Дефинитивно Баже...човекот е срце... додека не положите е со вас и убаво објаснува.. Јас одев оваа сесија кај него и положив...вреди да му се дадат парите на човекот
Каков е испитот кај Кирил Постолов Економика на претпријатија, на заокружување или прашања и одговори
Зашто не баже? Јас одев кај него, срцка е, ептен добро објаснува додека не сфатиш убаво се труди, се се само најдобро, искрено не сум видела и слушнала некој друг професор толку да се залага за нешто, а и не е скап воопшто.
Мислам дека колешкава праша во смисла освен нив, бидејќи најверојатно се зафатени, а не дека не ги бива.. Да си бара друг професор.
Ааа не сум сфатила тогаш Мислам дека збореа некој Милан и Весна, баш од таа весна имаат оставено број во групите може да се провери, само за нив незнам како предаваат
Има ли некоја феминка што се разбира добро во анализа на финансиски извештаи, конкретно ми треба за помош околу коментирање на показателите (моментна, тековна ликвидност, ROA, ROE...). Ќе и бидам благодарна ако може да ми помогне.
Значи имам пресметано показатели за Алкалоид (моментна, тековна ликвидност, ROA, ROE...) сега треба да ги искоментирам и да ги споредам со компанија од истата дејност (Реплек). Пр. се зголемува/намалува тековната ликвидност зошто е така? да дадам објаснување...
Rainlover, постирај ги тука показателите кои ги имаш добиено. Обично се споредуваат споказателите на ниво на индустрија и со претходна/претходни години. Штом си ги пресметала, без проблем ќе ги објасниш.
Може ли некоја да ми каже дали Баже спрема само за економски или и за некој друг факултет? И ќе може ли некоја колешка ако го знае неговиот број да ми пише ЛП, да не му го оставаме бројот на човекот тука? Благодарам.
Јас како што знам и како што видов по групиве на фб резултати економика имаше уште на истиот ден на испитот, 20 јуни. Ако сакаш можам да ти ги пратам сликите во лп.
Може ли да ми кажете по нешто за овие изборни предмети,кој е најлесен и дали се бара присуство? Економија на работна сила-Петрески Гоце Макроекономија-Славески Трајко Меѓународни организации и интеграции-Секуловска Габер Билјана Методи на продажба-Ристевска Јовановска Снежана Микроекономија-Николовска Наталија Однесување на потрошувачите-Ристевска Јовановска Снежана Основи на маркетинг-Ристевска Јовановска Снежана Политика на социјален развој-Христов Ристо
Кој е најперспективен смер вака општо гледано? Од септември ќе се запишувам, па да ми помогнете во изборот ако може. Јас мислам дека е-бизнис е она што ќе се бара во иднина ама тоа некако тешко ми изгледа..
Предметов е со некоја средна тежина, има теорија и задачи и е доста интересен а пред се многу поучен можат да се научат многу корисни работи од него.Мегутоа не може да се положи само преку колоквиуми, покрај одредениот бр. на бодови кои треба да ги извадиш од колоквиуми треба да имаш и одреден бр. бодови од домашни( кои ке ги пушта за време на предавања), редовност и од други активности.