Ako moze nekoja koleska so bila na ispit politika na socijalen razvoj da kaze sto najcesto dava i dali e se so pisuvanje?? blagodaram odnapred
Е тоа е.. Самиот професор ме демотивира затоа што кај него не е фактор знаење туку фактор како е он расположен. Ама тоа е..
За математика потребна ти е многу среќа. Не викам дека не треба да учиш, ама мислам дека среќата е пресуден фактор. Сепак, не се откажувајте пред време ништо не се знае, можеби ќе положите. Не се поставувајте песимистички спрема предметот. Вежбајте, одете на испит сигурно нешто ќе успеете да решите.
^Дефинитивно. Земете вежбајте, разгледајте ги можностите и видете што може да ви се падне. Разговарајте со некој кој има повеќе искуство. Ако ви е убаво научено имате повеќе шанси да положите, него на среќа. Барем едно нека ви е сигурно, па среќата сама ќе си дојде ако сака. Јас положив, па гарантирам дека беше затоа што знаев. Инаку сум малер невиден и подобро што не се потпрев на ксмет.
Koleski moze nekoja da mi objasni kako odese toa za usoglasuvanjeto kaj vlogovi i renti, koga se usoglasuva koga ne? ps: se izvinuvam za latinicata nesaka da mi se smeni poddrskata na pc
Усогласување се врши кога вложувањето/примањата, рентите не се еднакви со вкаматувањето (вложувањето/примањето е почесто од вкаматувањето). На пример ако вкаматувањето е годишно а вложувањето е семестрално тогаш треба преку формулата да се изврши усогласување. Доколку вложувањето или рентата (било што) се на пример квартални и вкаматувањето е квартално не треба ништо да се усогласува. Се надевам дека ти се разјасни. И уште нешто многу важно (можеби веќе го знаеш) после усогласување влоговите/рентите секогаш се декурзивни, без разлика дали ти биле дадени како антиципативни или декурзивни.
Не кревајте мн паника за математика, ако имаш знаење сигурно положуваш, и задачите кај "елиминаторните" тестови можат да се решат (барем за положување), јас си го презапишав, во прва година на сите можни полагања бев (на некои паднав од немарливост, да го препишеме тоа на немање среќа, што е потребна кај драге хх) .. Во втора идев на часови кај Баже и видов колку само пропусти сум имала, го фатив на колоквиуми и си излвеков 9ка, зошто вториот кол ми беше послаб, секогаш на втор дава каде каде потешки тестови А имам другарка која не ја пушти на трет кол (тогаш на 3 кол се полагаше) со сите решени задачи и и рече ајде колешке се гледаме на испит.. и по толку малтретирање си го положи на испит..
Дали има некој прашања маркетинг на услужни дејнсти што се паднаа на испит во јуни или август? thanks
Женски знам дека многу прашувам ама мака си имам.. Математика на испит дава итеративна метода или најчесто се паѓа влогови и ренти? Неможам да ја сфатам таа метода и формулите ми ги нема во таблица..
мала е веројатноста да ти даде итеративна метода... повеќе дава влогови и ренти него тоа но можно е да ти се падне
Ахх таа математика, кога ја имав пред две години ми изгледаше како крај на светот да е, но сега со предметиве што ги имам си викам боље кај Јанев ќе поминам. Само не се плашете и нервирајте, не слушајте приказни од типот идење на полагање со мрсна коса, дека ако го извади одоздола е елиминационен, систем шестар и сл.Сите тие приказни се од студенти кои не успеале да положат, дека е терсен професорот терсен е, ама Мајкл Маерс не е. 1.Кога полагате прочитајте ја задачата и обавезно барајте во збирка слична или иста,мене и на колоквиум и на испит ми се падна целосно решена задача(ако имате некои познавања од математиката не ја препишувајте од бројка до бројка исто, во математиката некои работи може да се решат на различен начин) 2.Исто така препишувајте.75 % од студентите кај нас вака го имаат положено предметот (меѓи кои и јас) договорете се со некој колега на кого повеќе му лежи предметов да биде спремен да му стигне задача по мобилен и да ви го испрати решението. Но пазете!Бидете многу внимателни со мобилниот. Доколку полагате во читална седнете на крајните клупи но никако по краевите затоа што често пати асистентите кои се на вториот кат знаат да погледнат надоле. Мобилниот можете да го ставите во чизми сега се актуелни високите чизми па и да ве примети некој одма пикање внатре.Јас лично си го извадив од џеб ја исправив таблицата демек читам нешто и си ја напишав пораката. 3. Вежбајте и не губете надеж. Понатаму ќе се сретнете со далеку потешки предмети, математика е гола вода за она што ве чека. Верувајте во себе и се ќе биде во ред. и за крај молете му се на Семоќниот Бог на математика Јанев! СЕ ШЕГУВАМ! )
А да ве прашам, на испит математика од прилика со колку решено се поминува? Јас имам три ипол решено и едно теоретско.. има надеж?