Некоја феминка да сподели искуство со предметот УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ? Од каде се учи ... тешко/лесно ?
^Зависи и од смер и како ќе се погоди, колку учиш итн. Јас математика без проблем положив на пример. Втор колоквиум скоро и поим да немав. Едни викаат прва е најлоша, други втора итн..
Секоја година е се полоша и полоша! Прва мислев оти ќе пукнам, втора беше бетер, трета, не знам дали сонце грее надвор или снег врне. Во четврта ќе ви пишам дали има подобрување на ситуацијата.
Вака гледајки наназад се ми било лесно , а пред да дипломирам оф мори мајко . Па не бива без мака да завршиш факултет ( уствари може ама не на УКИМ ) За математика ми беше муабетот да ви дадам препорака да не одите мн мн по увиди ...
А зошто да не одиме? Јас баш сакав да одам по што нешто решив нешто не и не сум многу сигурна дали ќе положам
Па Јанев знае на колешките да им каже некои зборови кои ... па и не се достојни да излезат од уста на 60 годишен човек, па уште и упатени на 20 годишно девојче .... Често знае да биде вулгарен и непристоен. Се зависи од тоа како ќе те бендиса
На увид за испит немам слушнато дека пушта , на колоквиуми почесто . Ама не знам да не те излажам имаше и дополнителен дел , ама мислам дека тие ги објавува кој се на дополнителна ....И нормално мора да одиш да каже што задачи ќе бидат . Баш за тоа што го пиша сноу вајт по можност избегнувајте увид ами сеа ако се мора се мора ...се надевам добро ќе поминеш
Па факултет е, не е средно со два саати учење петка да ти пишат. А, тек кога ќе почниш да работиш, е тогаш дали ќе разликуваш ден од ноќ.
Девојки ај ве молам совет некој да ми дадете...се мислам што да правам дали да сеп префрлам на финансики меназмент или да си останам на економија смеров??? кој е полесен каде има повеќе бубање на памет каде најчесто колоквиумите и испитите се на заокружување и тн.
Совет - да си се префрлиш на Финансиски. Има каде каде поинтересни предмети, што не се за бубање и се учат со разбирање. Додека и Економија имаат некои исти со Финансиски, али некои предмети, ауф, по самото име кога ќе им го слушнеш, се прашуваш што мајка бараат на Економски. Ако си по новата програма, не знам кои предмети се сменети, али тоа е тоа. Кај Јанев кога ќе се видиш на тој списокот за дополнителна после испит, треба и препорачливо е да си одиш на увид. Оти тој гледа што си решила и ти дава кои теми да ги вежбаш и нема време да си зборува глупости, оти најмногу една минута си внатре, колку да ти каже човекот. Приказни секакви се вртат, али вие многу ја преувеличувате работата. Немаш што да бараш на увид ако си положил, а оти има и такви, што плачат за 10ки, нормално дека после ќе им го фати тој пикот и ќе им дава елиминаторни, бла, бла ... Не му се плашете толку, не јаде.
Па и мене ми беше тоа поентата дека ако ја нема на список за дополнителен нема зошто да оди јас немам разбрано да пушти на увид за испит , ако ја има на список мора да оди
Ако сакаш да се префрлиш на финансиски префрли се. За полесен, економија е полесен смер, но залудно ако не си заинтересирана за тие предмети. Е сега не знам како оди таа постапка на префрлање од еден во друг департман и дали на секого му се дозволува. Знам само дека тоа се прави кога ќе завршиш со испитите од прва година, или грешам? Имам правено муабет со доста луѓе од другиве смерови кои сакаат да се префрлат на финасиски менаџмент, затоа кога ќе биде времето за префрлање, стори го тоа веднаш, секако ако одлучиш да се префрлиш.
Постпката за префрлање е така што пишуваш молба и ја носиш на студентски , чекаш некое време да ти ја одобрат и таму процедурите после ќе ти ги кажат . Инаку може и во прва без положени испити а и со положени и најкасно може во прва доколку си веќе втора година и си полагал нема да може бидејки од втора почнуваат да се делат смеровите .
Колешке јас колку што слушнав организациско е на заокружување, а социологија имало и плус есеј да се напише Е мене прашањето ми е, дали кај организациско се прашањата со еден точен или може и повеќе да има?
Организациско дава околу 25 прашања со повеќекратен избор, и неколку точно/неточно. Викаше лани за втор колоквиум дека ќе даде и отворени (по некоја дефиниција да напишеш и сл.) али не даде. Прашањата му се набројуванките или дефинициите, во стилот на Шуклев. (сепак Дракулевски му бил асистент на Шуклев и има негов стил на оценување). Али предавањата му се поинтересни од оние на Шуклев. Исто имате дополнителна оценка од презентација.
Значи не е нешто претешко.. Викаат дека ако немаш учено менаџмент да не го земаш, ама па некако неможам социологија и во средно не го сакав
Не е тешко, доста работи се повторуваат од менаџмент. А и скриптата е мала. А за социологија незнам. Не сум го имала (а нема ни да го имам )