Амин! Точно е се ова што е напишано. Плус ќе додадам дека на тие на менаџмент им предаваат претежно Шуклев и неговите бивши асистенти (Дракулевски, Леонид, Столе и др.) кои го имаат истиот стил на оценување на првоспоменатиот. Во превод: учиш предмет менаџмент (кој по некоја логика треба да е практичен предмет-таква е тематиката нели ) и доаѓа време за испит и ти единствено што треба да знаеш се набројуванките кои се со различна боја напишани во учебникот. За колоквиум имаш 250стр. (тоа ти се околу 500 за испит) за кои ти се потребни околу 2недели за да можеш секоја набројуванка и табела да ја научиш и меморираш. Потоа поминува колоквиумот/испитот и се што си научила по кратка постапка му идеш delete. И веднаш се прашуваш: „Зошто по ѓаволите го учев предметот? Зар мене некогаш некој ќе ми ги бара сите тие набројуванки од кои на ниту 1 нема да ми текне откако ќе дипломирам (мене сега не ми текнува, не па по 2 години)?“ И сфаќаш дека по завршувањето на факултетот можеш (со должно поштовање) да си ја „луфтираш“ некаде затоа што и онака кај нас „генерален менаџер“ како функција не постои туку повеќето големи фирми користат „генерален директор“, а за да стигнеш до таму незнаењето ... упс „знаењето“ од Шуклев баш и не ти вреди.
дали некој има за продавање книги оригинал по организациско однесување, статистика за бизнис и економија и економика на претпријатие (ми требаат од сите по 3 книги). Ако има нека ми пише лична порака
Колешки денес при уплата во комерцијална банка за партиципацијата и адм. трошоци на местото приходна шифра имам напишано 723019 (треба 723012) Јас ги имам платено сите сметки, на трансакциската на Економски, па прашувам дали може да се исправи, или не е никаков проблем? Па и некој емаил ако има некој од тие од студентски, и дали враќаат?
Девојки ве молам помагајтеееееееееееее итно ми треба одговоров, утре полагам пазетеја задачава: Сопственик на компанија му подарил на синот автомобил во износ од 200000ден. Дали ке се пресмета ДДВ? Значи знам дека треба, но не знам дали 200000 треба да се множи со 5% или со 18%...?????
Тоа на студентски најубаво ќе ти објаснат. Треба прво да поднесеш молба до деканат, па они таа молба да ја разгледаат и ако ти ја одобрат дури после. Ама мислам дека треба да заврши годинава, на сред година мислам дека не може.
Да знам тоа, али ме интересираше кои се тие услови што треба да се исполнат, дали се бара просек ? Некој ако има искуство нека пише.
Од која скрипта да најдам за Причини за нееднаквост на платите,во врска со наемнините со пазарот на работна сила.. ?? знм има на Економски книга или скрипта за тоа ,па ако има некој нека ми пише. Ми Треба!
Отприлика која е цената на книгиве за втор семестар, прва година? Економика на претпријатие, Статистика и тоа што треба за Организациско управување..? Не прашувам за Либро, копија или слично.
Економика е 1200 мислам, статистика ти е околу 1500, а организациско само скрипти се не повеќе од 200ден.
Продавам учебник „Економика на претпријатие“. Има нешто подвлекувано со молив. Кој сака нека пише ЛП да се договориме.
До лани можеше и со копија на полагање. Сега ако е нешто променето. А зашто сакаш да купиш книга оригинал, вишок пари имаш или грижа на совест ? Да не знаеш сега кој е професор по МЧР, пошто треба да си земам оценка а професорот отиде во пензија?
Барам оригинал затоа што проф. кажа дека тие што немаме да одиме кај него да ни дал потврда (ако немаме доволно финансии за да ја купиме) и сеа не знам што да правам.. Ако ја најдам поефтино добро ако не ништо, ќе си ја копирам... Инаку проф. е Љупчо Ефтимов
Анние.мк и нас лани истово ни го кажа меѓутоа сите си купивме копии и поминавме така. Не правеше воопшто проблеми на полагање, и сам е свесен дека сите ја одбираат поефтината варијанта кога се работи за такви книги кои (не) е морално да ги имаш оригинал. Јас на предавања не се појавив, само на вежби затоа што ги објаснува кејсовите. Мој совет, присуствувај на вежби