроз се изгуби.Исто ме погоди и сцената кога го уништуваше станот и предметите,сакајќи да го уништи Езел и да го врати Омер во себе,за на крајот да сфати дека да биде Омер значи да ја сака Ејшан Уште само нешто да кажам за крајот,некој беше напишал дека нема да умре Езел на крајот. На крајот Езел ќе умре,во возот го испи отровот од прстенот,затоа и кажа на Ејшан дека доаѓа кај неа. А последната сцена со светилникот е симболичнаа,го претставува духовниот живот.Нели Рамиз му кажа дека ако сака да започне од почеток нов живот,тогаш да го испие отровот,а новиот живот всушност е нов духовен живот,каде што нема да има одмазда и непријатели,туку таму ке можат да бидат среќни,како што направи и Рамиз кога свесно отиде во смрт. Се на се,филмот дефинитивно не те остава рамнодушен,барем мене не ме остави. Браво за целата екипа,не за џабе добил толку многу награди.