Има прашања со т/н и прашања на заокружување со повеке точни одговори. И дефиниции, поделби , од се се пага.. но во глобала е доста лесен предмет.
Некоја од постарите колешки да ми каже што најчесто се паѓа ЕВТ на што повеќе да обрнам внимание? Дали помагаат скриптите од Зоки и Либро? И уште нешто МТП положив со 19 поени, ги имам 10те поени од редовност и сигурно ке ги земам останатите 10 но не сакам да презентирам со што автоматски ги губам 20те од презентација. Е сега дали ке треба да одам на испит ако положам на втор со минимум 18/19? Од колку поени почнува границата за 6ка? Фала ви
^ Подобро е да презентираш, читај ја презентацијата не треба да ја учиш на памет, со неколку колеги направете ја колку да поминете на ред само, ќе си имаш поени и нема да се замараш после со испит. Иначе јас и двата предмети ги полагав со прашања од Либро и што се паѓале од минатите години. Митре истите ги вртеше тогаш. Евт повеќето на испит идевме затоа што го даваше скроз истиот тест од Либро и сите имавме 10ки, ама тоа пред 2 години, сега не знам дали уште истиот го дава.
Ако има некоја колешка што полагала економика ВО ЈАНУАРИ значи од кога прашањата ги прави Кирил, ја замолувам најмногу на цел свет да сподели како беше, затоа што слушав дека било ОТРОВ! Што имаше набројуванки, дефиниции, главното, споредното... и со колку можни одговори? Благодарам однапред
Ако има некој што полагал монетарна економија и ако сака нека сподели искуство тешко, лесно, дефиниции, или?
Јас пак за економикава.. Во некоја од групиве на фб прочитав дека во Велес веќе полагале, така да ако има некоја колешка тука нека сподели некое прашање, многу ќе ми значи..
Дали даваат стипендии на сите што ќе фатат просек 8.5? Мислам од трет тип ли која и да е.. или мора да се исполнуваат и другите услови, не само просекот?
Просекот е само дел од условите кои што треба да бидат исполнети. Подетално прочитај овде: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkurs ... -b-v-12-13
Мојш да си ја извајш оценката што ти расипуват просек, пример ако имаш 6ка, да ја скриеш Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. Демек не ти е положено, и така Поќето си прат така
Ќе може некој да ја напише целата постапка за пријавувањето пракса? Тоа земање ментор, па на студентски тоа што треба да се зема, праќањето CV, што како треба да се напраи постапно? Благодарам однапред п.с. Сакам да одам во јуни, рано е да пријавам крај на март/почеток на април?
1. Се обраќаш до институцијата каде што сакаш да одиш на пракса. (можеш лично да отидеш пр. до Стопанска банка, да прашаш дали примаат кандидати за пракса и кога би можела да одиш, или можеш и по мејл доколку имаат објавено некој конкурс за практиканти на факултет или на нивната страна) 2. Одиш на факултет, си земаш упатница, ја пополнуваш со твои податоци, одиш до било кој професор (кој ќе начекаш) да ти ја потпише. (би било убаво однапред да си знаеш дека ќе одиш во точно определена институција за да знаеш која да ја наведеш на упатницата) 3. Одиш на студентски за да ти стават печат и потпис. (нормално со индекс) 4. На првиот ден, кога си договорила да почнеш со праксата, ја даваш упатницата до лицето кое што е задолжено за тоа, кој те примил.
^Благодарам, а тоа една страничка што треба да се напише CV кај треба да се прати? Треба да исконтактирам вработен во одделот за човечки ресурси во банката или? И кога аплицирате вие што одите во јуни?
Најубаво ти да си прашаш лично во некоја банка или било каде планираш да одиш, па после ако треба они ќе ти кажат на која страна да има пратиш. По обичај CV се праќа кога се има објавено конкурс и на самиот конкурс пишува на кој мејл да го пратиш. Ако ти сама си бараш пракса, најпаметно ти е лично да се прашаш.
На сајтот имаше само за Прокредит и НЛБ (не сум сигурна за второто), а јас сакав во Комерцијална да одам, па ај ќе почекам може ќе објават и за тоа да не е рано ако бил некој нека пише искуство меѓу другото
Не очекувај да објават од Комерцијална. Имам колеги кои веќе си имаат „резервирано“ за во мај, јуни, така да тешко дека ќе објават конкурс. Ако можеш деновиве отиди си директно во нивните канцеларии за да можеш да си обезбедиш некој термин кој ќе ти одговара. Имај в предвид дека сега сите мора да имаат пракса и сите однапред договараат. Конкурси за летен период се објавуваат многу ретко заради тоа што сме многу студенти и им се пополнуваат местата одма.
Ќе може ли некоја од постарите колешки да ми каже нешто повеќе во врска со стручниот труд статистика? Што од прилика треба да се прави? Професорот кажа ќе биле или Википедиа или Истражувачки.. и сега како, на пример за тој што е Википидиа дали може да се служиме со стручна литература? И кај тој истражувачкиот дали треба прво да се решава нешто па врз основа на тоа да се пишува мислење или како?
завршувам 4та година и сакам да се запишам за е-бизнис. некои ми велат дека е многу лесно, други пак дека е многу тешко. има ли некоја што знае? ве молам за помош