Кога сме веќе кај Таки и јас сакам да прашам дали има потреба да ја носам книгата на предавања ? (заради мои интереси дали подобро ќе научам, знам дека не бара да ја носиме)
Јас можам да ви кажам лично за мене - бидејќи бев е-бизнис, предавањата ни ги држеше проф.Владимир Филиповски, ама од љубопитност затоа што сите ги фалеа прадавањата на Таки, отидов 2-3 пати кај него. Луѓе заспав! Го разбирав што објаснува и навистина супер објаснува, ама секогаш има премногу гужва кај него на предавања, а јас така не можев да се сконцентрирам. Што се однесува до книгата, мислам дека можеш да прочиташ тоа што предавал истиот ден, за да сфатиш од каде ги вадел примерите, што всушност раскажувал. Според мене нема потреба додека предава ти да пратиш до кај е, да подвлекуваш и слично. Можеш да си фаќаш белешки во тетратка, што знам. Ама ова е според мене, нека кажат останатите како си поминувале кај Таки, јас слушам секогаш позитивни коментари за неговите предавања, иако мене не ми беа интересни Исто имав и Претприемништво кај него, и истото ми се дешаваше ко со Економија
Јас кај Таки редовно одев на предавања, и ептен го разбирав. 60% на предавање учев, дома читав само, сериозно. И баш успевав да го научам како што бара со разбирање а не на памет и еве 9 извадив. Јас ви препорачувам да одите на предавање, а книгана нема потреба да ја носиш, подобро прати го убаво сконцентрирај се ќе видиш многу лесно ќе го разбереш
Ако си заспала кај Фити, цел факултет си го поминала во спиење. Ретко некој така да објаснува ко него, башка со тој ентузијазам тој што го има. За првачињата, одете кај него на предавања, барем ќе видите солидно предавање на факултетов. За Демографија мене ме интересира, што е со презентациите, групи слушам нешто? Нека ми објасни некој ако може, тука или ЛП.
Ајде колешки помогнете ми во врска со тоа КОГА се купува потпис? Сакам да купам по еден предмет во овој ЗИМСКИ семестар и баш тука имам дилема околу тоа. Прв колок. ако ми е положен и втор колок. положен најчесто пред втор колоквиум даваат сите професори потписи (крајот на декември)и сега јас ако сакам да го купам тогаш да одам со уплатницата од 500 денари на студентски истиот ден кога професорот кје ги дава потписите? Бидејки нели доколку го положам втор колоквиум без потпис за извршен обврски неможам да си земам оценка? Многу колеги кажуваат дека тоа се прави кога се заверува семестарот (во случајов зимскиот семестар во Јануари). Но тоа е под услов да одиш на испит во јуни или???? Ве молам за одговор.
Имам напишано и во претходните страници, изборен предмет се менува со молба, и ако ти е одобрена се уплаќаат 1000 ден. Откако се почнати предавањата и откако веќе си го избрала предметот не знам дали може да се смени, прашај на студентски. Ако не ти се оди до студентски, пиши и мејл на шефицата на студентски, веднаш ќе ти одговори. Мејлот го имаш на страницата на факултетот. Потпис се купува кога го заверуваш семестарот, кога ги поднесуваш сите документи за заверка, поднесуваш и уплатница од 500 ден. Нема врска дали предметот ти е положен/неположен, на колоквиуми или испит. За да можеш да завериш, мораш да имаш потпис. Сега нема потреба уште да се секираш за тоа. И не разбирам зошто сакаш да го купиш, ќе го дадеш индексот кога ќе дава потписи професорот.. Ако не си тука, дај го на некој колега/колешка, не мора секогаш лично да се оди, а и не пуштаат сите професори списоци од кои ти зависи потписот, само Шуклев тоа го прави
За потпис се плаќа само ако не земеш потпис од професорот во дадениот рок, затоа што нели без потпис не можеш да завериш семестар (а заверката се врши по завршувањето на семестарот). Потписите се даваат последната недела од предавањата во семестарот, односно неделата пред вторите колоквиуми. Значи како што кажа колешката погоре доколку се случи по некој предмет да не добиеш потпис од професорот плаќаш 400 или 500 денари по предмет и уплатницата/ите ги носиш на студентски кога го заверуваш соодветнот семестар.
Датум за оценка закажува професорот, после полагање на колоквиумите, или после испитна сесија. И да не ја земеш на закажаниот датум, професорите ја чуваат оценката и можеш да си ја земеш во нивното приемно време. Уште еднаш ќе прашам, ако не прочитавте погоре, кое издание Основи на Менаџмент треба годинава?