Напишав се, меѓу првите излегов досадно ми беше незнаев шо да прам поќе ххх... Иначе колку е чудно шо тука си пишиме и можи се имаме сретнато ама незнајме
здраво сум прва година на економски факултет за втор семестар од изборни предмети избрав трговско право и социологија но некако социолигија тежок ми е матријалот за сфаќање :/ и сега сакам да го сменам социологија со економија на труд? што мислите полесно ли е економија на труд?
Здраво. Планирам да се запишам на економскиот во Прилеп, и според тоа што го прочитав во претходните постови и не е така лошо. Ме интересира, дали има нешто сменето во квалитетот на наставата; дали некој знае колку се разликува од квалитетот на економскиот во Скопје, значи не колку е лесно, туку каков е квалитетот на предавањата. Исто така би сакала да знам каков е студентскиот живот со оглед на тоа што (колку што знам јас) во Прилеп се само економисти, друг факултет нема. И како е во студентскиот во Прилеп, никаде немам прочитано информации за тој студентски, се е за оние во Скопје. И уште нешто, дали и колку универзитетот „Климент Охридски“ е признат во странство? Многу прашања се, ама доколку некој ми одговори барем едно, би била многу благодарна
^^^ Ете јас сум студентка од надвор во Прилеп и седам во студентскиот, има и друг факултет не е е само Економскиот, има Дисперзирани студии од Штип и од Техничкиот од Битола. За студентскиот можам да кажам дека е добро, милион пати е подобар и почист од оние во Скопје, во соба сме по 3 чупиња и искрено ако ти се погодат цимерките супер ќе ти биди, јадењето е добро, мада не е сменето неколку години, ама сепак е океј и не е така лошо. Мене единствено ми смета шо нема топла вода секој ден има само Вторник Четврток и Сабота, а то е ужасно според мене, ама можиш кај средношколците да се капиш не е проблем За учење мене не ми е искрено погодено, јас учам гласно и сакам да е тишина, а некогаш таму и не е тишина. Ако ти е желба запиши се има фер и коректни професори, ама мора да има и некој опаки, како на секој факултет така и на овај ако си учиш ќе немаш мака, јас искрено во овие две години заглавив со Математика и Статистика ги влечкав по неколку сесии, ако ти оди математиката ич ќе немаш гајле. Ако сакаш нешто поќе пиши ми лп ќе ти кажам Поздрав и се најдобро ти посакувам Некоја од поголемите колешки, итно ми е. Имате учебник Маркетинг Менаџмент, би била благодарна ако ми најдите неколку прашања
Здраво девојки. Некако гледам слабо на оваа тема Сакам да прашам, ги гледам овие смеровите на факултетот, и јас сакам да одам на финансиски менаџмент. Арно ама, смерот е Банкарство и финансиски менаџмент, а не само финансиски. Значи сакам да прашам, дали тоа подразбира дека со овој смер ќе мора да работам во банка, или можам и во некоја приватна компанија? Малку е глупаво прашањето ама нвм И која е разликата меѓу овој и Сметководство, финансии и ревизија, во однос на можностите за работа?
^ Wi-fi во студентскиот немаш, го прекинаја од ова година јас ко почнав, збеснувавме за интернет Ама имаш картички од Sunwireless 99, 199 денари и не знам како одат, купи си и интернет ќе си имаш. Е сега за прашањето погоре и јас не знам баш како е, ама би требало со мојот смер Банкарство и Финансиски Менаџмент, би требало да можиш да работиш во банка и во други финансиски институции како шо се Инвестициските фондови, осигурителните компании и сите други учесници во финансискиот пазар. А со Сметководство, Финансии и Ревизија, би требало да е само за Сметководствено биро, не сум сигурна и јас не знам како е. На што смер планираш да одиш?
Па на банкарство и финансиски менаџмент, ама како што реков, не сакам да работам во банка или такви институции туку да бидам навистина финансиски менаџер во некоја фирма или пак да си отворам своја. Колку ќе стигнам до таму времето ќе покаже а инаку таа картичка за Wi-Fi што чини 200 денари важи само за 1 месец?