Зависи за да поминеш можеби и би било доволно, ама сепак без збирката и задачите тешко. Инаку за задачите е многу корисно да се иде на вежби,барем мене многу ми помогна минатата година тоа. Не знам што да ти кажам,обиди се, али мислам дека на испит би ти било подобра опција.Лани на испит беше полесно,се падна нешто и од колоквиум и мислам дека резултатите беа подобри одколку на колоквиум,а ќе можеш сега да се фокусираш на другите предмети.
Инаку тоа трговско сите збореа као демек лесно лесно лесно се поминува со презентации само незнам што... Може било лесно кога ги правел професорот прашањата, а сега оваа Ангела многу се занесува како да сме на правен па мора да знаеме детали или како да ни е задолжителен
На прв колоквиум имаше некое ситно книжење знам со жиро сметка нешто и две три надоле поврзани, и од задачи тоа мислам само.. Такви работи мислам има и во прашањата од Либро, а на втор колоквиум има повеќе Фифо, Лифо, набавна вредност, уште некое книжење ( кредит-дебит) и тоа.. Ама одете на вежби корисни се многу, и немате гајле
Да да иам мнгоу слушано дека 1виот бил многу лесен и дека се пагало све од либро. Ја иам малку учено па се надевам дека ке го стигнам до среда па и не е многу страни околу 100тина. Ајде уште тоа и толку..
Абе сеа.. баш се лани не се падна.. онака ептен на граница за положување.. Учи си и од збирка за да рабереш, па ако изненади со не-Либро прашање да знаеш да го решиш
Како се формира една оценка? На пример сега економија имам 54 бода и на следниот колоквиум ако имам толку што оценка ќе имам?
Јас сум задоволна од економија Само ако знае некој нека ја пише бодовната скала (од колку до колку бода е 6,7 ... само знам дека над 34 се поминува)
Бодовната скала не се знае однапред кај Основи на економија. Треба да помине вториот колоквиум и најчесто според вкупниот број на освоени бодови на најдобрите се составува скалата. Не знам какви се резултатите на првиов колоквиум и какви ќе бидат на вториот оваа година. Кога би биле слични на оние лани, на пример со 54 бода на двата колоквиума, вкупно 108 би имала оценка 9.
Колешки да не има некој случајно прашања за прв колоквиум Финансиски Менаџмент да ми прати???Однапред благодарарам..
Ако може некоја од постарите колешки да ми каже нешто околу првиот колоквиум по Основи на е-бизнис? Фала однапред
Ако некој знае нешто за колоквиум Економски раст и развој нека ми пише во ЛП. Тешко ми се виде ова. Утре се полага, а јас сум во бунило