Девојки статистика кои се професори и како се делат? Дали се знае кој ќе им предава на финансиски сега?
И статистика ли е толку тежок ? Нема шанси моиве да ми дадат пари и за статистика... кај плаќав математика али статистика тешко... Мислам не е прболем цел економски да го запишам на приватни часови Боље на приватен да отидев мајќе ми !!
Прелесни се статистика задачите, Драган ги решава скоро истите што се паѓаат и на колоквиум. Нема врска кај кој проф сте, тестовите се исти, вие кај кој сакате може да одите. Лично јас мислам економика го имав кај Постолов, ама го пријавив кај Димитар, од него потпис и оценка си земав, немав врска со Постолов, исто и сметководство по правило требаше кај Зорица да бидам ама јас го пријавив кај професорот. А економија ми беше пријавен кај Таки Фити и од него имав земено потпис ама оценката во индекс ми е од Филиповски
Професори се Славе Ристески и Драган Тевдовски, а на е-бизнис е некоја си Калина. Првото предавање ќе си видиш како ќе се поделат, тоа не може однапред да се знае. Отиди си на 1 предавање кај Драган, на друго кај Славе па види си кој ти е боље. (ма да Драган си е Драган ) Не е тежок. Јас и средно имав статистика и имав цело време тројки и четворки, сеа на факс го слушав кај Драган и редовно одев на вежби (на мене ми беше еден демонстратор кој тогаш беше 4 година на е-бизнис) и извадив 10че без проблем (втор колоквиум имав само 1 прашање утнато ) Можеш од либро, зоки да си земеш што има тестови стари и прашања и задачи да видиш какви дава. Иначе прашањата им се со 1 или 2 точни одговори (вие си определувате) и за задачите имате дадено одговори, а задачите не им се нешто сложени.
Колешки да ве прашам дали знаете кога ќе се земаат оценки по трговско право? На фб пишаја најверојатно утре ама незнам дали е сигурно ако знае некој нека каже и во колку саат. Фала однапред
По групиве пишаа утре попладне рекла асистентката ама кога е тоа попладне никој незнае Не е проблем, ќе си седиме цел ден утре ние И така од 3 економија се зема..
Нема шанси ни јас да давам пари за часови.Џабе математика дадов околи 10.000 илјади и пак паднав.Ќе се трудам сама на предавање и на вежби.
Љубезен ли е асистентот по математика да ми помогне за една задача утре да го прашам или поубаво ич да не се трудам?
Статистика не се тешки ич задачите, нема ни потреба од часови..одете само на вежби редовно и ке немате никакви проблеми.
Го пријавив втор семестар онлајн и имам три предмети,во делот за плаќање стои 4900.Дали тоа е сумата што треба да ја платиме или и втората рата е 100 Е,бидејќи сум прва година?
Колешке види на страната на факултетот, пишува убаво што и како треба да се пријави. Инаку некој предлог да ми дадете за изборен предмет семестаров( само англиски да не е ) ??
Дали во втор семестар ќе избирате 2 или 1 изборен ?И дали ќе ни фалат кредити ако запишеме само еден?совет?
Зависи која година си и по колку кредити ти се изборните. Гледај заедно со зимскиот семестар да имаш 60 кредити (ако можеш 1-2 повеќе уште подобро) со цел да немаш проблеми понатака.