Здраво Феминки, Се запишав на постдипломски на Е-Бизнис па ако може некоја од вас да ми каже нешто повеќе за Стратегиски Менаџмент кај Дракулевски како се полага? И на што треба најмногу внимание да обрнам? Јас почнав да го учам ама некако мн тешко ми оди се' да учам на памет т.е поделбите и дефиниции. Како сте учеле вие, кои методи сте ги употребувале? Однапред ви благодарам
Мене вака ми кажа колега што има преполагано еден предмет, па се мислеше дали да преполага друг ама ризикот му беше огромен дека предметот бил многу тежок, ми рече преполагај само ако си ептен сигурна дека ќе положиш и тоа со подобра оценка, зошто ако паднеш ќе презапишеш такви се правилата. А и има логика некако, зошто сите да преполагаа да си играа мајтап со оценките кај ќе им беше крајот на професориве и асистентиве...
Кога ќе има резултати Основи на економија ќе сака ли некој да слика бидејќи не можам да одам да видам на факултет?
Предметот е песна . Се се учи дефиниции посебно и најбројуванки , ќе ти препорачам да си земеш прашања од Либро многу често ги дава , првиот колоквиум скоро сите беа исти а за втоиот ги смени . Ама земи гарант ќе ти се падне некое . Методи не знам се си читаш си запишуваш некои поважни поделби па и не е толку многу материјал. Без плашење лесно е само треба да се прочита убаво а и професорот е срцка .
Семинарски даваа само на оние што првиот колоквиум го положија со 30 бода, а границата беше 32 па тоа им беше условот ако сакаат да одат на втор колоквиум. А за повисока оценка како што знам нема да има семинарски, туку Таки рече во случај да фали некој бод за повисока оценка ќе требало да се договориме со него. (зборам за смеровите на кои ни предаваше, Финансиски менаџмент и Менаџмент)
Се уште не се знае а мислам дека бодовната скала ќе биде одредена после испитот во јануари. Би требало да биде формирана според оној кој освоил најмногу бодови
Ако на некој не му е тешко да ми каже кои предмети ги има во втора година на смерот "менаџмент" ќе му бидам многу благодарна!
http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/ ... plomski/24 - Оди на линков и ќе ти отвори што предмети имаш на менаџмент...
Според водичот за студирање што ни го дадоа на почетокот на академската година овие се предметите трет семестар: Основи на менаџмент, Основи на маркетинг, Финансиски менаџмент и изборен предмет четврт семестар: Менаџмент на мал бизнис, Менаџмент на човечки ресурси и еден или два изборни (не знам точно).
Девојки наслушнав нешто, а и во претходните мислења прочитав дека некои предмети се сменети. Дека не се задолжителни. Економија на инвестиции, Основи на менаџмент и сл. Дали има вистина во ова?
Да, така е. Не знам каде можеш да видиш за секој смер кои промени ги има, али доста предмети по новата програма се сменети.
Ај ако може некоја од постарите колешки да ми посочи кои изборни се полесни да ги земам за втор семестар ..
Ве молам ако некој го знае бројот од таа што спрема по предметот економија на инвестициите пишете ми.поз