Фуууј Немојте вакви работи на ден пред полагање. Иначе не пишуваме состави англиски ние. (барем не сум слушнала дека пишуваат-не одам јас на предавања). Изборен е само предметот и никој не се замара нешто околу него, па ни професорите
Ади за една од темиве треба да пишувате или за сите по нешто? И свое мислење треба или од литература? Може нешто да шкрабнеме ако треба
Здраво Ме интересира знае ли некој дали професорот Славе по статистика би попуштил за пола поен.. ми фали за 10ка
Јас за Славе иам само пофални зборови искрено Барем таков беше пред неколку год. Пробај се, нема што да изгубиш
Најубаво лично оди кај него прашај го, да те види, ако те запамтил од предавање (а памти он лица) лесно може да ти стави 10че. Среќно!
Кога сме веќе кај Славе, по демографија тешко е да се добие 10ка? Зошто нели бил лесен многу предметот. Инаку ако имаш 90.5 не е можно да немаш 10 зошто во списоците имаше две 10ки со 90.5 а 10ката почнува од 91, а ако имаш 90 не попуштаат за жива глава колку што слушнав, ако мислиш на пола поен до 90.5 ...
Девојки јас сакам да прашам,што ако не се појавиш на втор колоквиум воопште? Јас го положив 1колоквиум и го пријавив вториот за на колоквиум ,но не се појавив.Знаете ли дали сега се смета како паднат или пак да не треба да пријавувам одново испит, не ми е јасно.
Колоквиумот не си го поминала, сега испит ќе треба да полагаш. Штом не си го полагала исто како да не си го положила колоквиумот.
Ги замолувам феминките кои имале искуство со полагање на поправен по Менаџмент на мал бизнис, или Основи на менаџмент (сеедно) да ми пишат ЛП.
Дали можеби некои од тука има учебник по економија за трета година средно? Или пак скрипти, пишувано во тетратка, било што?? ВЕ МОЛАМ АКО ИМА НЕКОЈ НЕКА МИ ПИШЕ ВО ЛП ИЛИ ПАК ТУКА. Полагам економија а немам од кај да учам, професорката не ни дава ни скрипти ни учебници а уште помалку пишуваме..
Колешки вториот колоквиум статискика го паднав, а бидејќи првиот го положив условно сега треба да го полагам целиот испит, а на списоциве за полагање ме нема. Статистика не го пријавив како испит бидејќи ми беше пријавн за втор колоквиум. Ќе ми дозволат утре да го полагам или ќе мора да го оставам за во август??
Не пријави екелтронски? ако не си нема мислам да те пуштат ,нели утре ќе се полага 2 поправен на тој ли ќе одиш?ако си поправен ќе си полагаш
Електронски го пријавив за втор колоквиум, но бидејќи не го исполнив условот 1+2 колоквиум>50% утре треба да го полагам целиот испит. Колку што се сеќавам прв семестар не требаше да ги пријавуваме испитите електронски ако сме паднале на втор, па затоа и сега не го пријавив.