Вчера збореа за тоа и викам ај да и ги запишам и еве денес веке ги нема. А што со тие што не ги запишале?
Во една група на фб многу се имаа пожалено за истово и некој имаше пишано дека нема врска ако ги немаш... а и од постариве генерации ми рекоа дека може и без нив, па ке видиме...
Не се потресувајте, така е секогаш, се губат пријавените од колоквиум затоа што има ново пријавување за истит. Ако се изгубени, ви важат пријавите И од следен пат практикувајте да си ги запишувате негде бројчињата уште кога ќе пријавите
Ги има ли некој тестовите за домашно што ги дава од 12 до 16 глава по МАКРО да ми ги прати? Секако ако ги имате и одговорите би биле добро дојдени
Ај ве молам ако може да ми кажете по некое искуство од полагање на вториот колоквиум по математика? Тешко/лесно во споредба со првиот кол.? Се паѓаат ли некои задачи од збирка? И дали има врска редниот број од листата на положени од прв кол.? Какви задачи вас ви се паднаа?
Женски на некоја да не ви текнува да ми кажете лани што се падна на втор колоквиум финансиско сметководство од прилика?
Колешки ве молам да ми каже некоја како е сметководство и математика на испит? И дали сметководство треба да ги учам прашањата од Либро кои се за 1 и 2 колоквиум или продаваат во Либро посебни прашања за испит? Фала
Математика на испит има 6 задачи, геометриска/аритметичка, веројатност, матрици, извод/интеграл, влогови и ренти и амортизација, и две теоретски тие носат по 5 бода. Е сега, мене лани на испит не ми даде веројатност туку место таа, имав задача за проста камата, така да се случува и тоа. Во другата група исто знам, бином даде. Значи тие се тие отстапувања да кажам што си знае да ги направи. Во превод - учи се. За потешко полесно незнам, јас мислам дека е иста тежина, не приметив некоја разлика дека имаше многу потешки задачи одколку на колоквиуми што даде. Се положува со 3 решени, со 2 ипол (или евентуално 2) може да те пушти на дополнителна. Сметководство незнам како е, на колоквиуми положив ама прашањата се истите, нема посебни за испит
Освен трговско право дали и на овие другиве предмети ако паднеме 2 може да полагаме порправен? Дали објавуват резултати до крај на декември?
Макроекономија бодовната скала е фиксна над 81, 91? И дали ги собира поените од колоквиуми,ги дели си 2 па потоа ги додава поените од домашните?
Знам дека е многу глупаво прашање ама сепак да си прашам Каков е вториот колоквиум по трговско право? Искрено, првиот ми беше тежок мене. Математика и сметководство подобро поминав отколку овој предмет. Од ланската генерација ако може некое искуство да споделите.
Лани на втор се паднаа доста прашања од либро, повеќе од пола може беа од таму.. Мене лично не ми беше тежок, повеќе извадив поени одколку на прв
Колешки тоа што немам сеуште потпис трговско право, ќе ми направат нешто проблем понеделник на полагањето или потписите ни се само за да можиме да запишиме втор семестар ? Бтв ако има некој е-маил од професорот или асистентката по право нека ми го пиши
Предавањата од летниот семестар почнуваат на први февруари, а годинава на трети ќе почнат затоа што први е сабота.