Го листам сега водичот за студирање од лани и гледам дека и предметот Организациско однесување има шифра 130, а никој до сега не го спомна. Во средно го имав овој предмет и не беше тежок, па не знам дали да го изберам тој. Што мислите вие?? Важи ли како лесен или тежок предмет?
Мислам дека мора да се плати за студентски парламент минатата година сите платија. Иначе сега неможеш да го избереш организациско однесување зошто тој предмет можеш да го земеш како изборен во летен семестар. Сега земи го трговско право лесно е
Организациско и социологија се изборни во 2 - летен семестар. Организациско е во глобала лесен набубуваш само идеш и заокружуваш. Ја лани не платив студентски парламент и ниедна моја другарка не плати, кој сакаше си плаќаше.
Економистки објавен е распоредот за зимски семестар http://www.eccf.ukim.edu.mk/Table/62 Инаку да не знаете од кога почнува онлајн пријавувањето?
Кој предмет да го земам за изборен, еколошки менаџмент или деловна етика? Е-бизнис веднаш го отфрлив бидејќи е на англиски.
Што да земам за изборен кога се се поклопува Маркетинг, ФПИ, Демографија, Менаџмент се води евиденција?
некој совет дали да одам на увид математика затоа што мислам дека имам решено доволно а немам положено ????
Доколку му е денот т.е е станат на десна нога, ќе те пушти, а ако не му е ќе ти рече како мене во Јануари се гледаме наредна сесија дури и тетратката си ја собрав од подот Пробај си ја среќата, може да те пушти, само не му се противи .. на крај, ништо па и не губиш, само ќе можеш да добиеш
Оди обавезно штом мислиш дека си напишала доволно за положување. Може тој да направил некоја грешка... кај него не се знае ништо.
Ја погледнува ако сака.. некогаш објаснува, и кажува дека грешката е до тебе. Беше денес на увид ? Како помина ?
Сметководство на јавен сектор, да не го имал некој за изборен, да ми каже искуство подетално ако може...
Што мислите од Менаџмент,Маркетинг,Финансиски менаџмент и Демографија, што би било најдобро да оставам за испит во јануари? Ако може и да ми каже некоја колешка по кои од овие предмети присуството е задолжително т.е се води евиденција?
Женски ај споделете искуство за Финансиски пазари и институции, Макроекономија и Финансиско сметководство.. Дали бараат редовност, како се предметите, колоквиумите, што бараат и дали мора оргинал книги да се земат?
Кој предмет да го земам за изборен, еколошки менаџмент или деловна етика? Е-бизнис веднаш го отфрлив бидејќи е на англиски.
Фпи и макро не се тешки предмети првиот ке си го учиш од презентации, а вториот од книга. само треба се да се разбере без бубање и нема да имаш проблем. Редовност не се бара, секако ке добиеш потпис. Фпи ги менува прашањата, освен отворените, а макро на испит ги дава истите од кол, само без врска е што не се знае колку точни одг има. Книги немора оргинал, земи си копии од либро каде каде е поефтино, сепак сме економисти
ФПИ- Колоквиумите се на заокружување, а на вториот дава и 1-2(не се секавам точно) отворени прашања да дадеш свое размислување. Материјалот пожелно е да си го учиш од книга , со разбирање, затоа што проф. дава на кол. претежно логични прашања. Не бара задолжителна редовност и не мора оригинал книга. Финансиско сметководство- предметов е со книжења, колоквиумите се само на заокружување и проф. не бара редовност ниту пак треба оригинал книга. Малку е тежок како предмет( поконкретно за тие што за првпат ке учат книжења, т.е. не учеле во средно ), но со редовно учење лесно се освладува. Поздрав