Колешки, прочитав во една група дека можеби ќе се сменел професорот по трговско, асистентката добила статус на професор.. Дали знаете нешто во врска со ова? Баш сакав да го земам трговско, ама ако е сменет професорот, ќе биде и потешко малку..
Сакам да ве прашам за изборните предмети за зимскиот семестар (1 година) кој се најлесни и се ваѓаат убави оценки ? Што мислите за Управување со производот и Трговско право . И ако има некој од департман Менаџмент нека пиши лп
Некој совет за маркоекономија, микроекономија и политика на социјален развој...??? Дали е потребна редовност на предаванје и на кој предмет треба повеќе внимание да се посвети...???
Управување со производот не е во 1 семестар, Трговско е релативно лесен предмет, слободно земи го Воедно да прашам, Демографија како е на колоквиум,а како на испит ?
Може некој да ми каже меѓу кои предмети изборни се бира за прв семестар а и да ме посоветува за нешо полесно,јас сум на смер сметководство и ревизија.А да и дали на запишувањето утре се плаќа цела сума на пари 200 евра од државна квота или на рати ?Како иде тоа
Трговско право, Е бизнис, Деловна етика и Еколошки менаџмент. Првите два се најдобар избор Околу плаќањето, се плаќа 100 евра сега.
Се мислам помеѓу Деловна етика и Еколошки менаџмент?Барам мислење и некој кој има искуство со ова да ми каже со кој можам да поминам полесно
Јас лично немам искуство со овие, ама имам другарка што беше на еколошки и другар на деловна.. Другаркава многу добро помина на еколошки, на колоквиуми си го положи, а другаров на деовна уште нема положено, потежок предмет бил, и плус на испит во јуни сега ги зезнал малку, им рекол дека ќе биде на заокружување а им дал на пишување прашања.. Така да јас кога би бирала меѓу овие два, дефинитивно еколошки
Благодарам на советот..Прелистав малку наназат на оваа тема и гледам некој дават лоши коментари за еколошки некој пак за деловна етика ... и навистина сум во дилема .. во секој случај ти благодарам очекувам да добијам и некој други мислења
^Абе глеј, ни еколошки не е некоја најдобра алтернатива.. И јас се мислев за него ама бидејќи сега имам и друг избор го оставив тој. Е сега ако изборот ти е само овие два тогаш мислам дека е подобар еколошки. Претпоставувам прва си, ги имате и трговско и е-бизнис, ако не си надворешна трговија можеш трговско да го земеш, лесен е многу на заокружување со еден точен, а ако сепак ти остануваат само овие два тогаш јас мислам еколошки ама ете нека ти каже уште некој мислење
Што мислите за ФПИ за изборен предмет,ми делува најинтересно од сите? Сепак ми треба некој полесен предмет
Колешке немој да земаш за изборен предмет што е задолжителен на некој смер. Одбери си некој од листата на тие што се само изборни , полесни се.
Тогаш ми останува Демографија,знаеш можеби каков предмет е? Да слушнав дека не е тежок и немало многу материјал, ама сепак не сакам предмет кој нема да биде разбирлив или досаден за учење. Радо би учела повторно Економија отколку Трговско право Ако знаеш какви се колоквиумите или пак испитот пиши
Гледам си пишала дека бодови за редовност добиле само тие што биле на повеќе од 80 % од предавањата, е сега тоа мене ќе ми биде проблем на пример зашто ми се поклопува со менаџмент и маркетинг
Епа сега ке калкулираш некако со предавањата , тебе како ти одговара ама во секој случај не се задолжтелни...