Некоја постара колешка да ми објасни пошто рекоа дека не треба дефиниции и набројуванки по ФПИ него по логика као суштината да се сфати , како тоа да учам не ми е јасно ? Пошто нели логички прашања ке има ама па веројатно јас ке треба да знам некоја дефиниција или набројуванка за да одговорам.. стварно не ми е јасно ?
Ако мислиш дека тоа ќе ти помогне - учи, ама ќе видиш дека нема да ти треба. Читкај си се, ама не бубај. Никаква дефиниција, набројуванка и сл. нема да ти се падне. ФПИ и Меѓународни финансии е така кај Михаил, додека Јавни финансии, заради самата природа на предметот бара и малце бубање.
Абе трговско право од што учите... Некоја колешка од претходните години нека сподели искуство како било дали треба и до книга.. Какви се прашањата бара детали или?
Ќе учиш од презентациите највеќе зашто повеќе од 50% од прашањата од таму ги вади, со 1 точен одговор е, ако можеш земи ги прашањата од Либро/Зоки, таму има прашања што се паѓаат кои ги има во учебникот, ама не и во презентациите. Ако имаш време прочитај и во учебникот, затоа што доста прашања има кои ги нема во презентациите. За ФПИ стварно не ми текнува што прашања имавме на 1 колоквиум (јас полагав пред 2 год.), ниту што беше материјалот.. За втор знам имаше прашање: Во кој/и случај/и премијата во животното осигурување би била највисока? Имаше повеќе дадени одговори, а точниот беше доколку сте алпинист. Имаше отворени прашања 1) задача да се пресмета нешто (за втор колоквиум има 2-3 формули кои треба да се знаат за принос и сл.); и 2) обавезно имате прашања во стилот: доколку ти си министер за финансии/гувернер на народна банка/директор на банка ...
Да да ги земав и од либро прашањата . Инку има ли прашања и за овие дургиве системи или само за во Македонија ?
Може ли некој да ме просветли, што е со прашањава ФПИ од Либро, некои се океј, ама некои немаат врска со тоа од книга, сериозно дека такви дава?
ФПИ јас полагав пред две години и искрено и сама на себе се чудам како положив... Таков е професорот што бара логика во прашањата, а најчесто се некој прашања ни видени ни чуени...Мислам прашањето супер поставено ама одговорите катастрофа, она бара убаво размислување...Некако ги поврзува работите од една тема во друга! Јас кога полагав ниту едно прашање не ми се падна од либро, еднисвено што можам да ти кажам дека учи со разбирање и со логика, гледај да ги поврзуваш работите.(Ако тргнам од мое искуство јас ФПИ само го прочитав и толку беше- ама не се ослонувај на ова зошто мене др ми беше планот сакав да го оставам на испит ама ете положив на колоквиуми)
Дали е доволно да се учи сметководство само од прашањата од либро и од прашањата што се на крајот од секоја тема во збирката за да се помине? Некои викаат дека давале тешки и зезнати задачи на првиот колоквиум, а нас ни рекоа дека задачи нема да има. Точно е ова?
Не океј тоа со логиката, мене така ми е полесно него набројуванки на памет, ама имаше некои прашања што стварно ги нема работите во книга... Ме фркна глава кога ги видов Затоа мислев дали такви дава стварно...
Искрено тешко ми беше мене. Ништо не ми влагаше во глава од тие презентациите. Математика и економија ми беа полесни од трговско и мислам дека ќе сум единствената што ќе падне трговско...
Ниту мене не ми беше баш лесен колоквиумот трговско. Имаше доста зезнати прашања. Дури и колоквиумот по макроекономија ми беше полесен од овој.
И мене ми се виде малце зезнато трговско Ми се паднаа многу прашања што ги немаше ни во презентациите ниту во скриптата. Памет за друг пат да си учам од учебник.
ke moze li nekoj od postarite generacii da mi kaze nesto vo vrska so prviot kolokvium po osnovi na smetkovodstvo?:/sakav na ispit da go ostavam ali aj si rekov da citnam nesto denes i utre ,dovolno li e od kniga da se uci i prasanjataod libro ili i zbirka mora ?:/..fala odnapred