Колешки а јас слушнав дека сметководство ќе ги менувале прашањата, така рекле тие на вежби не се раководете многу по прашањата направени се нови.. што мислите вие?
Материјалот е тој колку и да ги менуваат прашањата. Јас до душа не сум слушнала за такво нешто, но уште од почеток не се ослонувам само на прашањата од либро/збирката. Си учам од учебникот и паралелно со тоа ги решавам некои од вежбите и прашањата во збиката. Ќе може ли некоја од постарите колешки да напише нешто повеќе околу тоа како би изгледал и какви отприлика прашања би можеле да се паднат на колоквиумот по Основи на Е-бизнис?
Ако може малку помош како да се пресмета работен капитал, нето добивка и бруто добивка од задачите по сметководство.
Работен капитал = тековни средства - тековни обврски нето добивка = вкупни приходи - вкупни расходи бруто добивка = продажба - трошоци на продадени добра
Сметководство полагаме во две групи во зависност од бројот на индексот. Првата е од 8:15, а втората од 10:30.
Има на огласна табла на факултет кој во која просторија полага. А ако не ти е проблем може да кажеш кој број на индекс си?
И уште нешто може ли да се смени изборен сега и на испит да се полага друг не тој шо си го полагал на колоквиум?
Ако го паднеш на колоквиуми после тоа имаш право во 3 испитни сесии да го полагаш предметот, предметите од зимски семестар имаш право да ги полагаш во јануари, јуни и август/септември.. е ако не го положиш до тогаш си го запишуваш предметот пак од почеток и пак истата процедура.. Секој предмет различно си има резултати.. некои истиот ден, некои по некоја недела итн итн..
Да знам дека ако паднеш на колоквиум си одиш на испит прашањето ми беше шо ако паднеш и на испит во јануари значи го полагам во јуни фала