Нашиов и вашиов систем се сосема различни и немаат врска еден со друг, не може да се удри паралела. Кај нас секој семестар има 3 задолжителни, кои не си ги бираш сам во никој случај, затоа се задолжителни. И еден изборен. Се погодува да имаш и 4 задолжителни предмети, кои ти носат некаде околу 32-3 кредити и со самото тоа дека не можеш да пречекориш 35 кредити, освен ако немаш просек над 8.5, не можеш да земеш изборен. Кај нас има презапишување, што кај вас по ти како што кажа, го нема. Ако не положиш предмет на колоквиум или во трите сесии, си го презапишуваш и си плаќаш колку кредити има. Ако имаш во тој семстар 3 задолжителни и еден изборен по правило, тогаш изборниот го избацуваш и го ставаш тој презапишаниот. Доколку имаш просек, можеш и 5 предмети да запишеш, до 40 кредити најмногу сепак. Али, кај нас, 4 предмети се и повеќе од доволно, не се постигнува повеќе, освен ако не сакаш на антистрес да си секој ден.
^ Ќе те надополнам само дека може да се случи во семестар да имаш 2 задолжитенлни и 2 изборни. Ако не се лажам ти си втора или трета година и програмата по која студираме ние во прва година е малку изменета во однос на вашата, но можеби и вие имате некој семестар со 2 задолжителни и 2 изборни. Инаку кога станува збор за кредитите по новата програма сите предмети носат по 8 кредити.
^^ Да, знам дека сега има поинаква програма на факултетов и не знам што и како ви е променето. Јас сум трета, и лани во летниот семестар имавме 2 задолжителни и 2 изборни, али сепак стандардот е 3 со 1 изборен. За ова со 8 кредити, толку ќе ви ги сметаат и изборните предмети? Дека кај нас се по 6 кредити претежно.
По осум кредити се и задолжителни и изборни. За да дипломираш треба до положиш 31 предмет од кои 19 задолжителни и 12 изборни плус дипломска со 3 кредити. (исто важи за сите, така? )
Значи математикава ме умре..нема шанси да ја положам ни до 4 година Кажете нешто на што најмногу да се обрни внимание на испит,некоја утеха,некој совет оти ќе полудам
обрни внимание највеќе на матрици амортиѕација веројатност аритметичка геометрија прогресија кредити иѕводи и влогови и ренти среќа имав си положив на овие 2 колоквиуми
Интеграли ретко се паѓаат повеќе се паѓа извод.. башка и тешки се малце јас не ни успеав да ги сфатам па не се ни замарав со нив глеј ова научи го или ако не земи приватни часови кај Баже сигурно ќе поминеш
Знам дека се тешки и јас војна водев 3 месеци пукнав со задчите... Јас кај Баже идев но ти викам научи го ова задача сигурна имаш од матрици и амортизација тие две ти се сигурни а исто и тие горе што ти ги напишав ама убаво извежбај ги и сигурно ќе поминеш
Погрешно си ме разбрала има и кај нас презапишување, ама презапишуваат тие што немаат освоено 42 поени од предиспитни активности (семинарска, предавања, вежби и прв и втор колоквиум, значи кај нас правило е од овие активности да се освојат минимум 42 поени за да се оди на завршен испит). Ако некој има освоено 42, ама не освои да речеме уште 9 поени за да стигне до 51 за 6ка, тогаш има право да го полага испитот уште 4 пати, од кои 4тиот пат е пред комисија. И сега ако добро те разбрав, еден семестар е 35 кредити, така? Кај нас е 30 кредити. И за да земеш изборен треба да имаш просек над 8.5 од сите претходни години заедно, така? ЕКТС, а сосема различно
^ Не значи дека мора да се 35, туку максимум може да бидат 35 кредити. Јас на пример во првиот семестар имав 4 предмети по 8 кредити, значи 32. А минимумот е 21 кредит, ако не се лажам.
Koleshki da ve prasam,matematika bev na uvid kaj Janev mi kaza da odam vo ponedelnik dali postarite znaete dali ke mi dava zadaci da resavam ili pak ima sansi da me pusti )
Ooo Драге има две опции 1. Те бендисал па сака да пак да те види , и да те матка 2. Немал време па во понеделник зависно од расположение можно е да те пушти . задачи не дава да решаваш , знам многу случаи каде што пуштил на увид.
Некои од постарите колешки ако знаат да ми кажат дали на испит математика се повторуваат некои задачи од колоквиумите истата година.. Барем една задача, две.. или не?
Офф Аман оваа математика веќе притисок ми е да положам, на глава ми стои мислам дека јанев веќе! А се паѓа исто нели прогресиите или потрошувачки, веројатност или комбинаторика ( инаку да прашам тука може да се падне бином?), матрици, извод или интеграл, влогови и ренти и амортизација.. Тоа е таа комбинација така?
Ти ја знам маката верувај иако беше пред 4 години јас уште имам трауми некој што му е посвежо може да ти каже подетално и поубаво , јас на испит имав 1 веројатност ,мислам дека веројатноста ретко кога не ја дава омилена му е , матрица , извод , и кредит задача те влогови ренти и 2 прашања на заокружување колку што се сеќавам
Сепак ти благодарам на одговорот Секој што поминал низ тоа знае кој стрес е да полагаш кај Јанев Па уште и на испит... Ама ајде ќе биде, си решавам сега
Ауффф, абе овие се смениле, не ми се верува. Јас имам 31 предмет, од кои 23 задолжителни и само 8 изборни, а дипломската нас ни е 5 кредити.