Некој од вас девојки да не има нешто бар поврзано семинарска работа за инвестиции и штедење? Нешто, што и да е, иако е малку, ќе го досредам и допишам секако јас
Добро како да уплатам за колоквиум, како за испит? На која тр. да ги платам парите и по колку за едно, колку за др? Маркица на иста сметка треба? Цел на дознака и шифри такви ствари. Тоа на страната не го разбирам. Пишува: пријава за повторен/задоцнет испит, а ја прв пат го полагам.
Sephora ако уплаќаш за втор колоквиум ќе земеш уплатница од книжарата ќе треба да поплниш само име, презиме и адреса се друго е пополнето. Ако паднеш на втор колоквиум истата ти важи и за испитот во јануари. А инаку шифрите се исти и за испит и за колоквиум. Со уплатницата ќе купиш и ПРИЈАВА за колквиум а на местот каде што стои ИСПИТ ќе пишеш колоквиум има празна линија до него, а ако ти е за испит не пишуваш ништо. Ќе ја поплниш пријавата и со уплатницата уплатена ги захефтуваш и идеш на полагање. Позз
Дали знаете математика дали ќе има на втор колоквиум за процентна и каматна сметка? Нас на вежби демонстраторот ни кажа дека ретко се паѓале сметкиве на колоквиум. Некој друг да не слушнал нешто што поточно ќе има на втор колоквиум?
Не можеме да однапред предвидуваме што и како ќе има на колоквиум. Јас лично не верувам да има за сметките (како прво многу малку време посветивме за нив само едно предавање) ама кај Драге никогаш не се знае. Сигурно ќе има една задача каде што ќе треба да се реши или извод или интеграл или пак двете, една задача од долгорочни финансиски операции (или можеби две). А кога станува збор за сметките навистина не знам дали ќе дадат. Јас ги прескокнав па ако остане време ќе ги ѕирнам, чисто да знам за што се работи.
Па и јас мислам дека ќе ги нема.. ги прескокнав и јас ако имам време ќе ги извежбам. Најверојатно ќе има две задачи од долгорочни финансиски операции зашо таму има повеќе видови задачи. А и кога идев кај асистентот Кире на вежби..воопшто не ни ги спомна сметкиве, после изводи и интеграли одма преминавме со вежби на долгорочни финансиски операции.
Кога требаше да ги пријавиме кол. електронски, ги пријавив. Имам сериски број, сликано ми е тоа на тел за да си ги памтам, ама сега кога се логирав на iknow немаше ништо. Не е валда дека нема да можам да полагам? Немојте ве молам, па 45 имав математика.
Колеги немам купено пријави а утре полагам ... дали ќе ми дозволат без пријава да полагам и после да ја однесам?
Од 8 полагам а мислам дека отвара книжарата од 9 :\ Се надевам дека ќе се погоди некој фин да ме чува xD
Кога уплаќав на уплатницата го немам пишано серискиот број од предметот и сега во iknow системот пишува дека немам таксени марки за ниту еден предмет. Ќе ми прават проблем??
Ни кај мене нема ништо од пријавите, ама најверојатно така треба. Ако немавме пријавено ќе не немаше на списоците по сметководство, така да би требало се да е во ред.
Може некоја од постарите колешки да ни каже кои предмети ни се изборни за втор семестар и предлог кој да го земеме како изборен? Фала однапред