Јас сум сега трета година. Во прва земавме по 1 изборен во двата семестри. Сега знам има некоја нова програма,но незнам по колку кредити ви носат задолжителните. Ама можеш да си земеш и еден со 6 кредити па да имаш помалку од 60 кредити сега, па следната година да надополниш.
Затоа што сега во летниот семестар имаме 3 предмети ( 2 задолжителни и еден изборен) можеш да си земеш уште еден изборен и така да ти се намалат следната година пример да ме земеш изборен
Ај некој нека ме просветли... Како да го пријавам онлајн вториов семстар?? Кај запишани сместари треба да идам и да стиснам на внеси или???
Дали има некој што изнајмува учебник МЕНАЏМЕНТ 7 издание? Било каква помош ќе ми биде од корист, ПП ќе ве замолам.
Отиде во пензија. Сега се Кирил Постолов, Стојан Дебарлиев (на Шуклев асистентот) а можеби ќе предава и Љупчо Ефтимов (што му беше асистент на Бојаџиоски)
Дали ќе ми помогнете или упатите на некој кој ќе ми изнајми Менаџмент 7 издание учебник? Фала однапред.
Ај некој нека ме просветло, во бунка сум Како оди ова со плаќањево партиципација? Некои викаат дека се плаќало за приватна квота 6.6 евра по кредит, така ако е ми доаѓа да платам околу 150 евра, а на студентски викаат дека за бруцоши е фиксно колку што е квотата... и сега?
За студентите од прва година е фиксна партиципацијата, т.е. секој семестар по 100 односно 200 евра. Од втора година се плаќа по 3,3 евра по кредит за оние во државна квота или 6.6 евра за оние во приватна квота.
Океееј, а тоа што прочитав дека тие што во зимски семестар си платиле фиксна партиципација и запишали 32 кредити ( 4 предмети) треба да доплатат за тие два кредити, што е? Еве сега запишувам 3 предмети па пак плаќам толку.. или и тоа не е за нас?
Нема тоа никаква врска за вас. Вие си плаќате фиксно, без разлика колку кредити сте запишале. А, како што ти кажав, од втора година ќе плаќате по запишан кредит. (и секогаш ќе ти излезе да платиш повеќе од 200 или 400 евра заради заокружувањето)
Ова е од кајгана Не би требало. Се дипломира со 31 положен и 240 кредити . 7 8 8 8. Минатата година некои си одбираа два а некој кој сакаше само еден.(во летниот) Во водичот низ студиите што ни го дадоа стои дека секоја година имаме по 7 предмети или грешка сум?
Не мора да значи. Ти можеш и кога имаш 4 задолжителни да си земеш изборен, а во летниот семестар кога имаш 2 задолжителни да земеш само 1 изборен. Тоа ти си бираш. (нормално зависи по колку кредити ти носат предметите и колку можеш да запишеш-ако имаш просек до 8.5 можеш до 35 кредити по семестар да запишеш, а ако имаш над 8.5 можеш до 40 кредити). Ама најубаво ти е ако зимскиот семестар имаш 4 предмети да не земаш изборен, а во летниот кога ќе имаш 2 задолжителни да си земеш и 2 изборни.
Според новата програма ние што сме прва година имаме во прва и во втора 3 задолжителни во зимски и два во летен, а во трета и четврта обратно, два во зимски и три во летен ( барем мојот смер финансиски ) така да јас планирам следната година во летен да земам два, а во трета и четврта во зимски два изборни Само баш рацунав и со 30 испити ми доаѓаат 240 кредити дека сега сите предмети носат по 8 кредити, може така?
Не е важно колку предмети ќе имаш по семестар и на крај колку вкупно испити ќе ти испаднат. Важно е на крај да имаш 240 кредити. Е, сега тие ги исполнуваш во рамките на дозволени кредити по семестар. Ти си ги креираш со помош на изборните. Ако си израчунала дека ќе имаш на крај 240, иди си по тој план. BTW и јас сум на финансиски ама 3 година, и ние сме по таа старата програма.
^ Јас мислам дека е важем и бројот на предметите исто како и бројот на кредитите за да се дипломира. Значи минимум 240 кредити на крајот на четврта. Ние по новава програма за секој предмет добиваме по 8 кредити, значи со 30 положени предмети би требало да можеме да дипломираме. Меѓутоа не е таков условот. Кога се запишувавме, во договорот што го потпишавме го пишуваше следново : ... Инаку кога станува збор за плаќањето на париципација за летниов семестар за студентите од прва година државна квота треба да платиме 4920,00 ден плус тие 410 за запишаните +2 кредити од зимскиот, така?