Јас имам, ако уште немаш најдено пиши ми лп ќе се договориме И кога веќе пишувам, имам и банкарство, монетарна економија, економија на инвестиции, банкарски менаџмент и финансиски менаџмент
Кога се пријавуваме електронски треба да избереме која група сме (тоа се гледа според распоредот) и кога ќе ја избереш групата пишува кој професор ќе предава. На прва група (менаџмент и финансиски менаџмент) и трета група (надворешна трговија и маркетинг) предава Драган Тевдовски, на втора група (сметководство и економија) предава Славе Ристески а на Е-бизнис (четврта група само за статистика) Калина.
Ќе може ли некој да ми каже подетално некои информации за банкаерство, осигурување и ММБ? Дали се обемни материјалите, какви колоквиуми има, на што повеќе да се посвети внимание? Фала ви
A како се тестовите? Знам дека на заокружување, мислев на тоа како ги формира прашањата, од побитното или така повеќе навлегува во материјалот?
^10 прашања точно неточно и 10 со повеќекратен избор (може да бидат и 3-4 и сите одговори да се можни а тоа не е наведено колку треба да заокружиш, во стилот на менаџмент во тој поглед). Од она што ми кажаа, мора да се научи убаво материјалот за да се одговорат прашањата. Испитот е 3 лекции на раскажување.
Организациско на колоквиум е лесен, воглавно се паѓаат истите прашања, набројуванки, барем лани беше така. А испитот е многу тежок, и слабо кој положува, дава 3 лекции на раскажување од целиот материјал, што и не е баш малку а и лесно со оглед на лекциите за теориите. Ако планирате да го спремате за колоквиум слободно земето го, но доколку сакате да си оставите простор за редовни и изборниот за на испит да го оставите ви препорачувам не!
Се учи од скрипта и дел од книгата Лидерство, а за прашањата не се секавам дали пагаа од тие од Либро....
2 сосем различни смера, што скоро и да немаат допирна точка, едниов микро, другиов макро. Општо како смер, зависи што повеќе те влече. Повеќето би го избрале менаџмент... помалку се запишуваат на надворешна, и тоа не значи дека надворешна не е интересен смер, ама повеќе ограничува, менаџмент е општ.
Па баш поради тоа што е општ се двоумам помеѓу нив. Со менаџмент демек не можело да се работи според струката ако немаш свој бизнис. Што може да се работи со овие смерови?
Во пракса нема врска, едни од највработуваните се баш од менаџмент според статистика, нема врска тоа.
Е како не. Баш повеќе избор имаш со менаџмент затоа што е поопшт отколку надворешна трговија. Ова прв пат го слушам искрено.
Па да ти кажам статистички, менаџмент доминираат во вработеност, зошто и повеќе има запишани,не? Ама еве искрено ќе ти кажам, ако сакате лутете се,ич не ми е гајле,ама студенти кои излегуваат од менаџмент се најбосите и најслабите студенти од економски факултет. Кој било друг смер избери си го, на крајот сите сте исти по звање,смерот нема врска,ама ако сакаш нешто од нешто да знаеш запиши се на друг смер. Менаџер не може секој да биде,а лидер уште помалку, не е нешто кое од книга треба да го научиш. Менаџмент од книгата на Шуклев и толку,што повеќе? Од не знам колку души таму што завршуваат на смеров мислиш сите менаџери ќе станат или па ги бива за истото? Не. А најмногу се жалат од нив,зошто најмалку учат за битните нешта во економијата кои можат да им се најдат во пракса. Бирај си било што друго,освен овој смер. И не гледај да ти е полесно. Срамно е да не знаеш основни економски термини, инструменти од било кој сектор, да не знае да ти каже единствен економски историски факт, да не знае да ти направи анализа на состојба некоја. На смеров се запишуваат најизгубените од сите. Ај шо да се упишам,ај менаџмент,пошо менаџер, а не зошто сака економија и не зошто го интересира нешто од економијата. Наповршните економисти од цел факултет излегуваат од тој смер,точка. И тоа ова се муабети од професори кои предаваат на финансиски менаџмент, надворешна трговија, е бизнис и слично... Финансиски менаџмент,ти се банки,но можеш да работиш и во секоја фирма, е бизнис, јас не би го избрала, бос ми е исто така и овој смер,ама сепак,актуелно е,знам многу што си се вработуваат со смеров по тмобајл,тхоум,сивус и слично, надворешна трговија, можеш да работиш од банка во девизно до било кое трговско претпријатие кое се бави со извоз-увоз и трговија воопшто,во превод во секое, маркетинг, по маркетинг агенцииве или било каде во комерција во било кое претпријатие,а во поголемите кај што имаат сектор маркетинг,исто и таму можеш,па дури и во некоја од банкиве во сектор маркетинг,ако им е развиен и важен, сметководство и ревизија, најмногу работа имаат и најмногу пари зимаат, особено со актуелни измени,ако се воспостават во пракса, најдоходовна работа е ревизор и сметководител... А менаџмент... со таквото у раце. Основни работи не знаат,о-сно-вни! Ако биле попаметни од Таки Фити да научиле нешто у прва,после тоа се гола вода. Ноу хард филингс дечки, си ја кажувам реалноста,па вие како сакате,само нека не ве заудара западњачки воздух. Менаџер не можеш да бидеш ако немаш поим од проблематиката,а немаш пошо не си учел или и да не си, има да јадеш бумбари дур стигнеш позиција менаџер,па дури и некој што повеќе знае ќе ти го земе местото. Менаџмент најмногу одат на постдипломски, некои од други факултети кои сакаат да напредуваат на работа во менаџерско место. Јас знам луѓе од машински,медицина,електро на постдипломски се менаџмент зошто треба да напредуваат на таква позиција и можат, зошто си се специјализирани во проблематиката,другите... тоа си е...