Искуство од теорија на одлучување кај Благоја? И да Столе на ист принцип работи како Шуклев? Бара редовност? Ова за деловно планирање..
Колешки да не знае некоја од вас кој го предава сега Управување со резултати , пошо пишува на страната дека е Бојаџиовски но тој како што знам е отиден веке во пензија... ???Па ако знаете и нешто плус за предметот каков е лесен/тежок и сл. пишете
Како изгледа дополнителна по математика за економисти кај Драги Јанев? Може ли да се носи збирка и таблици тогаш? Навистина ли ги давал истите задачи од испит што не си ги решил?
Ќе одиш на увид и ќе ти каже кои теми да ги вежбаш (тие задачи што не ти се решени на испитот), на дополнителна дава 2 задачи, можеш да носиш и збирка и таблица.
За Благоја незнам, а Столе, Дракулевски-деканот и оној Леонид како и да се презиваше, се бивши асистенти на Шуклев и се негово paste. Односно, имаат исти принципи на оценување, предавање и тестирање. Значи само набројуванките се важни Пази молим ти се, за да бидеш manager мора да знаеш набројуванки Аха, да ... Штом е отиден или Постолов или Љубчо Ефтимов-што му беше асистент. Јас прашував на студентски за МЧР и тие козите таму ... ух не можам да смислам ни една од нив ... викаат не знаеме ние, тоа они ќе си одлучат, дрн дрн дрн невоспитани.
А кога ќе ни ги дели задачите од каде ќе знае кое треба на мене да го даде(од каде ќе знае што не сум решила) и колку време трае дополнителниот? Ако решиш една од тие две задачи има ли шанси да те пушти или мора двете да ти се решени?
Ќе си запише он, и пред полагање ќе ве чита и ќе ви заокружи кои 2 задачи треба да ги решите, а колку време трае нзз, не се сеќавам, најверојатно 1 саат или 45 мин..
И уште само ова и веќе не прашувам ништо да не станам досадна Истите ли ги дава од испит што не си ги решила само со смењени бројки или дава некои сосема други само слични на тија од испит?
Честитки за тие што положија математика Ај да се пофалам и јас го откачив Иначе на дополнителна давал две задачи од тоа што не си решил на испит, и колку што имам слушнато, сега не ме фаќајте за збор, најчесто ги давал истите од испит. Е сега може нема од твојата група да ти се падне, ама од тие што веќе ги дал. Но пак кажувам не ме фаќајте за збор да не ве носам на душа
Штом е отиден или Постолов или Љубчо Ефтимов-што му беше асистент. Јас прашував на студентски за МЧР и тие козите таму ... ух не можам да смислам ни една од нив ... викаат не знаеме ние, тоа они ќе си одлучат, дрн дрн дрн невоспитани.[/quote] А каков проф. е Постолов да не знаеш?Добар/строг , какви колоквиуми дава и сл.??
А каков проф. е Постолов да не знаеш?Добар/строг , какви колоквиуми дава и сл.??[/quote] Постолов на предавање не кажува ништо конкретно, се зафркава, збори глупости, далеку од нешто важно за предметот. А, за тестови незнам какви дава зш јас кај негов слушав Економика на претпријатија а тестовите економика тогаш ги правеше Бојаџиев. Сега откако си отиде, и економика ги смениле прашањата на испит (колку што разбрав сега положиле само 14 луѓе ), најверојатно и др.предмети ќе направат нешто. Земи си некој др.проверен предмет. Не земај изборен некој предмет каде што професорот заминал во пензија. Не се зна кого ќе стават на негово место.
Колешки а може ли да ми кажете нешто за професорот Драган Тевдоски статистика како предава, какви тестови дава, и дали бара оригинал книга да имаш и исто за Економика, мислам дека некој Кирил предавал, па и за него ако може нешто да ми кажете
^ Се знае кој професор на која група ќе предава или сеуште не? Знам дека статистика предава и Славе Ристески, па ќе видиме кој ќе ни се падне.
Знам само дека на е-бизнис некоја Калина ќе им предавала, а на нас другиве незнам.. Јас знаев за Тевдоски само И исто имам слушнато дека Славе бил така построг.. Ама еве постарите колешки нека кажат
Колешки ,сакам да ве прашам сметководство на испит колку прашања има и дали се половина од првиот колоквиум,половина од вториот
Кај Драган само да одите на предавања. Кога јас ја имав статистиката, полн амфи беше, за место се тепаа кај Драган, и тие од Славе идеа кај овој. Многу добро предава, решавате задачи на предавање, едноставно нешто што ретко ќе го сретнете не Економски, некој стварно да се залага за ви пренесе знаење.
Драган предава екстра, објаснува многу убаво, немаш потреба од учебник посебно нов да купуваш, јас учев од фотокопија. Да си одиш на предавање кај него, ма да и Славе не дека објаснува лошо, ама така знае да каже некој коментар кој и не е баш на место. А за Кирил Постолов прочитај малце погоре, во претходните постови. Да не се повторувам. Иначе сега економика ќе предава и Стојан Дебарлиев бившиот асистент на Шуклев А за тестовите економика сега ги смениле, Бојаџиев си отиде кој знае сега како ќе ви биде со новите.
Прочитав тоа ама незнаев дека Кирил се презива Постолов Оф мајко кој баксуз баш сега да ги сменат тестовите.. Видов и јас дека само 14 души положиле Ајде ќе видиме што како. За статистика планирав и плус да си одам на часови кај Баже најсигурно ми е така, а со економика ќе се бориме Имам слушнато дека не е некој тежок материјал..