За кого како. Мене лани вторите колоквиуми по овие два предмета ми беа полесни, а и извадив повеќе бодови отколку на првите, додека пак на доста колеги им се чинеа потешки. Се зависи од тоа како ќе научиш и колку добро ќе го совладаш материјалот. А за испит не можам да ти кажам мое искуство, но имам слушано дека испитите по Економија и Сметководство биле нешто полесни од колоквиумите и се паѓале доста прашања од копирниците. Ама ако ги имаш положено првите колоквиуми те советувам да одиш на вторите.
Нешто за математика втор колоквиум? Некој искусен да ми каже задачите од збирката се паѓаат или некои научни фантастики ?
Лани на вториот колоквиум мене ми се падна една задача од збирката од видот влогови и ренти и тоа решена. Кај задачата за амортизација на кредити знам се бараше период на отплата, имаше такви слични во збирката, но не исти. Додека пак изводот беше малку чуден и мислам дека немаше такво нешто во збирката, барем јас во задачите што ги вежбав немав сретнато таков.
^ Еден совет само за математика.. задачите што ќе ви се паднат од збирка решени ( ако се падне некоја) не ги препишувајте скроз исто затоа што не дава поени, една другарка така ја препиша и не и ја призна..
Што се случува со изборните предмети на страната на економски? Отварам сега и гледам сите што беа во летен се ставени во зимски семестар и обратно.. некоја грешка е, или некоја најнова програма им е ова?
Ако сака некоја колешка да каже нешто повеке за вториот колоквум МАКРО. Се паѓаат ли прашањата од тестовите и од либро? На првиот се паднаа доста, со нив и едно на пишување што одговорив положив.
Bi sakala da prasam, bidejki sum vonreden student, da mi kaze nekoj od redovnite studenti FPI za vtor kolokvium sto treba da se uci,odnosno do koja glava zasto na zephyr prikaceni se samo do 13-ta glava?
И мене ме интересира истово, и за финансиско сметководство.. Лани за основи знам беше по највисоките бодови, за финансиско исто е?
Макро е фиксна изгледа, а финансиско претпоставувам како лани што беше Мене ме интересира дали некој знае дали по демографија има можност да направиме некаков проект за дополнителни поени,без обврска за презентација?
^ Неможе, единствено со презентацијата дава поени 10 мислам... Инаку кога сме кај демографија веќе, води некоја евиденција за присуство? Он на почеток рече дека нема да пушта списоци, ама да не му текнало нешто во меѓувреме..
Има некој да ми каже во врска со Меѓународни финансии и Економски развој за втор колок. Некое искуство,лесно ,тешко,што даваат,како даваат и сл. Се би ми било од корист ))
Математика денес давал потписи на предавање, ама јас не бев, па дали може да одам утре кај него да земам или да одам кај другата група на предавање и кога ќе им дава нив да земам и јас? И дали може некој друг да ми земе потпис со мојот индекс?
Математика можиш да земиш потпис в четврток во 8 имаме предавање. Само ги оставале индексите па тој ги земал сите и ги враќал со печат. А да не имате информација кога по другите предмети ( сметководство, трговско и економија) се земаат потписи ?
Трговско во вторник или четврток. (ова го прочитав по групите). Економија следна недела. Најдобро оди си на сите предавања наредната недела.
А математика од 12 до 2 во четврток ке дели потписи или само од 8 до 10 на сите? И ако имате некоја информација кога ке даваат по финансиско смет. и фпи?
^ Па би требало и од 12 до 2 да дели математика, пошо вчера давал и на другите смерој каде што имал предавања Туку да ве прашам пошо јас сметководство не бев на колоквиум, го оставив за на испит.. Сега треба и сметководство да земам потпис или кога ?