Јас дипломирав на него пред 5 месеци Јас сум многу задоволна Е сега на секој смер има по некој заебан професор ама реално гледано не е тешко ич Со среќа ако си се запишала, тешко нема да поминиш ич
Луѓе дали некој можи да ми најди контакт од деканот или да ми помогни некако ако се познава со него? Ми издадоја уверенија дека сум дипломирала оти сакам да аплицирам Словенија на мастер. На тие уверенија треба да се мани апостил од судот ама не ги прифаќат со краток потпис од деканот. Сега треба нови уверенија со целосно име и презиме потпишано од деканот. Ме маткат на факултет а рокот ми врви!!!!! Значи цела година се спремам за ова, и прва дипломирав за навремено да стигнам и сега заради точно 2 ебани потписи ќе ми ја уништат годината!!!!!!!!!!!!!!!!! Ве молам ако има некој контакт или можи некако да ми помогни да ми кажи оти преочајна сум!
Мој совет директно кај него в канцеларија, нема ни срам ни перде, објасни му ја ситуацијата со убо мислам дека ќе ти излези во пресрет, ако чекаш од студентски не чекај ич ! Мене 1 месец ми спремаја документи за дипломска шо се спремат за 1 ден али тоа ти е
Абе странство беше.... Не можев да го најдам. Иначе сега мислам дека вторник ќе ми потпиши ако не одам таму и го палам факултетот и готово!
Сега ќе бидам втора година на смерот сметководство, дали некој може да ми каже кои изборни предмети да ги изберам, Електронско банкарство (Д-р Марјан Ангелески) и Теорија на одлучување (Д-р Љупче Маркушески), Менаџмент (Д-р Снежана Мојсовска Саламовска) и Теорија на одлучување или Макроекономска анализа (Д-р Мирослав Гвероски) со некој од споменатите, искрено не знам ни за тежината на предметите ни какви се професорите, ако има некој што ги учел предметиве што знае како е нека ми каже.
Ве молам доколку има некој запишан на мастер да ме контактира во порака имам нешто да прашам. Фала Ви
Здраво, дали некој има искуство со префрлање на овој факултет од друг? Моментално сум на Економскиот факултет во Скопје, па сакам да се префрлам во Прилеп. Дали положените предмети и кредити ќе ми ги важат ?
Да не има некој решени задачи по статистика за на испит? (Групирана статистичка серија, праволиниски тред, едноставна регресија и корелација, анова xi квадрат тест)
Искуство да сподели некој која е процедурата за префрлање од Скопје во Прилеп, што како, се признаваат ли положените предмети???? Хелп плс, немам мн време на располагање, мажена со дете, на работа ми претставува проблем излегувањето и губење ден од работа само за прашања. Секое искуство добро би ми дошло. П.С. Од помош би ми бил и телефонски број од студентски прашања на кој креваат слушалка, а не оној дечкото кој им е снимен на централата.
Ќе ве молам совет кој предмет да го изберам во 5 ти семестар ми требаат два од наведените: Интернет технологии,ревизија,Теорија и политика на економски развој,Трошоци и цени,Инвестициски менаџмент,Меѓународно стопанско право,Меѓународна економија,Производствен и оперативен менаџмент совет некој ????
Снежана Мојсовска Саламовска е супер жена, доста интерактивност вклучува, знае да се нашали, пренесува знаење..Вон факултетот имаше предавање и ептен ми остави впечаток.
Оваа година сакам да се запишам на овој факултет, па сакам да прашам дали е тешко дали се строги професорите и дали некој престојува во студентскиот дом да каже дали е чисто какви се собите дали има галама и сл.?
@Octavija Професорите не се строги, иако можеби има еден или двајца. Напротив, мислам дека има супер професори, креативни, праведни и отворени за соработка. Кога ќе споредам со други факултети е многу поорганизирано, а и воопшто не е тешко (според мене). Единствена замерка ми е што нема активности надвор од факултетот, нешто неформално, нешто што ќе те мотивира, мене ми беше малку досадно. За студентскиот дом не би знаела да ти кажам.