Можно ли е да се поклопуваат предмети или до распоредот е? Деловна етика и Математика за економисти се поклопуваат во понеделник. Двете се од 8 до 10. (За прва година ова)
Може да се поклопуваат. Математика не бара присуство и немаш потреба да идеш а деловна етика незнам не го имав тој предмет
Кое издание треба да бидат збирките и таблиците математика? Ми рекоа дека Драге прифаќал издадени од 2008 па навака.
Јас како што знам Драге секоја година вади нови збирки, а едно од друго издание се разликува само по корицата и евентуално неколку задачи, но тоа е незначителна бројка. Многу јасно дека него повеќе би му одговарало да се купува најновото издание, но не прави проблеми ако имаш постаро издание. Најважно е да бидат оригинал.
во колку часот треба во понеделник да бидеме таму и ке имаме ли предавања или...? ке ми објасни некој пошироко
Во понеделник треба да бидете таму во 11 саат и само ќе ви ги поделат индексите а на предавања ќе си идете од вторник споредот распоредот
Едно прашање За изборен предмет сакам да прашам дали некој го имал аграрна политика ??? Да ми објасни каков е тежок лесен итн колоквиумите на заокружување се или на пишување.? Однапред благодарам..
Прва година сум и го земав трговско право за изборен. Знае некој да ми каже колку пати неделно ќе имам предавања по овој предмет?
Според мене немаш потреба да одиш на трговско на предавања, џабе ќе тепаш време, за тоа време можеш дома да си подучуваш. Е сега викаат лани кажувала на крај прашања од кои некои се паднале на колоквиум, јас незнам за тоа затоа што на предавање бев само на првото и последното за потпис, мада истите тие прашања и во либро ги имаш
Dali ima nekoja feminka so prodava knigi makroekonomija, mikroekonomija i politika na socijalen razvoj...???
Утре имам прв час во 8 часот. Во колку треба да отидам да си фатам место и што ако закаснам или нема место може да се остане на час или не? Поглупави прашања не можев да поставам.
Не се секирај и јас првите денови бев луд збуњен нормалан Ако си од 8, 15 за 8 глеј да си таму, а и да закасниш не е проблем можеш да останеш на предавање не е проблем тоа И ајде со среќа со лесно да ти оди
Не се глупави воопшто и мене истото ме интересира ,сосема е нормално вакви прашања да поставуваме ние од прва год..дур се вклопиме
Зависи што предавање имате Ако е економија, ќе биде фул уште пред 8. Принципот е - кој прв дојде, фаќа место за сите Инаку 8.15 ќе ви почнат предавањата, така се скоро сите, ако пишува 8 точно
Јас не сум на економски ама и на факултет е вака како во основно, со фаќање места и други глупости? Да не треба на секое предавање на исто место да седиме, или да чекаме професорката да не распоредува каде Кај ќе биде слободно таму седнувајте.
Можда малце глупо прашање али бруцоши такви сме,изгубени...Прва година сум сметководство и ревизија и го избрав трговско право за изборен..И сега на распоредот гледам најдоле дека е во вторник и четврток од 4 до 7 саат...Тоа важи за нас така?Дека најдоле ги пишува изборните под распоредот на четврта година па ај...да прашам И треба да се седи сите три часа утре?:/