1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Економски факултет - Прилеп

Дискусија во 'Образование' започната од crazylady, 16 март 2011.

  1. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    1.Бизнис анализа
    2.Деловна информатика
    3.Деловно комуницирање
    4.Е-бизнис информациски системи
    5.Интернет маркетинг
    6.Меѓународен менаџмент
    7.Меѓународно стопанско право
    8.Практикум за менаџерско сметководство
    9.Фискална ревизија
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    @plavata212 @Oneo
    Еве ќе ви пишам реферат сега за сите по нешто шо знам :)

    1. Бизнис Анализа - предава Борка Соколски, предобар професор ќе ви предава по Инвестиционен Менаџмент ако сте на СФР или БФМ задолжителен предмет е, на долги лекции се сите предмети кај него а за материјалот за Бизнис Анализа не знам, ама Инвестиционен е лесно.

    2. Деловна Информатика - Врска немам за овај предмет, а мислам дека предава Коста по Статистика. Како и да е не ви го препорачувам.

    3. Деловно Комуницирање - Печијарески, јас го имав изборен и прелесно поминав на колоквиуми го положив има 4 долги прашања 5 кратки и зборови од речник на колоквиум, на предавање задолжително, прелесен е материјалот ама предавањето е досадно вкрај, ви препорачувам да си го земите оти лесно ќе помините.

    4. Е-бизнис информациски системи - Го предава Маргарита по математика, има и практичен дел и теорија колегите рекоја дека лесно поминаја и дека не бил тежок материјалот, друго не знам.

    5. Интернет маркетинг - Овај го предава Професорката Обедниковска, никогаш не сум имала предмет кај неа ама било со кратки прашања, не знам ништо поќе ама некои лесно поминаја некои не, тоа е индивидуално.

    6. Меѓународен менаџмент - Овај го предава Анета Ристеска, предолг предмет премногу за учење, 4 прашања на колоквиум ќе немате време да стигните да допишите, не ви го препорачвам искрено.

    7.Меѓународно стопанско право - Предава професорот по Трговско Право, Мирослав Андоновски, предметот бил со кратки прашања, и колегите рекоја дека не било тешко. Друго ништо не знам.

    8. Практикум за менаџерско сметководство - Овај го предава Еден професор од Скопје, предавањата се еднаш во неделата, пошто тој е од Скопје, за предметот конкретно не знам ама знам дека е со долги прашања.

    9. Фискална ревизија - Мојот 2 изборен предмет, лесно поминав кај професорката Фанка е, предметов има 4 скриптичиња мали за 1 и за 2 колоквиум , по 10, 11 прашања и е лесно слично е како Банкарски Менаџмент, има и со набројување, и дефиници имаа и малку подолчки прашања, али не е тешко се учи.Ви го препорачувам.

    Што и да одберите, само нека ви е лесно и убо да си помините, без мака :)
    Ако ве интересира нешто друго, слободно прашајте :)
     
    На Oneo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. мпј

    мпј Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    дечкии дали знае некој Ревизија и МСС дали дава професоро матријал нешто прашање за колоквиум.. или сета книга се учи..?
     
  4. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Имате некои информации за Студентскиот парламент, кои му се задачите, членови, дали има корист од него или дали може да се добие корист ако се пријават студенти кои сакаат нешто да сменат?
     
  5. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Дури предава кажува што е поважно и тоа го дава на колоквиум, а посебно прашања нема да ви даде. Само ке ви кажи по едно прашање кое задолжително ке го има. И за двата предмети важи истото.
     
  6. мпј

    мпј Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    po predmetot mss ni diktira vo tetratka i ni kazuva koi prasanja nozebi ke se padnat i samo tie sto gi potencira da ucine ili se sto diktira.a istoto i za revizija samo toa sto potencira?
     
  7. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    дали имате прашања нешто по инвестиционен менаџмент и меѓународна економија?
     
  8. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    ај помош за изборни за 8ми семестар:):
    Глобални снабдувачки синџири
    Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
    Клауд компјутинг
    Меѓународни финансии
    Менаџмент на човечки ресурси
    Однесување на потрошувачите
    Проектен менаџмент
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Шо мислите за Снежана Обедниковска за дипломски труд? Интересни предмети ми предаваше мислам неа да ја изберам.
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Меѓународни финансии и Проектен Менаџмент, финансии имав и прелесно е, Проектен немав, ама колегите прелесно поминаја, Марјан Ангелевски предава предобар е.

    Сандра Ако си поминала океј кај Снежана слободно земи си дипломска, обично сите земаме кај тие шо сакаме и предмет шо ни бил најинтересен и најмногу сме го сакале, јас сакам кај Витанова или кај Гордана Трајкоска. :)


    Помагајте семинарска Инвестиционен давајте ајде :D
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    Да веќе му пишав. Се договоривме и за тема и ми кажа како треба шо треба. Баш е фина.
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Не ти е рано за дипломска? Пошто знам уште 8ми немаш почнато :?:
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сакам побрзо да ја напрам да ја бранам меѓу првите оти планирам да аплицирам за Словенија за мастер.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Мислење за смерот Иновациски и проектен менаџмент (ИПМ)?

    Оваа учебна година (2016/2017) добив информации дека нема ни еден студент кој се запишал на смерот, а од 14/15 и 15/16 има по двајца.
    Штета е бидеќи имаше 55 слободни места и мислеа дека е навистина атрактивен смер, но за жал останаа непополнети.

    Што мислите вие, дали има перспективи за проектни менаџери или менаџмент со иновации? Во странство перспективи има, но дали и во Македонија? Или пак проблемот е во слабото информирање на средношколоците? На пазарот на труд наводно се бараат вакви менаџери (затоа и толку слободни места).
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Колешкиииииииии хелп :D Ајде семинарска некој ако има кај Лашкоска по сметковводствен нека дава :D
    За другарка ми е :)
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум 4та година на Иновациски и проектен менаџмент и јас бев првата студентка која што се запиша на смерот воопшто. Многу ми звучеше атрактивно, и баш заради тоа што ја сакам креативната страна на економијата го одбрав тој смер.
    Јас не се сменив, многу од смерот сменаја смер во втора. Не жалам воопшто, напротив многу забавен ми беше смерот. Ако сакаш да одиш да одиш. Ако воопшто се реализира смерот оваа година. Има доста интересни предмети и најчесто се поклопуваат со предметите од другите смерови. Само неколку предмети така беа конкретно за нашиот смер ама ништо тешко, ништо што не може да се помини.




    Јас имам друго прашање, колку страници треба да биде дипломската?
    Ја пишам моментално и менторката не ми кажа конкретно колку треба ми рече над 20.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tinna.xD

    Tinna.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Планирам да се запишувам тука па сакам мислење за смерот маркетинг менаџмент??
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1
    Сандре од 20 до 25 гледај да не претераш, баш ќе видам мојата колку е па ќе ти кажам, совет од мене до тебе иччччч ама ич да не се замараш 3 минути работа и помалце ќе си видиш и сама :)

    @Tinna.xD Немам некое посебно мислење за смерот, ама во секој смер си има по некој заебан професор, ама сепак мислам дека овај е најлесен.
    Ако те интересира нешто друго слободно пиши па ќе ти кажам :)
     
    На Tinna.xD и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    @Adi888 23 ми е хаха. Многу се нервирам шо не дават точни информации.
    А презентирањето нема да трај? За шо се мачам јас тука. :D Сакам да си презентирам нормално.
    Еј и уште нешто да те прашам во дм.
     
  20. AngelaAngela1996

    AngelaAngela1996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Феминки, на денот на пријавувањето кои документи се носат? Овие од iknow системот треба да ги носам сите? И плус сведителства, диплома, извод, државјанство? Некоја што се има запишувано лани да ме просветли ако може :)
     
    На Tinna.xD му/ѝ се допаѓа ова.