Што најчесто има не испит по математика за економисти? Има ли пак прашања на заокружување? Ги има ли некоја сликано списоците со резултати основи на економија?
Слики од резултатите Основи на економија има во групата Маркетинг-Надворешна трговија-Е-бизнис Еве ти линк придружи се http://www.facebook.com/groups/ekonomski1vagodina/ Не мора да си на некој од вие 3 смера. А на испитот математика мислам дека има 2 прашања и 6 задачи ама не сум сигурна.
Ве молам ако некој знае број од таа што дава часови по предметот економија на инвестициите пишете ви благодарам поз.
Феминки ај споделете некое инфо во врска со предметот управување со системи, како по безболно да се помине??
Некоја феминка што го имала семестаров Финансиски менаџмент ако знае што е скратено од материјалот нека ми пише на темава или во ЛП. Фалааа
Може ли во летен семестар да запишам испит кој ке го паднам во јануари? И ова со изборните ме буни...дали може да пријавувам само задолжителни и откога ке ги исположам да ми останат само изборните предмети ?
Предметот ако ти е од зимски семестар, единствено можеш да го презапишеш наредниот зимски семестар. Ако паднеш во јануари, ќе си полагаш во јуни. Наредната сесија ти е во август. Ако до тогаш не положиш ќе си го презапишеш. Е сега, ако станува збор за предмет од летен семестар од минатата година, во случај да паднеш во јануари, можеш да го презапишеш во овој нареден летен семестар.
Фала на исцрпноста во одговорот.Ич не ми беше јасно тоа. Овие изборниве и тие не ми се јасни.Може ли јас да не пријавувам изборни, да си полагам само задолжителни, па на крј да ми останат само изборните ?
откога ке ги исположам сите задолжителни предмети дали може тогаш да почнам со полагање на изборни или мора паралелно да полагам и задолжителни и изборни
Во програмата имаш задолжителни и изборен секој семестар. Значи, по правило мораш да запишеш изборен.
Како што кажа moonlight-girl.55 не може да запишуваш и полагаш само задолжителни предмети или пак само изборни. Посебно ако си прва година, по новата програма секој семестар имаме барем по еден изборен, па дури и два некогаш. Е сега во случај во трет семестар имаш 3 задолжителни и еден изборен, но имаш и еден од прв семестар за презапишување ги запишуваш само задолжителните и тој што го презапишуваш. Евентуално ако сакаш и имаш просек над 8.5 може да запишеш и петти предмет (изборен). ^ Примеров што го дадов може да важи за били кој семестар, не мора конкретно за трет.
Ај да прашам јас нешто. Овие задолжителните вие сами ги бирате, во смисла да ви се понудени повеќе задолжителни и вие бирате кои ќе ги слушате? Или пак, како што прочитав погоре, имате 3 задолжителни и тие се тие 3, однапред определени? И изборните, ако имате еден од претходната година кој го презапишувате, тогаш немате изборен, не бирате? Јас конкретно сум на УГД и правам една паралела, кај нас конкретно, во прва година нема изборни и јазик, туку само 4 задолжителни. Веќе во втора имавме 3 задолжителни, 1 изборен (кој мораме да го избираме секој семестар, без разлика дали имаме презапишан) и плус јазик, кој му доаѓа како втор изборен. Значи втора, трета и четврта ние имаме по 5 предмети во семестар. И плус ако имаме презапишан предмет, му доаѓа 5 редовни од семестарот и плус презапишаниот предмет, значи 6 или повеќе. Во однос на кредитите, задолжителните носат по 8 и 6 кредити, додека изборните предмети и јазикот носат по 4 кредити. Значи ние не сметаме колку кредити ќе запишеме, туку само бираме предмети, чии кредити се претходно веќе определени. Просветлете ме