Најкорисен предмет на цел посран факултет. Сашо си бара, ама многу и дава. Предметот се полага и на колоквиуми, ама мече ќе родиш. Се собираат поени од присуства, домашни, проект за кој ќе ти испадне душата оти поима ќе си немаш што ќе треба да се прави , али се ќе се среди. Учи се, и задачи и теорија. Знае да ги даде прашањата малку зафркнати..
Ај некој да сподели искуство со Наука за менаџмент и Управувачко сметкооводство. Бидејќи сум на смер Менаџмент и овие два предмета ми паѓаат на еден семестар и слушнато ми е дека се тешки. Знае ли некој да ми каже како да се справам со нив, за да можам во иста сесија да ги положам и зошто да не и некоја добра оценка да извадам?
Колешки,прочитав нешто како за промена на департман треба просек 9,00? Може некоја да потврди дали е ова точно?
Јас колку што знам не е точно, затоа што еден другар прашуваше на студентски и му рекоа само молба да поднесе и 1000 денари дека се плаќало и толку
Ме интересира за Надворешна трговија... Дали е многу тешко, поени од што се добиваат, со колку поени се влегува во државна квота и се останато. Планирам тоа да се запишам, но некако не сум многу сигурна :/ а немам уште многу време. И што би ставила под Надворешна трговија ако не ме примаат??
Книгата по Финансиски менаџмент е нешто најразбирливо на факултетов. Полесно за читање и разбирање здравје. Јас не ни знам како изгледаат презентациите. Разлистај ја книгата. И прашањата од Либро. Запишувањето е некаде во септември, зависи која година си. Не можам да се снајдам јас на новава страна на факултетов. Ја има програмата само за новиве студенти, не можам да си ги најдам моите задолжителни за овој наредниов семестар. За Финансиски смер, 7 семестар - Фискален и монетарен систем на ЕУ, Управувачко сметководство, Банкарски менаџмент. Ми треба потврда дали се овие, така некако сум ги запамтила. И сите се по 8 кредити, така?
Тие се предметите, ама мислам дека не носат сите по 8 кредити. Некои оваа година ни носат помалце, ама најубаво почекај да го објават списокот и кога ќе се запишуваме на студентски ќе кажат за сигурно.
Вие од втора први се запишувате оти нели овие првачињата се запишуваат порано. Мислам дека лани беше негде пред 15ти, мислам од 10 почнаа, стварно не знам, али тој период е секако.
Јас се одлучив да се запишам на надворешна трговија. Па ако има некој да ми каже нешто повеќе за предметите, професорите, дали треба да се купуваат оригинал учебници и дали е вистина дека во 2 година има предмети што се учат на англиски?
Тоа не би можел никој да ти одговори. Јас кога се запишував со 85 поени на е-бизнис имаше и во државна, но никогаш не можеш да знаеш колку јаки и колкав број на ученици ќе се пријават. Таа година јас кога се запишував на е-бизнис беа проширени квотите. Како и да е, рангирај си го е-бизнис како прва опција, ако не те примат таму, со 85 поени сигурни ќе влезеш во некој друг смер (зависи како ќе ги рангираш) па после ќе си се префрлиш во втора година. И така, во прва сите смерови исто учите.
Сакам да се запишам економски..се мислам помеѓу финансиски менаџмент или маркетинг? финансиски ми викаат мн тешко било..нз што да правам..
Не слушај многу од страна Јесте да е тешко но не до толку да не може да се научи и да се заврши. Си треба само здраво учење. Секој смер си има своја тежина, но зависи ти што сакаш да учиш и што тебе повеке ти лежи. На маркетинг во глобала предметите се само теоретски , а на финансиски имаш предмети и со теорија и задачи и овде ти треба малку повеке мозгање. Кога би направила споредба помегу нив, според мене лично маркетинг е многу полесен. Исто така имај во предвид дека на финансиски секоја год има најголема конкуренција при упис, така да треба да имаш извадено и добри бодови од матура Поздрав
Маркетинг е од полесните смерови, ако не и најлесен. Финансиски беше тежок до пред година дена, сега ги укинаа тие умоболните предмети и ја нема таа тежина, џабе зборат тежок бил. Но, сепак уште ми е најсолиден и најсоодветен ако сакаш на Економски.