Јас мислам дека прво електронски ќе пријауваме семестар (бираме задолжителни и изборни предмети), па потоа на студентски ќе се запишуваме со сите потребни ствари. Ако ви текнува и втор семестар така го пријавувавме. Од понеделник натака би требало да има подетално известување околу запишувањето на студенти во втора, трета и четврта година.
Јас баш сега отворив на iknow и имаше опција да се запише зимски семестар и предметите беа дадени, така да најверојатно веќе може да се пријавува
^ Па колку што се сеќавам мислам дека запишувавме ние и зимски семестар лани.. така да ваљда ќе треба
Јас мислам дека прв семестар не се пријавува електронски. Вие денес и утре запишувате семестар директно на студентски, затоа што сеуште немате i-know профил кој што ќе го користите за пријавување на семестри и испити, електронски индекс итн... Знам по нас лани, мене ми стигна меил со корисничко име и лозинка за i-know откако почнавме со предавања.
прелесно е, јас лани го слушав се учиод презентации негде 12 се за цел семестар мали се интересни, се прави проект со презентација и максимум се 20 поени од него и 10 поени дава од активност на час..да кажеш по нешто...не бара редовност...јас не идев на сите предавања на 5 да имам идено во цел семестар имам 9ка ...само од колоквиум максимум поени стоможеш да извадиш се 70...20 од проект..10 од активност....како и да е препрелесно е ..... а за АГРАРНА некој да не знае нешто
Си заглавив со изборен предмет. Дали може ако дојде до презапишување да го заменам со друг изборен што се слуша во истиот семестар ?
^ Јас кога студирав, не можеше да се смени предмет. Не знам дали е сега сменето. Мислам дека постоеше опција да се плати да го смениш, ама не сум сигурна.
http://www.eccf.ukim.edu.mk/Articles/News/167 Објавено е за пријавување на зимски семестар и колку треба да платиме. А зошто го нема во избор на задолжителни предмети финансиски пазари и институции?
Кај мене го има. Колку што знам на финансиски и на сметководство им е задолжителен, па би требало и кај тебе да го има.
Некој совет за макроекономија-предава Трајко Славевски, микроекономија-Николовска Наталија и политика на социјален развој-Христов Ристо...???
И јас не можам да го пријавам финансиски пазари и институции, а сметководство сум. Најверојатно проблемот е во iknow. Што се однесува до изборниот сакав да го земам демографија, но предавањата 2 дена ми се поклопуваат со основи на менаџмент. Од една страна Шуклев бара редовност, а од друга сакам да присуствувам на демографија за дополнителните поени. Што би ми предложиле да одберам друг предмет или да го земам демографија и да се откажам од поените?
^ Јас најверојатно ќе си го земам Трговско право, лани не го земав. Инаку вие што сте на смер сметководство и ревизија за проблемот околу ФПИ известете ја студентската служба. Сигурно ќе го решат проблемот со i-know системот. Не мора да брзате со електронското пријавување имате време до десети септември.
ај некој да ми кажи за финансиски менаџмент втора година за предметите: Финансиско сметководство дали е онака како не сметководство лани? Финансиски пазари и институции и макроекономија? Дали се бара редовност,дала даваат за нешто поени?
Sakam da prasam vo vrska so kreditite kako odi toa? Posto sea ke bidam prva godina i ne mi e bas jasno
^ Секој предмет ти носи 8 кредити, на крај за да можеш да дипломираш мораш да имаш освоено 240 кредити односно положено 31 предмет. Во еден семестар можеш да запишеш најмногу 35 кредити или ако имаш просек над 8.5 можеш до 40 да запишеш А за плаќањето по кредити за вас сека во прв семестар не важи, фиксно ви е 100 евра за државна и 200 евра за приватна квота Друго нешто ако сакаш да прашаш слободно пиши ми ЛП.