јас не идам на предавања а гледам тука сте пишале за семинарска.... мора да се направи или нема врска, кој како сака??
Би ви била многу благодарна ако некој од вас се потруди да ми даде одговор на некое од овие прашања по монетарна економија од професорот Шајноски 1. Како инфлацијата влијае на кредитните пари и ако си корисник на кредит дали ќе бидеш во загуба или во добивка и како заемодавателот ќе се заштити од загуба? 2. Дали во Македонија постои стопанска или монетарна рамнотежа. Елаборирајте го тврдењето.
1. Инфлацијата е состојба кога паричните фондови ги надминуваат стоковните фондови, парите ја губат својата вредност, доаѓа до подигање на општото ниво на цени. -Од доверителите кон должниците на кредитот.. Значи оние кои што се корисници на кредитот (должниците) во услови на инфлација секогаш се во добивка. Доколку дојде до инфлација, неочекувана, ќе дојде до пораст на цените, парите помалку ќе вредат...а ратата која што ја има корисникот на кредитот останува иста.. На пр. должникот должи 100 000ден, годишната рата е 10 000, ако дојде до неочекувана инфлација ратата и натаму ќе остане 10 000ден кои заради инфлацијата помалку ќе вредат и плус примањата на должникот ќе пораснат (во услови на инф. работниците се изборуваат за повисока плата) и полесно ќе го врати долгот.. Доколку истата таа неочекувана инфлација потрае подолго време луѓето ќе почнат да ја предвидуваат, да ја вградуваат и да вградуваат надомест за инфлацијата по каматите (каматните стапки) и во тој случај доверителите ќе бидат заштитени...
Дали некоја од колешките посетува предавања кај Славе, статистика или да не знае некој кои лекции и што треба статистика од 14 глава? Однапред ви благодарам
Па поминавме а како.. ќе видиме дури на 12 мај Ама мислам има за поминување ахаха Не беше мн тешко, скоро се од скриптата беше, ама уште да ја имав убаво научено.. тоа набројувањата каша попара ми беа во глава Еве од прилика што имав: кои се квалитативни методи, активности на методот на бодирање, кое е помошното време (понудените што беа не беше ништо од скрипта xD), за релативно фиксните трошоци дали се намалуваат, се зголемуваат...при преминување од една во друга зона, дегресивнита трошоци по единица производ дали се зголемуваат или намалуваат, што се гранични трошоци, кои се калкулации според методот на составување, за direct costing методата и со неа нешто во врска дали се зголемува или намалува, како се изразува квалитетот на економијата, кои се фактори на продуктивност според потеклото, кои се ексерни факотри, облицита на резултатите на функционирање.., кои се расходи од финансирање, од што произлегуваат приходите од финансирање, системот за добивка..што треба да се покрие со него.. Тоа ми текнува )
Леле вика толку паметам, ти цел колоквиум ми го напиша, за ова имас Мрси само уште да знам која си и на која адреса да ти го пуштам убаво ќе беше Благодарам мн мн најмногуу
Хахаха па кога ќе ги прочиташ по едно 10 пати прашањата сигурно ќе запамтиш нешто повеќе.. Ништо, повели и др пат, супер ќе биде ако ти помогне ова е тогаш ќе се снајдеме за адресата и за тоа што треба да ми го пуштиш преку неа хехехе мала шала :Д
Уф.. и тоа многу ми помогна...ајде во вторник ќе те известам што сум направила...па ќе ти пратам едно мерсии
Хаха, Ем4е си била 1ва група како и мене Но Миљкович, немој да се зафркнеш, вака навидум изгледа лесно и едноставно и најважните работи, но има мн збунувачки работи. Како на пример, Приходи од финансирање што се и има понудено дека произлегуваат од финансиски трансакции, и можеш да се залеташ и само тоа да го прочиташ и да не продолжиш понатаму, а понатаму имаше и уште дека не произлегуваат од основната активност на претпријатието... Имаше доста замки, ама беше се од скрипта. Со добро научена скрипта, концентрација на ниво, и можеше и 100ка да се извади, ама ќе видиме...
Женски верувам сте пријавувале испити па ми треба информација. Колку пари му доаѓа за една пријава + таксена. Колку пари е пријавата со уплатница, и колку зимаат во банка за една таксена марка со провизија (дека нели за секоја таксена парка посебна уплатинца).....Сакам да си направам математика пред да идам да купувам и да уплаќам
јас не сум на економски ,така да не знам за испит колку се плака .Пријава ти е 30 ден,за таксена марка уплатница со провизија во ТТК банка земаат 60 ден.