Не ми е јасно нешто... Сега при уписите нели ги подредуваме смеровите. И ако во првиот смер не влегувам во државна квота, ме префрла во второнаведениот во државна....или ме остава во првиот ама во приватна. Незнам дали ме разбравте
^Има опција при подредувањето дали потпишуваш договор за кофинансирање, го принташ и носиш со документите ако потпишеш, и тогаш те става и во приватна целовреме ако не те примат државна, а ако не потпишеш идеш на првиот смер државна, ако не вториот државна итн. се до крај, ама пр. тогаш зошто ја немав потпишано зошто бев сигурна со поените ми напоменаа дека предност имаат тие што им е прв смер, а ако остане место после идат тие што не ги примиле на своите смерови, ме сфаќаш нели? И викаа дека има можност и да те отфрлат од сите смерови ако се пополни се (нели од оние што им се на прво место и оние со повеќе поени од тебе) па да треба да доаѓаш на втор уписен, ама не слушнав за таков случај лани
Женски помагајте, неможам да сватам една работа, ако не ме примат во прв уписен рок во државна дали во вториот директно одам со кофинасирање или има повторно втор уписен рок за државна? Зашто тражев на веб сајтот на Економски и гледам дека лани во втор уписен рок има само со кофинасирње.
Втор уписен рок има само за оние смерови и квоти кои не се пополниле при првиот. Најчесто на Економски уште во прв уписен рок се пополнуваат местата за државна квота на сите смерови. На некои смерови и приватна квота се пополнува во прв уписен рок, како што беше случај лани со смерот финансиски менаџмент, не ми текнува дали уште некој смер веднаш се пополнија двете квоти.
Предметот во глобала е многу лесен ( мене лично ми беше најлесен до сега), материјалот е мал, по 70 стр за колоквиум а плус се учи од мала книга. Прашањата на кол се доста лесни и се со еден точен одговор на заокружување, а има и 5 отворени прашања ( не се тешки, пагаат најглавни работи) . Нема да згрешиш ако го избереш.
Ке може да ми кажете каде се наога август-септемвриската сесија на страната на факултетот? Никаде неможам да ја најдам.... Само не ми давајте линк, тоа го имам ...мене ме интересира како јас сама да ја најдам на странава .
Ќе може ли да ми каже некој ако е информиран што е скратено по предметот Претприемништво за на испит или како изгледа испитот со прашањата по предметот Оптимализација Благодарам
Ај некој љубезен ако можи да ми објасни нешто појќе за смерот економија...лесен, тежок...како се испитите во поголем број се оптички или со отворени прашања...???
Колеги да не знае некој од лани листата кај можам да ја најдам на примени и со поени , јас кога се запишував знам дека буквално за 0.5 можеше да си неколку места подолу пошто многу пријавени има,ме интересира некој од искуство вака да не знае со 82 поени дали има шанси да се влезе во државна квота за смер сметководство и ревизија и дали ако не можат таму да ве примат може да ве префрлат во смерот кој сте го навеле како 2 , па после нели во 2 година да си мењаш смер , или тоа со префрлањето смерови при запишување е само ако нема место во некој смер дури и во приватна квота ?
Искуство за Однесување со потрошувачи, сакам да го земам за изборен ама се двоумам Снежана Ристевска-Јовановска го предавала
Колешки еден совет од вас, незнам кој предмет да го земам за изборен овој семестар.. Демографија, Еколошки менаџмент, Економија на работна сила, Микроекономија, Методи на продажба или Однесување на потрошувачите? Кој од овие е најлесен и за учење и за полагање..
Јас го имав однесување на потрошувачите годинава како задолжителен, и искрено незнам дали да го земете за изборен. Јас поминав лесно, но имам колеги што доста се намачија и уште се мачат со тој предмет. Прв колоквиум Снежана ни даде книга на полагање и тукуречи сите поминаа.. Имаше околу 5/6 колеги паднати но и тие ги пушти со услов на втор да ги вратат поените што му недостасуваа. Проф. инаку на полагањата на нејзините предмети не дава повеќе шифрарници само еден тоа и е правило. Е сега за вториот колоквиум требаше или книга да ни даде или пробен колоквиум но ништо од тоа. А материјалот за учење е доста глупав и неразбирлив. Бидејќи во ист ден полагав 2 колоквиуми и морав да изберам кој да го спремам Однесување го оставив само еднаш го прочитав материјалот една недела пред колоквиум и отидов на среќа. Го положив со минимални поени и бев пресреќна. Многу се препишуваше на тој колоквиум и пак половина и повеќе колеги положија. Останаа околу 50мина за во јануари и тогаш Снежана масакр направила само 5/6 мислам дека положија или ниеден не сум сигурна. Исто и во јуни околу 10 имаше положени.
Девојки сакам да се запишам на постдипломски и сега гледам дека бараат потврда за познавање англиски јазик. Проблемот е во тоа што немам посетувано курсеви и немам таква потврда, а имам некое си надпросечно познавање Ако може, според вашите искуства, да ме упатите каде можам да ја набавам . Ќе ви бидам преблагодарна. Бацки