Екатерина Велика (EKV)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Arhangel-maniac, 30 април 2011.

  1. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    123
    Екатарина Велика (скратено ЕКВ) била рок група од Белград и еден од најуспешните и највлијателни бендови на просторот на бивша Југославија.
    Сржта на бендот ја сочинувале гитаристот и пејач Милан Младеновиќ, клавијатуристката Маргита Стефановиќ и басистот Бојан Печар.

    Почетоци
    Оваа група на почетокот се викала Катaрина II и била создадена во 1982 година во Белград по распадот на бендот Шарло Акробата, од страна на пејачот Милан Младеновиќ, гитаристот Драгомир “Гаги“ Михајловиќ, басистот Зоран Радомировиќ-Шваба и тапанарот Душан Дејановиќ. Групата е именувана по Гагиевата девојка, Катарина. Во текот на 1982 на бендот и се придружува и Маргита “Маги“ Стефановиќ. Радомировиќ набрзо потоа преминува во бендот Ду Ду А, а Душан Дејановиќ во Дисциплина кичме, додека едно време тапанар бил Бранко "Манго" Куштрин. На почетокот на 1983 година на местото тапанар доаѓа Ивица “Вд“ Вдовиќ, бившиот тапанар на Шарло Акробата, а басист станува Бојан Печар, со што е формирана конечната ритам секција на бендот. Дефинитивната и последна постава на катарина II - Младеновиќ, Михајловиќ, Стефановиќ, Печар и Вдовиќ - започнуваат во 1983 со работата на нивниот деби албум.

    Крај и распад
    На почетокот на 1994 година Екатарина Велика е неактивна. Милан Младеновиќ истата пролет заминува во Бразил каде заедно со пријателот и музичар Митар Суботиќ и со група бразилски музичари работи на албумот Angel's Breath. По неговото враќање во Белград бендот продолжува со концертните активности и отпочнува со работа на новиот албум чиј работен наслов е Поново заједно. Работата на албумот сепак набрзо е прекината поради Милановите здравствени проблеми. Во август 1994 година бендот свири на фестивалот во Будва и тоа е нивен последен концертен настап. Следниот ден Милан Младеновиќ е префрлен во болница каде што е откриено дека има рак на панкреасот.
    Неколку месеци подоцна, на 5 ноември 1994 година, Милан Младеновиќ умира во Белград на 36 годишна возраст. Со неговата смрт Екатарина Велика престанува да постои.
    Бојан Печар умира во Лондон од срцев удар на 13 октомври 1998 во 37-та година од животот.
    Маргита Стефановиќ починала на 18 септември 2002 година во Белград на 43 годишна возраст. Причината за смртта не е официјално потврдена, но се смета дека најверојатно умрела од последица на долгогодишното интравенозно користење на дрога.
    Останатите членови на бендот кои починале се Иван Вдовиќ (во 1992 како прва регистрирана жртва на СИДА) и Душан Дејановиќ (умрел од СИДА на 16 ноември 2000 година во Белград).

    Влијание и статус
    Екатарина Велика е меѓу највлијателните, ако не и највлијателниот бенд на просторот на бивша Југославија, а исто така се смета и за еден од најважните бендови на југословенската рок сцена воопшто. Многу бендови во текот на годините ги обработувале нивните хитови, но она што е карактеристично е тоа дека сите тие се имитации на темите со кои Милан Младеновиќ се занимавал како и на неговиот единствен поетски стил кои постојано се појавуваат во музиката на многу нови млади бендови.
    Меѓу бендовите за кои се тврди дека се под огромно влијание на Екатарина Велика е и бендот Ван Гог кој се издигнал до статусот на еден од најпопуларните рок бендови во Србија во втората половина на 90-те години, но кој исто така е често критикуван поради претераната склоност кон имитација на ЕКВ, а посебно кога станува збор за текстовите на песните. Друг бенд на кој Екатарина Велика значајно влијаела е Block Out, кој ја обработил нивната песна "Соба" (трибјут издание "Као да је било некад") и кој често ги изведува нивните песни на своите концерти.


    Моја омилена :) Enjoy :rock:
    http://www.youtube.com/watch?v=iuSthfwzjPs
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Круг е легендарна... Јас ја обожавам Ово је земља за нас, Очи боје меда и Пар година за нас :inlove: Не сум им ја знаела историјата, сега ја прочитав... Зарем сите се починати? :(
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    :inlove: Се вратив мнооогу години наназад со темава. ЕКВ се легендите на мојата младост. Јас ја имав таа среќа да растам со нивната музика. Не можам да ви ги опишам. Неверојатни беа. Концерти правеа во Скопје во МКЦ (кој бил, знае колку мала е салата), уживање невидено, целосна екстаза :inlove: На чекор до нас-тие, нашите идоли... За жал, мислам дека денес немате нешто такво. А колку беа достапни и приземни... па на пр. еден мој познаник ги викна дома на журка по концертот-и дојдоа :clap: . Неверојатни, во секој поглед. Милан беше сонот на секоја девојка, таинствен талентиран интелектуалец (е да, тогаш на такви се палевме :* ), Маргита беше неверојатно талентирана девојка во свој филм (навистина неверојатен музички талент и плус апсолутен слухист). А музиката... ние дишевме со стиховите и со ритамот на нивната музика. Слушнете ги и „Као да је било некад“ , „Ти си сав мој бол“ ... ма што и да слушнете, нема да згрешите.
    И да, сите од оригиналната постава се починати :( . Сега уште само еден од тапанарите (Фирчи) нешто прави во име на ЕКВ. Но и нему, после сиве овие години, најголем успех во животот му е што кусо време беше дел од оваа легендарна група.
     
    На francais, Domino, Trnche и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Ги слушам доста, но не сум знаела дека се починати сите. :worried:
    Во секој случај одлична група. Веќе погоре сте ги ставиле Круг и Пар година за нас. Освен овие две песни (кои верувам повеќето ги познаваат) мене ме воодушевуваат и:
    http://www.youtube.com/watch?v=ex32qlF6 ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=2Y47OVtj ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=lzQwSwI1CN0
    http://www.youtube.com/watch?v=6EZk6ohkSJo
    Плус, целиот албум „Пар година за нас“ ми е перфекција, да не постирам поединечно, нема место за повеќе од 5 линка. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=IpkbdLS4T6M
     
    На TeddyGrey и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    ЕКВ...
    За мене најдобрата група што некогаш постоела на овие простори па и пошироко. Секоја песна им е, ма немам зборови за нив, вистинаска уметност.
    И еве, за тие што не го гледале документарниот филм за ЕКВ Као да је било некад
    http://filmovi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1856&Itemid=71
     
    На francais и Shoshanna им се допаѓа ова.
  7. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно групата на мојот живот, на мојата младост, на мојата прва љубов....

    KAO DA JE BILO NEKAD

    Kao da je bilo nekad
    Kao da je bilo tu
    Pod velikim svetlim Suncem
    Pod velikim svetlim svodom

    Rucali smo meso
    Glodali smo kosti
    Dobrih zivotinja

    Mi imamo snage
    Mi imamo snage za jos dan

    Mi menjamo dan za noc
    Mi menjamo noc za dan
    Mi menjamo dan za noc
    Mi menjamo noc za dan

    Prolaze brodovi
    Trube u cast
    Zvone na uzbunu

    Deca uce da placu
    Deca uce, da poznaju svoj glas

    U toplim jaslama
    U hladu bora
    Pod zidom cempresa
    Mi menjamo nasu noc
    Za neki tudji dan
    Za neki tudji dan
     
    На TeddyGrey, Arhangel-maniac, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Уф бре! Јас сум секако како и членкиве над мене дете на една држава која беше избришана од мапата - Југославија.
    И без ЕКВ не можело да помине моето детство, младост...одлична група. Одлична музика.

    За сите љубители па уште и ако сте од Скопје ќе речам само едно, заглавувате во Балет нели? И ги пеете на глас нивните песни нели? Онака еуфорично, во занос, нели?
    Знам дека да ;)
     
    На francais, Domino, Li0ness и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    123
    Леле колку време го барам филмов!! Фала ти многу :*
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    47.336
    Пол:
    Женски
  11. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    174
  12. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
    Омилена група на моја добра другарка. :) Ги почитувам и сакам и слушам. Музиката што ја правеа е нешто неверојатно и жалам што веќе нема вакви групи.
    p.s: морам да кажам дека Срџан ми е ѕвер! :D
     
  13. simmone

    simmone Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    КАО ДА ЈЕ БИЛО НЕКАД

    ми буди некои посебни чувства 8)
     
  14. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    многу убава музика.. Омилени - Ovo je zemlja za nas & krug ♥
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    42.984
    Овај круг сам смислио, овај круг сам створио...кога ќе ми текне колку сме денсале на песнава со другарка ми :dance: и да, и јас си имам такви ЕКВ денови, па се случува по цел ден само тоа да слушам. ЕКВ се безвременски.
    http://www.youtube.com/watch?v=-kl5DCnR8sc
    http://www.youtube.com/watch?v=vOlPoNkEJwo
    http://www.youtube.com/watch?v=Vw8uvbfshAM
    http://www.youtube.com/watch?v=UUCMX0CqFjE
     
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е крива зошто почнав да ги слушам ЕКВ :D
    Стварно имаат убава музика,ама кога ќе се занесеш во песната,се се работи за дрогата.Текстот е околу тоа...
    Иначе ги сакам луѓево,а омилени песни ми се:Кrug,Par godina za nas,Ti si sav moj bol,Srce и Kao da je bilo nekad. :)
     
  17. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
  18. Shoshanna

    Shoshanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Омилени ми се!! Малдост, сегашност па и иднина! Јас лично ги открив пред неколку години и од тогаш немам престанато да ги слушам :) Маги и Милан се посебна приказна. Ги обожавам. Жално е тоа што им се случило, пак и на сите членови на бендот. Сепак оставија доста зад себе и ќе бидат запамтени засекогаш!

    http://www.youtube.com/watch?v=GY9dKKCore8

    http://www.youtube.com/watch?v=wQEmfl8TnQc
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Најдобрите текстови на српско-хрватски јазик ги има создадено токму оваа група. Како што Мизар ги има најдобрите текстови на македонски јазик. Музика и текст која може и мора да се смета за врвна уметност.

    Само последно време ми е дури и физички болно да ги слушам, ме болат спомени на едно толку поразлично време.
     
    На mamma-mia, francais и Trnche им се допаѓа ова.
  20. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    106