Студентот се најавува со сопствено корисничко име и лозинка (добиени на личниот маил – on-line студентска служба) Во таб-от „пријави“ е креирана јануарска сесија со дефинирани предмети за пријавување Се одбира професорот и се штиклира квадратчето во колоната пријави Само кај мене е празно и нема ништо за штиклирање и пријавување?
Ако си ги пријавила сите предмети за декемвриска колоквиумска сесија тогаш не можеш да пријавиш за јануарска испитна (нели пријавата од вториот колоквиум важи и за испитот во јануари доколку не го положиш). Затоа немаш ништо за пријавување, односно штиклирање.
Испитиве треба да се заверат на студентски или исто ко колоквиумите, уплаќаш и носиш уплатница и пријава таму?
И кај мене исто нема наведено предмети за пријавување на испити. Најверојатно од утре ќе го направат ко што треба. А серискиот број од пријавите за колоквиум кај го пишавте во пријавата? Кај код или? и дали негде наведовте дека пријавата е за колоквиум?
Ај ве молам за совет некој што имал искуство... Иако договорив една тема за магистрески со Дракулевски, ја завлечкав многу, а деновиве ми светна една друга тема во област на претприемништво, и сега имам дилеми што да правам, т.е. нешто се мислам да ја сменам оваа првично одредената која секако не ми е пријавена. Е сега Претприемништво би требало Таки Фити да ми биде ментор, па се мислам, некој ми имаше кажано дека многу развлекувал, споро враќал коментари и слично... Кај Дракулевски секако не можам таа тема да ја пишувам, а се мислам дали евентуално Шуклев да го прашам, тој некако најблизок ми е по предметите што ми ги предаваше. Има ли некој искуство со Таки Фити - дипломска, магистерска, нешто...?
Ариел јас сите што ги знам што бранеле дипломска кај Таки Фити положувале значи тој не те ни слушал за време на презентирање си правел муабети, Spoiler скоро секогаш е подпивнат и така.. Лесно проаѓале.. Една моја познаничка бранеше кај него и ете ја супер помина.. А за Шуклев јас не сум.. Барем не сум слушнала добри мислења за бранење дипломски кај него А и Таки ти е срце човек мислам дека повеќе можеш да се договориш со него отколку со Шуклев
Има веќе. Границата е на 45 (или 46) бода спуштена. http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/ ... uvanja/194
Некој да не знае каде се наоѓа кабинетот на проф. Блажо Недев по управувачко/сметководство на трошоци?
Да те пуштат нема шанси затоа што границата е спуштена на 45-46 (а првично беше кажано дека на колоквиум требаат 60 бода за да поминеш па на првиот ја спуштија на 50 а сега на 45). За поправен како што кажа феминката, ти требаат минимум 70 бода на првиот.
Пријавив испит преку интернет.Сега треба да одам и во студентски со пријавата и уплатницата од 50 денари или дирекно на испит со пријавата и уплатницата?
Дали некој знае да ми објасне како се формира крајна оценка по положени 2 колоквиуми? Како оди тоа со бодовите ...Фала однапред