Дали може некој со постдипломски на Економски факултет во Скопје, а завршени додипломски на друг факултет да го сподели своето искуство? Поконкретно, ме интересира колку уствари може да се навлезе во областа само со постдипломските, и дали од предавања се учи многу (професорите нудат доволно) или се учи исклучиво самостојно од материјалите за испит.
Не сум баш најсигурна, ама мислам дека заборавив да допишам помало и еднакво кај хипотезите.. Дали е можно да ми одземе некој бод Калина, или можеби цела задача?
Јас сум сеуште средно,и извинете што вака ви упаѓам во темата,но ми треба нешто за трговски друштва,форми на трговски друштва,бидејќи имам проектна задача,а никако не можам да најдам доволно материјал.. :/ се надевам дека можете да ми помогнете
Тоа можеш да го најдеш во учебникот по „Трговско право“. Јас лично го немам учебникот, но можеш да ми пишеш ЛП ако сакаш да ти пратам презентациите по кои учев. Но, на презентациите е многу накратко дадено, некои основни карактеристики на секој вид. Учебникот најмногу би ти помогнал.
Немам никаков учебник,се што учиме го пишуваме во тетратка,но не смееме да земаме информации од таму,туку од други извори..
Тогаш можеш да си го купиш учебникот, копиран таму во мавровка што се копирниците либро, зоки ќе ги најдеш, мислам дека не беше повеќе од 200 ден. а ќе ти помогнат многу
Јас завршив додипломски на Економски и сега сум на постдипломски и да ти кажам право некој голем аир од предавањата нема знаеш кој е материјалот за учење и си учиш може слободно и да не доаѓаш на предавања исто ти е
Некаде прочитав дека Драган пуштал со 22,5 условно. Може некој да ми ја потврди информацијава и да ми каже дали истото важи и за Славе?
Дали некоја феминка знае до каде треба да се учи Осигурување и од учебникот и од таа скриптата со теоретскиот дел?
Некоја од постарите колешки да ми каже како се формулирани од прилика Организациско прашањата, поделби, дефиниции, основоположници.. што најмногу се бара и колку можни точни одговори има?
Би сакала да ми кажете дали имате некоја книга, скрипта или било каков матријал во врска со БРОКЕРСКИ ДРУШТВА, што се учи на овој факултет. Ако има би Ве замолила да ми напишете наслов на книгата и од кого е за да си ја најдам. Благодарам