Ке може ли некој од постарите генерации да ми каже какви се вторите колоквиуми трговско пр.и основи на економија? фалаа однапред!
Трговско лани на втор паднаа повеќе од пола прашања од тие од либро, и економија исто во моја група ми се паднаа доста од тие што се вртат низ групиве колеги ваму таму.. Али економија посигурно ти е да си учиш пак од книга, исто е концептот, логички, на заокружување со два точни економија, и еден трговско
Па незнам што да ти кажам, лани мене сите ми викаа дека втор е потежок, а јас извадив повеќе поени него на прв.. Оди редовно на вежби помагаат ептен, тие работи што ќе ги вежбате, тие паѓаат, лани во некоја од групите постираа задачи едни што се паднаа истите, сега ги барав ама неможам да ги најдам Имаше од тие фифо, лифо ама со прашалник измеѓу прашајте ги на вежби да ви објаснат такви мислам дека се паѓа обавезно, во секој случај не е тешко. Има по некое книжење.. Од либро не се сеќавам дали паднаа мислам дека не, освен тие т/н беа од таму се едни се вртат, и тоа
За тие што не знаат да ве известам дека утре во 10 часот ќе има повторно увид Економија во канцеларијата на асистентката Билјана.
Kолешки би сакала да ве прашам дали некоја проба да пријави предмети за декемвриските колоквиуми? Се најавив на IKNOW, но во делот за пријави кај мене стои 2012 декемвриска колоквиумска сесија, а за 2013 освен август-септември сесијата нема ништо обновено. Дали и кај вас е така?
Што бидна со резултати финасиско објавени ли се некаде по нет? Гледам веке почна пријавувањето за втор кол. јас уште резултати неможам да си видам И уште нешто...дали и тие предмети што ни се за на испит треба да ги пријавиме како втор колоквиум, знам дека имаше посебно пријавување за јануарска... Леле како да сум од вчера на факс а не некоја си година по ред ц ц ц, но секогаш се бунам на оваа незнам зошто
Колешке и кај мене е така, ама нема место за паника. Пишува дека пријавувањето започнува на 15.11 а завршува на 06.12.2013, така да до задутре сигурно ќе го овозможат пријавувањето и опција за декемвриска колоквиумска сесија 2013/14. Имаше денес резултати на факултет на огласна табла а ги имаа ставено и во некоја од групиве на фб. Инаку сега треба да ги пријавиме предметите што ќе ги полагаме на втор колоквиум а пријавувањето за јануарска испитна сесија ќе биде посебно.
Студентите од 1 година треба да одат на систематски, па ако може некој да каже од што се состои тој преглед? Ми кажаа дека воопшто не ги прегледувале туку само им ставале печат, точно е?
^ Точно е колешке. Инаку се состои од анализа на крвта, општ преглед и преглед на забите. Кога бев јас пред 2 години, имаше на некои им земаа крв а мене лично само печати ми ставија сите.
Колешки пак јас. Пријавив предмети на Iknow, наредниот чекор кој е? Треба да поднесам и физички некакви пријави?
Да на самото полагање ке однесеш пополнета пријава со уплатница од 50ден. Нормално за секој предмет посебна пријава, која се купува во книжара. Претпоставувам дека си прва па затоа малку повеке објаснив
Ке може ли некој да ми препорача добар професор по математика,одев кај една јас ама несум мн задоволна,првиот колоквиум не го положив па сега за испит ми треба да ме научи добро..
Баже! Он држи часови и за испит, јави му се уште сега треба да има место Сигурно ќе те научи како што треба, се што треба ќе ти каже, и ако решаваш дома нормално ако не џабе он што и да направи..
Колешки ми треба помош За семинарска ми е работата, не знам како да ги објаснам оваа организациска структура со зборови, значи ме буни, ако знај некоја нека ми пиши лп да ми помогни малку. Однапред многу Фала.
Оди кај Баже, од 15ти декември мислам дека почнува со испитните часови. 99% е дека ќе научиш кај него и ќе положиш.
Колешке и јас имам едно прашање.. математика бидејки ке го полагам во јануари на испит, сега треба да го пријавам?
Не, сега се пријавуваат само предметите по кои ќе полагаш втор колоквиум. За јануарска испитна сесија ќе си има посебно пријавување.
A jas da prasam, bidejki sum vonredno vo sredata 13.11 nemase matematika predavanje bidejki se odese na Vodno, a vo cetvrtokot imase proslava dali i toj den voopsto imase predavanje? Inace sum na departman smetkovodstvo i revizija i vsusnost me interesira dali voopsto pocnal so predavanje na taa grupa odnosno sreda od 10-12 i cetvrtok od 12-14