Па гледам од скоро сите факултети си имаат отворено тема на форумов па сакав и јас да го споделам моето искуство со останатите. И истовремено да дознам што мислат луѓето за овај факутет
А што ако Николче Груевски има завршено на овај факултет ?? Тоа треба да е некој многу битен податок за некој што паднал сто пати ??
Ништо не значи тоа што Никола Грујоски завршил на овој факултет, беше спомнат и Никола Грујоски во контекст на факултетот дека не е токлу катастрофа студирањето на овој факултет.
без разлика каде и на кој универзитет студираш,ако сакаш да научиш секогаш и секаде можеш,не ги осудувам тие од прилеп,струмица и од штип и тетово,јас ги осудувам главните кои, се прашувам дали праќаат навистина квалитетен кадар професори таму,многу има критики дека не доаѓаат редовно и дека некои предавања се бессмислени... -вистинскиот кадар може да излезе секаде и браво за економскиот факултет-Прилеп имам мои извори на податоци дека кај дел од студентите се си функционира на вистинско академско ниво,само треба да се запрашаме колку од нас и е редовен на тие студии и се залага факултетот,понекогаш грешката ја гледам и во самите нас
Потполно се сложувам со тебе,најголемата грешка и на мене ми е што се запишав на овај факултет.точно е дека се дадени повеќе шанси пр. ако не го положиш колоквиумот одеш на поправен итн.не е тоа дека не се учи како што напоменале во претходните мислења,јас учам ама за една ли 6ка????Не само јас има и многу други што се ќе му изнапишеш и одвај ти пишуваат една 6ка ццц Исто така и професорите се за никаде,која комуникација бе луѓе ја спомнувате???За вас е комуникација ако му речите Добар ден и тие ќе ви возвратат Скоро сите професори се катастрофа.Ми се случило да имам се напишано и да не ме пуштат, бев и на консултации а напишано од А до Ш (цела тетратка испишана) и на крај ми викаат ќе се видиме нареден пат.И после добри биле,да не се имате помешано со некој друг факултет???Точно многу имаат завршено ама прашајте како-човек да се поремети е на овај факултет Затоа оваа година има најмалку студенти запишано на овај факултет,бидејќи се отворија многу диспензирани факултети (на кој се поминува полесно)а не овде учиш а за шо,затоа ќе му бегаат студенти мислам дека тој што би имал повеќе пари не би се запишал на овај факултет-Најголемата неправда се случува тука.Имам уште многу да пишувам со ред да наведам од професорите каков е нивниот принцип на "пуштање" но мислам дека е доволно бидеќи несакам никој да именувам.
Невозможно е да не се скрениш на овај факултет, не знам како успеваат оние со повисок просек се да земат на право тоа е просто невозможно. Јас како апсолвент на овај факултет сум ги видела сите професори (не сакам никој да именувам ) си знаат студентите какви се што се и скоро сите се скапани не пуштат и мене ми се има случено да научам за 10ка а да добијам 6ка, има и такви кои се коректни т.е добри но ретки се таквите . Само во 1 година се праваат демек добри и сите ги пуштат ама затоа во 2 година си го покажуваат нивното вистинско лице Познавам многу луѓе кои заради еден професор сеуште не можат да завршат на овај факултет, нема правда овде сите професори се меѓусебно поврзани сакаш ти буни си залудно ти е. За една диплома треба да се скрениш а понатаму дали ќе ти се исплати останува прашање ???
Мило ми е што конечно некој се согласи со мене сите ми одат контра од почетокот, сепак онај кој нема почуствувано на своја кожа не може да кажува за други.
и јас се сложувам со пропаста на овај факултет знам и зошто и како самата повеќе не коментирам само едно големо ГО МРАЗАМ
Денес имаа отворен ден на факултетов и бев. Мене искрено ми се допадна, има традиција од 50години што не е за потценување. Знам луѓе што студираат, некои веќе дипломираа на овој факултет. Никаде не сум слушнала такви поплаки како во темава, стварно ме зачуди. Сепак, ваше мислење. Доколку останував да студирам во Македонија ова ќе беше мојот избор, дефинитивно многу повеќе ми се допаѓа од економскиот во Штип и Скопје.
мојот бивши дечко заврши на овај факултет по стара програма беше последниот испит кај деканката го полагаше 1 година и пол едвај положе за да дипломира а упорен беше секоја сесија го пријавуваше и учеше јас сум сведок на тоа и постојано го бодрев детето едноставно изгуби желба и за дипломска и све сам отиде на дипломската колку да помини на ред уште толку од тогаш го замразив факултетот да имаш уште еден испит и скоро 2години да не те пуштаат да поминеш е стварно незнам страмота затоа нека не ми го пикат во очи овај факултет јас знам колку ноќи непреспани поминав колку страни во тетратките пишев за што 6 7 отцена абе ајде ви се молам
Јас студирав на Економски во Скопје и ми побараа пари за еден испит,не ме пушташе неколку сесии,и се префрлив во Прилеп каде што од прва го положив тој испит.Корупција има скоро на секој факултет тоа е факт али јас ако си одам на испит со 100% избубан материјал нема шанси да ме бутне никој нели,и да ме бутне имам кај да се обратам,ќе барам пред комисија да полагам...Нема лесен факултет, поготово ако не учиш, да не се лажеме!!До сега сум немала проблеми во Прилеп со такви работи да ми бараат пари али има зае*ани професори ко ех деканката..Има и доста сесии за полагање за разлика од овој во Скопје.
Не е само деканката има и многу други кои не сакам да ги именувам сега за жал бројот на таквите професори кои туркаат се зголемува и се зголемува. mime 87 потполно се согласувам со тебе, ГО МРАЗАМ повеќе од тебе факултетов само јас си знам ни каков пекол сум поминала А Noemi што ти се допадна толку надворешниот и внатрешниот изглед на факултетот или тоа што ви дадоја подароци ( кроасани, тевтерчиња, цд ) ах што не ќе направаат за да привлечат повеќе студенти Не цени ја убавината кога не знаеш кој со какви маки си поминал. Секој си има право на свое мислење. Никој не може да го разбере она што не го доживеал .
Почитувани, чест и задоволство ни е да Ве поканeме да бидете дел од големиот настан кој ќе се одржува на Економскиот факултет Прилеп- Денови на Кариера 2011, настан организиран од АИЕСЕК Локален комитет - Прилеп, а поддржан од Деканот на Економски факултет - Прилеп, кој ќе се одржи во втората половина на месец Април, 2011. Овој настан има за цел да ги поврзе студентите со компаниите преку практична работа,... односно студентите ќе изработат решенија на дадени бизнис проблеми од страна на Партнерите на Проектот при што како добивка може да се очекува извршување на практична работа на стдентите во Партнер компаниите и евентуално работно место понатаму. АИЕСЕК Локален Комитет ви посакува пријатен престој на Нашата веб страна. АГЕНДА 18 април 2011 (понеделник): 13.30 - Oтворање на Денови на Кариера 14:05 – 15:30 USAID 15:30 – 15:45 Пауза 15:45 – 17:15 USAID 19 април 2011 (вторник): 12:00 – 14:00 Клуб на оратори 14:00 - 15:00 Презентациски вештини 20 април (среда): 12:00 – 13:15 Предавање: Социјално претприемништво – д-р Снежана Мојсовска Саламовска 13:15 - 14:00 AIESEC – Презентација за интернационална пракса 15:00 - 15:30 Business Case Според нацрт-планот, Денови на Кариера 2011 ќе се одржуваат од 18-21 Април: 18 Април - свечено отворање, презентација на бизнис проблемите за решавање, обука за CV, интервју и мотивационо писмо. 19 Април - обука за презентациски вештини и ораторски вештини. 26 Април - презентација на бизнис случаи, доделување на сертификати, определување на датум за известување на добитниците за најдобро решение.Почитувани, Деновите на Кариера 2011 продолжуваат... Купете карти (во канцеларијата на AIESEC или на штанд на факултет) за обуката за ораторски и презентациски вештини која што ќе започне во 12h, вторник - предавална 1. Исто така, не заборавајте дека имаме и предавања во среда! YOU KNOW! YOU CAN! YOU WILL! Ајде еве нешто за настаните на факултет да не испадни дека само се жаламе на темава во моментов ова е најактуелно кај нас
нз, женски и јас студирам таму, ама сум задоволна од факултетот, да речам имам ептен мали проблеми ама се е до то што не сум имала доволно научено мислам, а деканката зависи за кој предмет, ама гледам сега некако му е страв и на професорите со новиот закон, се некако студентите полагаат, и тоа многу поголем број отколку досега
Дали некој знае како е со магистерските студии во Прилеп? Колку се плаќа за семестар, колку се плаќа за магистерска и такви работи? Фала
Знам дека мора да имаш семинарска за да пријавиш испит иначе едно пријавување на испит е 1000 денари и плус семинарска 1000 денари значи 2000 денари п.с. Само 5 предмети се и ќе станеш магистер
Како апсолвент на Економски факултет - Прилеп, можам да се пофалам со успех над 9 (без последниот семестар) и можам да кажам дека без ука, нема наука Плус, треба да се земе во обзир дека предаваат доста квалификувани професори, со богато искуство и во образовниот процес и во пракса и навистина има доста да се научи од нив, се разбира ако се сака знаење, а не само високи оценки. Некои професори бараат повеќе, некои помалку, кај некои можеш да поминеш со кревање рака секој час, а некои не ги интересира дали си присутен или не. Не велам дека сите се цвеќиња, има и незгодни меѓу нив, но во глобала можам да кажам дека не е толку страшно како што го опишаа, работите се менуваат кон подобро Јас лично се помачив само кај еден професор, а кај останатите поминав супер!