Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Еј, зошто вакви услови? :^) И како тоа 9 изборни, а имаме вкупно 8 семестри? :?:
    Јас колку што знам треба да си плати 100, т.е. 200 евра за тие во приватна квота, без разлика на бројот на запишани кредити. По број на запишани кредити се плаќа почнувајќи од втора година (барем за нас). Ама сепак најубаво распрашајте се на студентски, со овие измениве што ги направија многу работи се смениле.
     
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    ^ Изгледа веќе не е фиксно за прва година, посебно за втор семестар. Само нешто ново измислуваат.
    Кога се најавувам во i-know системот ми пишува дека за плаќање имам 4920 (за запишани 24 кредити) + 410 ден. што должам од првиот семестар затоа што имам тогаш платено фиксно 100 Е. Тоа одговара на 30 кредити, а имам запишано 32 кредити (односно сите од прва год имаме запишано 32 кредити). Кога би било фиксно не би имало потреба да се доплаќа за тие 2 кредити, автоматски би влегле во таа сума од 100 Е што ќе требаше да ја платиме затоа што и онака овој семестар запишуваме помалку кредити.

    Инаку кога станува збор за изборните не треба да те чуди тоа. Во прва година имаме 5 задолжителни и 2 изборни. Во втора и трета едниот семестар ни е со 3 задолжителни и 1 изборен, а другиот 2 зад и 2 изборни, додека пак во четврта двата семестри ни се со по 2 задолжителни и 2 изборни предмети.
     
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    И кај нашиот електронски индекс во прва година пишуваше дека треба да доплатиме за едниот семестар затоа што така е наместен системот-пресметува колку треба да платиш по број на запишани кредити (тоа да не те чуди). А немој ни да си помислила дека ќе ти кажат следниот семестар да платиш помалце затоа што претходниот си платила повеќе :@ Тоа го нема на економски-само гледаат да те исцицаат од каде што можат (па тоа глупостите-книжен фонд дрн дрн)
    Во прва и ние имавме 5 задолжителни и 2 изборни (како што ви е сега на вас), втора ни беа 4 со 2 задолжителните, сега трета и четврта ни се 3 со 3 задолжителни и секој семестар по 1 изборен бираме (освен во втора кога зимскиот скоро никој не зема изборен а во летниот по 2 земавме за да ни бидат по 4 предмети по семестар).
    А, за тоа дека секогаш измислуваат нешто-тек ќе видиш :rofl: Многу ни се креативни луѓето на факултетот :lol:
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elena6

    elena6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И пишав на Валентина од студенстски и ми врати дека сите сме добиле маил со објаснување - според бројот на предмети што ги запишуваме и кредитите што ги носи секој предмет, а за доплатата иако ја прашав не ми пошала ништо. Кај мене нема стигнато никаков маил (а незнам и воопшто дали на некој му стигнало). Како и да е според тоа што ми го пиша Валентина мислам дека треба да платиме според кредитите.
     
  5. elena6

    elena6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Колешки дали некој знае кои цифри треба да ги додаме кај приходна шифра?
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Ако се 3 цифри што ти фалат на средина кај уплатницата за таксена марка, тогаш ги додаваш според општината каде што живееш. (сите банки, пошти имаат истакнато листа со овие цифри)
    Кај др. уплатници (за партиципација, книжен фонд, УКИМ и сл.) не се допишуваат никакви сметки. Тие што се празни полиња на уплатницата си остануваат празни.
     
    На elena6 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Dа, да така е :) Другарка денес прашала на студентски и и рекле дека треба да се уплати сумата што ја дава на iknow плус 410 за државна квота односно 820 за приватна :)
     
    На elena6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Социологија го земав како изборен па ќе може некоја колешка да ми каже нешто повеќе околу предметот, поточно каков е професорот, дали бара присуство, материјалот дали е тежок за учење.
    Знам дека покрај прашањата на заокружување давал и отворени прашања и некој краток есеј, тоа не ме загрижува, но ме интересира дали се тешки/зезнати прашањата на колоквиум/испит. Дава ли семинарска за повисока оценка? Или ако имате некој информација плус слободно споделете.
    Имам и друго прашање, дали има некоја грешка во распоредот затоа што неделно излегуваат 8 часа предавања по социологија, а на страната на Економски и во водичот си пишува дека фондот на часови е 6+0 :?:

    И да, што е со групата Колеги на фб? Не ми ја покажува во групи :^)
     
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    За групата Колеги прочитав во другите групи дека вчера била злопотребени,и не се знае дали за секогаш е избришана или привремено да не се бришат некои членови.
    За другото не знам да ти одогворам,не зедов социологија :)
     
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Ја барам групава глеам ја нема реков и оваа ја хакнале :lol: :rofl:
    Инаку искрено навистина ми е жал за групата добра работа беше се и сешто имаше.. Инаку не е привремено избришана туку е хакната и профилите на админите се хакнати така да бај бај на групата. Веројатноста е голема да се направи нова меѓутоа мене ми е жал за прашањата и тестовите што ги имаше таму :( навистина беше од корист.. :(
     
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Има и други групи каде што има тестови и слично.Но се надевам дека ќе направат нова група сега заедничка за сите смерови како што беше Колеги.
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    ^ Има веќе направено, исконтактирајте ме во ЛП сите што сакате линк, а сте студенти на Економски факултет.
     
    На kristii и elena6 им се допаѓа ова.
  13. eccffax

    eccffax Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Знае некој дали може износот за упис на летен семестар да се плаќа на рати? ми рекоа дека треба да се поднесе молба ... ве молам доколку некој знае нека одговори :D
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Девојки некоја да не има книга ММБ за продавање?
     
  15. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Може сигурнп само треба да поднесеш молба
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Да да може, знам луѓе што им одобриле. Треба да поднесеш молба и мислам на две рати одобруваат :)
     
  17. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    На нашата група го ставиле Славе да ни предава статистика,но јас сакам да одам на предавања кај Драган со друга група бидејќи сите го фалат него па би сакала да прашам дали би имала нешто проблем ако не одам со мојата група,а и предавањата статистика со другата група каде предава Драган ми се поклопуваат со предавањата Економика кај Дебарлиев Стојан па задолжително ли е да се оди кај него на предавања и дали има некаква корист од неговите предавања?
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кој го има слушано организациско однесување нека сподели искуство, сите информации ќе ни бидат од корист на нас што допрва ќе го земеме :)
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Јас го имав лани, и можам да кажам дека е прелесен предметот...Се учат набројувања и некои дефиниции...Многу е мал материјалот за учење :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fournow

    fournow Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    11
    Од каде информацијата за Славе, кој им предава на другите групи?