Економски факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од LadyS, 18 јуни 2010.

  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Демографија :)
    Предава Славе (статистика) и Марија е асистент (се врати она од породилно). Мал е материјалот, а можеш и директно на испит да го оставиш и без проблем да извадиш висока оценка.
    Јас во прва го имав микроекономија како изборен и ми беше лесен (имам 10ка ]:) ) арно ама мене ми предаваше старата професорка, а со новава само ми се жалат. Не знам сега колку си ти сега спремна да ризикуваш.
    За другите не сум многу запознаена.
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    И уште нешто да ве прашам.. Гледам дека во листата за изборни англиски јазик го нема, дали тоа значи дека по новава програма е исфрлен и неможеме да го бираме? :^)
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.432
    Да.
     
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    |( Знаев дека сум баксуз.. Баш викаа дека е лесен ептен. Ама ај нема многу да се бунам, и прилично тешки предмети ми исфрлија..
     
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    А што се жалат многу од славе за статистика,или нема врска со овај предмет?
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Се жалат од Славе заради неговите не така вкусни „шеги“ што знае да ги каже.
    Инаку Славе стварно знае да предава, можеби не толку добро како Драган, ама во споредба со многу други професори на факултетот Славе е екстра. Јас кај него сум слушала и Анализа на временски серии, кој е изборен како и Демографија, а за изборните професорите многу-многу и не се замараат. Знаат дека тоа не е предмет кој е од големо значење за нашата струка.
    Така да - немајте гајле заради тоа што Славе е професорот. Како и да е, почесто ќе ја гледате Маца отколку него. :D
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Колешки да ве прашам уште нешто, сега кога ќе запишуваме трет семестар треба пак да плаќаме тие 4050 за книжен фонд и дрн дрн незнам за уште што? Малце не ми е логично секоја година да ги даваме аман веќе ни испаѓа како на приватен да сме |(
     
  8. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Секоја година се плаќа. Само што сега по помалце. Да не те излажам, мислам дека околу 1500 ние лани плаќавме, но како и да е, се плаќа.
    Туку, да не знаете кога се уписите? :?:
     
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Ахх фала ти :)
    Инаку јас како што слушнав од 9 до 20 дека ќе се ама незнам како се по години распоредени..
     
  10. fournow

    fournow Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    11
    Колешки како оди процедурата за промена на департман,кога се поднесуваат документи? Оваа молба што треба да се поднесе се наоѓа на факултет? Исто слушнав за некој си нов закон од годинава,па за да останеш во државна квота требало просек 9,00,знае некој нешто за ова?
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    http://www.eccf.ukim.edu.mk/Article/66 повели :)
    Тоа за просекот мислам дека нема врска, еден другар на студентски прашуваше не му кажаа ништо за тоа :)

    Едит: грешка моја, он е приватна веќе така да најверојатно затоа не му спомнале ( ако е ова вистина) ама најубаво пиши и на раководителката на студентски она ќе ти објасни најубаво, вака само сите нагаѓаат :)
     
    На fournow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58
    Знае ли некој нешто повеќе за овие предемти: Промоција, Маркетинг Менаџмент и Управување со производот. Кој е потежок, полесен, пообемен и слично? Најверојатно ќе треба еден од нив да отфрлам да го оставам за наредната година и незнам кој.
    Ви благодарам однапред.
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Овие теткиве од студентски враќаат на маил? Им пишал некој до сега? Јас им пишав и на раководителката и на таа баш за смерот што ми е да ми кажат точно на кој датум запишуваме семестар ние од втора ама некако не ми вратија |(
     
  14. Iv.girl55

    Iv.girl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Ако си и пишала на Валентина враќа на маил :) Ако не, пиши и повторно..мора да врати!
    Ако те извести за запишувањето на 3 семестар споделии тука :)
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А дали износот од 4050 ден. што се плаќа во 1ва, и понатаму е толку или? Ако знае некој нека ми каже колку е точно :)
     
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Има ли некоја тука што го полага сега маркетинг менаџмент? Разбрав дека професорката рекла ако сме биле помалку од 30 души ќе ни дала на пишување испит....
     
  17. suzann93

    suzann93 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Колешки сега ке бидам втора година а имам еден неположен предмет од зимскиот семестар.
    Како оди сега тоа, треба да отфрлам еден(по мој избор?) и да го презапишам тој што го немам положено. а што се случува со предметот што ке го отфрлам? наредната година ли треба да го слушам а друг да отфрлам?
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Па не е баш по твој избор, мораш да отфрлиш изборен т.е нема да запишеш изборен, на негово место го запишуваш математика. Со тој предмет не се случува ништо, ќе ти фалат 8 кредити само, односно еден предмет помалку ќе имаш. Следната година си запишуваш нормално пак колку што треба предмети и кредити, освен ако немаш 8.5 просек па можеш 40 кредити да запишеш :)
     
  19. suzann93

    suzann93 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    значи петиот семестар(под услов сите предмети да ги положам) не треба да презапишам тој што ќе го отфрлам туку ќе си ги имам предметите предвидени за тој семестар
     
  20. fournow

    fournow Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    11
    Ако може мала помош во однос на изборен предмет за втора година ? :)
    Споделете искуства за следниве предмети:
    - Демографија
    - Финансиски пазари и институции
    - Макроекономија
    - Економија на работна сила
    - Меѓународни организации и институции
    - Методи на продажба
    - Микроекономија
    - Однесување на потрошувачи
    - Дигитална економија
    - Политика на социјален развој
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.