Ќе може ли некоја феминка да ме упати повеќе за се во врска со факултетов? Ги гледам катедрите на страната на факултетот на интернет, па ако може да ми кажете за некој на кратко. И што предмети се учат исто така? Ви благодарам.
За финансиски менаџмент смерот можам најдобро да ти кажам затоа што сум таму.. Ако ти оди логичко учење, со разбирање тогаш океј ќе ти биде. Нема набројуванки на памет, според мене се учат доста корисни работи, има интересни предмети како банкарство, банкарски менаџмент, јавни финансии, лични финансии и така натаму ( ги имаш детално сите со објаснување на сајтот), се на се јас лично сум многу задоволна од смеров, ама секој индивидуално. За тешко, сега за сега не ми е ќе видиме понатака Менаџмент , по новава програма има некои доста потешки предмети од Финансиски менаџмент, како управувачко сметководство, Менаџмент итн. Вака што се учи подетално да ти кажам незнам, освен дека има милион набројуванки кои после полагање никој не ги памти така да не ми е јасно зашто се учат али ете. Има и интересни предмети, се зависи од тоа што те интересира, на Финансиски ти се бројки, графици повеќе, а на Менаџмент по теоретски работи. Надворешна трговија според мене е најлесен смер, има предмети што се полагаат на пишување ама не е проблем тоа, сега за предметите незнам што да ти кажам, мене не ми се интересни затоа што не ме интересира тоа, али имам другари што се таму и супер им оди, така да кога ќе видиш се е индивидуално. А да, во прва сите имаат исти предмети. Ако уште нешто те интересира слободно пиши ЛП
Нека се јави некоја колешка од финансиски м. да ми каже претходната недела макро делеше ли тестови и овој понеделник дали подели?
Има некој од 1 година да ми каже како помина на систематски? Позади Кузман се наоѓа, така? И таму дали ве боцкаат и во колку саат да бидеме таму ?
Може да се оди од 07:30 до 12:00 часот. Клиниката се наоѓа на паркингот позади студентскиот Кузман. Влези во студентскиот и прашај на рецепција ќе ти кажат каде се наоѓа точно. Ако сакаш може да провериш крв (земаат крв од прст и веднаш даваат резултати), ако не сакаш ќе земеш само печати. Треба да имаш вкупно 4 печати во индекс.
Јас би сакала да ги прашам постарите колешки дали скалата за оценување по било кој предмет е фиксна, или зависно според постигнатите резултати на студентите (како на пример што е случајот за матура)? Овде има таква можност или зависно до професорот, предметот?
Бодовните скали не се фиксни, туку мислам се формираат според најдобриот. Лани сметководство беше: од 172 - 10 154 - 9 136 - 8 116 мислам беше за 7 Економија не сум сигурна, но 10-ка беше од 114, 9-ка од 100...
Па зависи има нови прашања, но има некои и кои се вртат како на пр. за биланс на банките, прашањето за опција, потоа нешто за пензиски фонд имаше...друго не ми текнува, но првите две што ги наведов највеке се повторуваат.
Ајде некоја од постарите колешки дали има врска ако идеме со други на вежби се пракаат некој списоци нешто или?
А по колку отворени дава, и дали треба да се разкажува поопширно нешто или на кратко мислење да се даде? Инаку нема врска ова, не водат никаква евиденција, јас цело време со други одам и лани и сега
Може некоја да ми каже каква беше бодовната скала финансиско сметководтво лани, каков е втор колоквиум и каков е испитот?
Sakam da prasham dali na ispit smetkovodstvo i ekonomija e polesno, zoshto site vikaat deka na 2 kol bilo poteshko ?